Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК за хаштагови за чист воздух на фб сите се првиии, и сабајле со количките на работа сите брм брм,
    кола по кола ете ти 70% од воздухот загаден. И после Цацко ни е крив,
    е бреее македонци можат во Данска, Белгија, Холандија и секаде да одат на работа со точаци и пешки, а ние фраерите не можеме,
    оти сме фаци бе брат, на точак не ќе ми се смеат сите.
     
    На cresa-jagoda, toogood, kala21 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Само бадијала се прави трошок на Јсп никој не го интересира воздухот,незнам што бадијала кукате кога никој нема свест.
     
    На toogood и biGirl им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Во нашава држава колку и да се направи добро за народот,секогаш ке постои одредена група на луѓе кој ке плука по истото.За овој народ фали Хитлер,само сапун правење и да не нема како нација,се додека едни на други си вадиме очи за банални работи,никогаш нема да не биде како народ.
     
    На Adele86, toogood и elimkd им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.238
    Пол:
    Женски
    Чудни,тешки,нејасни, напати нелогични и невозможни се Божјите патишта, но секогаш праведни. Секогаш!
     
    На cresa-jagoda, vitamina, toogood и 6 други им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Чувството кога сфаќаш дека не ти недостига некој одреден човек, туку ТИ САМИОТ си недостигаш од тој период кога си бил насмеан...

    Сфаќаш дека самиот на себе си недостигаш да бидеш пак среќен.

    [​IMG]

    Мозокот еруптира!

    Зар од други луѓе ќе ти зависи среќата?
     
    На Avery, cresa-jagoda, vitamina и 20 други им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    52.182
    Пол:
    Женски
    Да, баш никој не го интересира воздухот. Никој.

    |(
     
    На cresa-jagoda, Priroden, kjukli и 23 други им се допаѓа ова.
  7. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    СТОКА НА ДЕНОТ!
    "Белото возило го блокирало влезот на болницата и итната помош не може да однесе итен пациент до ургентно."

    Паркингот пред болницата во Битола е под концесија на Градски Паркинзи-Битола: На секое возило што влегло му се наплаќа според време на паркирање.
    Но, кога паркингот му беше доделен на Градски Паркинзи пред 2 години, се обврзаа да го уредат просторот, да обезбедат и обележат паркинг места, да направат ред и да гарантираат безбедност на возилата.
    Наместо тоа денес има: необележани места, кратери на асфалтот, тотален хаос во паркирањето, неисчистен снег, коли оставени по тревници, в парк, в кал и никакви гаранции за безбедноста.
    Затоа вакви ситуации се секојдневие: Цел двор празен, а пред болница хаос, оти сите паркираат до влезот. Пациенти, вработени, итна помош и таксисти што носат болни и стари едвај стигаат дo болница. Па уште неисчистен снег и стоки како овој (а ги има да ги риниш со лопата), оставаат коли сред улица, блокираат влезови и никој не се секира за тоа.

    Дворот е узурпиран јавен простор. За користењето на тој простор што е нивен, граѓаните му плаќаат на газда што инвестирал 300 евра(две рампи и две бараки). И за возврат не нуди ама баш ништо. Ова е исто како да му текне на комшијата да стави рампа на вашата заедничка улица и да почне да ви наплаќа патарина. Онака, за да извади паричка и да не седи дома. И ако се распадне асфалтот, ако прегори уличното светло, ако некој ви паркира пред куќа, тој, комшијата, не сноси никаква одговорност. А вие без приговор му плаќате патарина и си молчите за да не се замерите со него.
    Абе срцки сме. МаЌедончиња.



    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, toogood, Simplicity и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.626
    Еве баш ќе си ја прашам, дали ќе платам слободна за месецот кога ќе го укинат бесплатното возење...Ќе си ја прашам и дали некогаш пак ќе дадам пари воопшто за карта...

    Нека дојде контрола, они има да си го окркаат. Лична карта не давам, нека викаат полиција....

    Уствари не, може јас треба да викнам полиција оти ми украдоа 1,400 денари...
     
    На galapce, cresa-jagoda и Priroden им се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Како тоа ти украле кога бесплатно се возиш?
     
    На elimkd и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.626
    Ме тролаш или да?
     
    На cresa-jagoda и kjukli им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.517
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Уште од мала возраст имам слобода да правам што сакам. Со тоа, моите на некој начин ме примораа уште од најмала возраст да научам да се борам за себе, и одговорно да стојам позади секоја моја стапка и секој кажан збор. Ми вкоренија вредности кои и ден денес се дел од мене и ме прават тоа што сум, комплетна.
    Сметам дека завршиле добра работа и покрај неколкуте недостатоци.

    Само, дали тоа е причината за целата таа резервираност со која им приоѓам на работите? Дали искуството што го имам ми ги покажало сите лоши страни на животот, па веќе сум мастер за игрите кои ми ги дава истиот? До толку што сум научила што сѐ е важно, а што неважно, и повеќе не се задоволувам и уживам во она ситното и за мене небитно?
    Поради тоа ли ми е толку тешко да бидам среќна?

    Високо надпросечната интелегенција, начитаноста, прецизността и брзината не ме прават посебна, не. Но фактот дека натпреварувачки пристапувам на секое поле, избегнувањето на смол токс, (не)мешањето деловен и приватен живот, делењето љубезност само на оние кои заслужуваат, залагањето и трудот да се биде што е можно покомпетентен за светот на возрасните секој ден, доволен ли е за да бидам декларирана како самобендисана и нарцис?

    Не велам дека зрелоста и паметот се некаква казна, ама не за џабе постои закон на златна средина. Сѐ што е превише, е штетно само по себе.
    И обратно.
     
    На vitamina, eli25, anel и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Пфф :envy:, а ја еднаш најдов на една членка италијански филм со Џорџ Клуни у Барам филм. Само што, филмот ни беше италијански ни беше со Џорџ Клуни :rofl:
    Beat dat sisters :muscle: :D :~:
    Туку, вие што ненајавени одите на гости :| :^)...Explain yourselves! :nod:
    [​IMG]
    :d::drunk:
     
    На vitamina, 1209, Crna Dama и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Интересно е што загадувањето на воздухот кај нас секогаш е вина на некој друг.

    Оние што се греат на дрва викаат „Е како да не, до дрвата било, па ја цел живот се греам на дрва, зашто не беше загадено пред 10 години? Колку крш коли се изнакупуваа последниве години, они не загадуваат?“

    Оние што немилосрдно возат коли, дури и на најкратки можни релации, викаат „Е да бе, до мојата кола дошло. Колку згради се изнаправија во последно време, градов градилиште стана, затоа е загаден воздухот.“

    Оние што градат згради викаат „Како да не, што има врска мојата зграда со загадувањето? Па цело зеленило го испосекоа, после зашто било загадено.“

    Оној од Паркови и зеленило вика „Да бе, до овие 10 криви, исушени дрва е работава, сигурно. А фабриките што немаат филтри и што го трујат воздухот со којзнае што не се криви ич, нели?“

    Директорите на фабриките или мудро ќутат или плачат како работат на работ на економска исплатливост и како ако стават филтри ќе мора да ги избркаат сите вработени на улица, пошто немаштија е.

    ВМРО викаат криви се градочаналниците од СДСМ, СДСМ викаат криви се оние од ВМРО.

    И така доаѓаме до двете вистини за нашиов менталитет кога е у прашање загадувањето. Или е „Не сум ја крив, некој друг е“, или е „Ја како поединец не можам да направам разлика“. И тоа е тоа.

    Нема што да се направи, пошто ние не сме криви, а и да сме, секако нашиот удел е минимален, па нема поента да се замараме.

    И така, никој ништо не презема, а сите се жалиме на воздухот и очекуваме некакво решение за проблемов. Да ни падне од небо изгледа, пошто друго чаре очигледно нема.
     
    На Buttterfly, Giovanna, Avery и 45 други им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Oнa кoгa ќе се рaзбудиш oд пoплaдневнa дремкa и дoбивaш мини срцев удaр зaштo мислиш си се успaл зa нa рaбoтa/фaкултет. :drunk:
     
    На cresa-jagoda, vitamina, toogood и 24 други им се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Среќата е за храбрите. А јас не се плашам, иако моите ставови можеби не се согласуваат со оние на повеќето.И секогаш ќе се борам за она што го сакам, и се` што правам ќе правам со страст и ќе се вложувам без да се штедам. И понатаму баш како и до сега :)
     
    На toogood, Crna Dama, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  16. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    Лежиш на неговите гради после лавовско водење љубов и слушаш само тик-так, тик-так....
    Единствениот часовник кој не го познава времето и во истиот момент те издигнува до целосен мир и хармонија на сите сетила,на целото тело,на умот,бескраен душевен спокој...
    Лежиш така обвиена во жарот на таа прегратка и не допира ништо до тебе, во тој момент се гради ѕид помеѓу реалноста и тогашниот момент...
    Неописливо, дури и да ти подзавидат!
     
    На Doozy, cresa-jagoda, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    СДК дека го имам најдобриот дечко!
    Му кажав дека сме заборавиле да купиме вода (откако претходно бевме да пазариме заедно, а потоа јас отидов на работа).
    После пола саат доаѓа кај мене на рецепција. Носи и кацига со себе.
    Вели надоле е лизгаво, ама за тебе вредеше. Повели, вода!! <3
     
    На cresa-jagoda, toogood, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    48.111
    Пол:
    Женски
    Не бев добар пријател цимерче, те изневерив оти бев нем сведок на грешките што ги нижеше една по друга, немав храброст да ти се мешам во животните одлуки, да ти речам Еј каде брзаш, освести се, животот нема реприза!
     
    На cresa-jagoda, Salome и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.693
    Допаѓања:
    79.837
    Пол:
    Женски
    Молчењето, всушност, не значи дека немаме што да кажеме.
     
    На cresa-jagoda, toogood, ЕденЧлен и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Ееее еее ееее, Македонијооо .. центарот на центарот на светооот !


    Коце вели од утре сите бесплатно за сите граѓани во Скопје превоз со бус. Одлично. Но дали сето тоа е толку наивно ? Да не зборуваме за загаденоста но да ја пресметаме економската загуба/добивка на овој потег. Луге, сите што одат редовно на работа си имаат месечни билети кои се веќе платени, студентите сите си имаат годишни билети, пензионерите си имаат Вторници Петоци возења .. тие што одат со кола мора да одат со кола не сите автобуски релации те носат до работа. И за кој остана БЕСПЛАТНОТО возење ? Никој. дали 2% од лугето се качија повеќе во бус за кој навистина беше бесплатно. За другите исто, само што немаа потреба да ја куцаат картата која е однапред платена. Како по која случајност не знам, ама денеска на паркинг немаше ни 5 коли од 50. Апла празно, гледам сите во бус се качија. хахаха Ах бе Коце, коце ептен си дарежлив. Се прави некоја акција колку да се каже дека се работи на случајот.


    Веќе пишувајќи го зборот "воздух" и дека си го субвокализирам почиња да ме иритира. Ама озбилно.

    Вие се жалите за Кислород а Вучиќ у емисија им дава Хелиум на лугето .. !! Thug life :rofl:


    Онака според претпоставките, испосекоа дрвата, поголем број на автомобили од Германија кои не се еколошки многу корисни, изградија згради а според моја логика сега и нема услови за некоја циркулација на воздухот у просторов, ваљда и дека ладно се се задржува тука и се кога ќе собереш тука сме .. само да се отселиме од тука и ќе биде чисто :D


    ПозЗ3³ ®
     
    На cresa-jagoda, Gosh, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.