Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Банкиве ме скинаа.....Вчера ми вика 800ден за провизија,камата денес 1200ден за камата,а парите беа префрлени на 16.04.2014 за да се затвори кредитот и зошто не е затворен за пак да ми земат камата.Каматите ме растуриа...

    Пукам од нервоза. :@
     
  2. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Се чувствувам глупаво и не знам навистина што да мислам.
    Иако времево е прекрасно,внатре во мене е се турли тава. :envy:
    Добро бе,ќе дојде ли некогаш тој ден кога нема да се грижам за истиве глупости? :|
    Расположение ми се менува во минута,дечко ми не сакам да примети,но ми оди и него партали да го направам.
    Сакам да избегам некаде,некаде подалеку од сите и да викнам на целиот глас,да се исплачам........ :emo:
     
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Значи колку ме усреќува и исполнува кога ќе видам пар во години и тоа во оние најдоцните години, пар кој сигурно слави 40/50 па можеби и повеќе години од кога се заедно како се гушкаат, сакаат и дека тој жар што го имале пред многу години сеуште не е изгаснат, сеуште е онолку силен како на почетокот, ако не и посилен.
    Тие, токму ваквите парови ме уверуваат и убедуваат дека постои вистинска среќа, дека постои вистинска љубов. Дека иако имате несогласувања и дека иако животот самиот посебе носи одлуки, некои важни и големи, некои сосема небитни кои тогаш ни изгледале премногу важни, дека иако тој ни носи проблеми, тешки ситуации, сепак ако се тоа ќе успееме да надминеме само доколку сме заедно, доколку се сакаме, сложуваме и почитуваме.
    Затоа никогаш не се разочарувајте, бидете свои, сакајте го оној со кој сте и надевајте се дека тој е оној судениот, оној вистинскиот, а тоа ќе покаже само времето.
    Поздрав девојки и имајте убаво попладне :*
     
    На SparkyAngel и Vladus им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    100.623
    Пол:
    Женски
    Имам таков напад на мигрена да не можам да гледам. Излегов да се разодам ,ма какви,ме дотепа спарново време.Дремам на комјутеров нешто да се замаам ама не оди.
    За ништо не ми служи главава и подобро да ја немам.Барем да сум некоја лепотица па да имам некое фајде од неа.Ми се натовариле обврскиве на глава а јас се уште си го плаќам данокот од празнициве и личната зголемена мрзливост последниве денови.
    Одам да си ја гушнам перницата ме довикува од соседната соба.
    Ништо не кажав нели [​IMG]
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Сѐ и сешто ми се меша во оваа главичка. Прашања безброј..
    1. Ќе излезам ли добро на сликата за полуматура? А јас да не се сликам?
    2. Зошто сите се однесуваат како да ми се лути? Што сум сторила?
    3. Дали мојот проблем е и туѓ? Зошто се трудат да помогнат дури и кога знаат дека нема да биде во ред што и да се случи?
    4. Дали да облечам фустан и штикли или кошулка, фармерки и балетанки? Да одам ли воопшто?
    5. Зошто во живо имам голема уста, а на фотографија како воопшто да ја немам?
    6. Да ги одлепам ли постерите?
    7. Каде е? Да не е во болница?
    8. Зошто икањево не престанува??
    9. Да одам кај професионален кројач или кај сосетката да го скрати?
    10. Зошто ја сонував неа? Дали сонот ќе се оствари?

    Уште многу ги има.. Само дилеми си стварам... Оф леле.. Да заплачам или да ги потиснам чувствата и да заборавам на сѐ?
     
  6. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Незнам како да го започнам постов а да можам да се опишам како се чувствувам . На никој не можам да кажам што ме прави несреќна и ме уништува освен да пишам овде на форумов .
    Вчера како што пишав денот ми беше катасрофа . Бев целосно упропастена а и денес е се по старо .
    Пред 15 мин . можеби го изгубив најважното нешто во мојот живот . Мислев дека не ќе можам да успеам па избегав . Што е најважно не се ни обидов . Се кааам , се каам и тоа многу се каам . МОжеби ја изгубив единствената прилика во животот каде што можев да покажам што можам и колку знам . Кога бегав мислев дека тоа е правилно , дека подобро е да не се запезам па да избегам . Поарно ќе е да се откажам отколку да се разочарам себе си со моето знаење . Мислев дека ќе потфрлев па избегав . Не се обидов , а сега знам дека можеби ќе успеев . Ќе си го исполнев сонот кој го соноував уште од мала , да успеаам да се докажам по предметот кој го сакам со срце и душа . :l: :l: :l: Но што било поминало , не може да се врати времето назад . ;(
    Го знаете она чувство на страв , кога се плашиш дали ќе успееш и што може да се случи ако не успееш . Ете тоа денес чуство мене ме обви . Што ако не успеам , што ако се запезам . Што ќе кажам како ќе се оправдам , а што е уште побитно како ќе излаезам пред моите соученици . Тие се оние кои скогаш го омаловажуваат човекот кога ќе згреши , ќе се запези и почнуваат да му се смеат . Коментираат зад неговиот грб без да знаат дали тој го слуша тоа и ли не и дали тоа ќе го повреди .
    Да го имав истото мислење како сега , пред 15 мин. ќе можев да си го исполнев мојот сон . Уште од мала го засакав англискиот јазик . Го занам јазикот , ја знам граматиката , времињата . Но стравот овој пат победи и се откажав во последен миг мислејќи дека неможам и нема да успеам .
    Сега ми преостанува само да се каам и да си плачам . И онака само тоа и го правам , само плачам . Јас сум една глупава личност која само плаче затоа што донесува погрешни одлуки па ништо друго не и останува освен да плаче . Јас сум слаба личност која не може да си стои на зборот за да им угоди на другите и да не биде тема за разговор после тоа .
    Се чувствувам толку осамено , незаштитено . Се кршам од внатре , парче по парче , се уривам полека но сигурно . Немам рамо на кое ќе се исплачам , на кое ќе можам да се потпрам . Немам личност која ќе ме заштити . Која кога ќе паднам ќе ме подигне и ќе ми рече да продолжам понатаму затоа што во животот има и падови и успеси .
    Оставена сум на милост и немилост на животот . Навистина повеќе не ми се живее. Сакам ова да биде само лош сон , кошамар , и дека кога ќе заврши се ќе се среди ама не е така . Ништо нема да се среди , се е веќе уништено . ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, T.e.d.d.y, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    Незнам дали повеќе да ме боле тоа што од дома ‘ме сакат‘ и не ме пуштат да идам на концерт, или помислата на тоа кои кремци ќе одат?
    Фала им на моите за љубовта што никогаш не ми ја дадоа!
     
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.162
    Во наредниве неколку часа очекувам:
    1. Да добијам бан во политика
    2. Закана дека никад нема да доживеам напредок у животов и дека ќе ме срозаат(леле супер еј, за азил ми треба)
    3. Некој да ме пребие во мркли мрак на првиот агол.

    Јас знам дека сајтов треба од нешто да живее, ама јеботе, партија да рекламирате на забавен сајт треба да си надвор од паметот.
    Додека читаш за новата колекција на ХиМ си викаш, значи ако ми се допаѓа оваа хаљина ми се допаѓа и Ѓорѓе, под импресија на сето тоа, еве донесов одлука ќе гласам за него!!!
    Мора да се најде тој маркетингшки гениј што ја одредил фемина ко добар сајт за политичка пропаганда да ми малку појасни по кој маркер-индикатор одредил дека ќе резултира со добар импакт!!! Одма! Или што би рекла комшиката кога се дере по децата - СМЕСТА!!!

    Нејсе.
    На работно место за лишувам од својот хумор зошто ако го пуштам на слобода заради опкружување ќе ме прогласат за неурамнотежена, зошто според нив урамнотежените само оговараат и се лицемерни, но никако не се зафркаваат. Кој имал обид за шега бил прогласен за луд, мајке ми,ама затоа кога се оговара брате...све си е ок, па уште и кога ќе влезе истата личност кога ќе ја изгушкаат, врв на нормалноста.
    Сериозно ми паѓа тешкичко, па зборам само по потреба. Еднаш кажав еден виц, црн хумор цел ден се каев, друг пат дадов саркастична досетка, после тројца ми дојдоа да ме прашаат што имам против та ра ра ра...од што не укапирале...
    Ете толку ми паѓа тешко!
     
    На senza.parole, femina2014 и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    Ха ха ха која глупост сум видела.
    Не добро ова е врв на глупоста на годината.
    Земале плакат од Ѓорѓе Иванов и го врамиле во рамка за слика и го ставиле на влезна врата од куќа,зграда. Боже боже уште машна му фали, си велам Џорџе ќе ја собираш прашината, оти за вересиите нема место.

    Македонија, земјо чудесна.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.186
    Допаѓања:
    136.017
    Доказ дека не е битно колку си убава, за да докаже маж ти колку е глупав. На пример, Адијана Лина, една од најубавите жени на светов, има рогови. Маж и ја изневерувал.
    http://365.com.mk/tracarka/trac/definit ... veril-lima
    И што сакаш направи, тоа е.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Ми се здосадии од ова времевооо :tmi:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    Бушави утра...Нем поглед вперен во пролетната мугра.Чиста, недопрена, раскошна.
    Насетувам поинаков ден.Опоен мирис се шири од цветната градина.
    Виолетов отсјај ми ја покрива силуетата.
    Се топам од мирисот на сопствената кожа.Белата наметка ме прави своја.Тенка и ленена.
    Отворениот прозорец ми е огледало во животот.
    Му кажувам збогум на тешкиот куфер полн со планови кои ме уништуваат.
    Душата ми е болна,ама се потпирам на разумот.
    Времето го чувствувам како вечност.Живеам или преживувам во просторот.
    Фантазирам за мојата топла насмевка.Ја губам радоста заедно со боите на виножитото.
    Сивило ме затвора во бездна.И горчината на зелениот чај не е доволно силна за да ме крене од тло.
    Се давам во сопствената тага,а барам утеха во силната интуиција.
    Каде е мојата ѕвезда?
     
    На Papillon.Papi и ines.h им се допаѓа ова.
  13. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Верував! Навистина верував дека е добра личност која сака да ми помогне.И? Се изгорев, по втор пат...
    Си патам поради тоа што секогаш во луѓето го гледам најдоброто, а лошото го занемарувам. Го зеде од мене тоа што го сакаше и си замина од мојот живот...Можеби ќе се појави по неколку месеци доколку му треба некоја услуга, како и секогаш што правеше нели... Се осудувам и си се лутам самата на себе зошто не ги слушав другите кога ми кажуваа каква личност е! Многу сум си лута и не знам дали ќе успеам да си го простам ова.
    Се прашувам како да се однесувам сега со тие личности..Ќе го гледам во животот сеуште, но уште полошо ќе се чувствувам кога ќе треба да изглумам дека ми е сеедно што тој не сака да ми зборува веќе, што ме гледа како некоја која што може само да ја искористи за било што, која што била глупава и му верувала...
    Ќе ме пече тоа, многу. Но ќе соберам храброст и барем пред него ќе се правам дека ми е сеедно дали ми е во животот или не. Крај.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тоа е секогаш така, го гледаш најдоброто, мислиш дека се добри личности, за на крај да излезе спротивното, без разлика за кого станува збор.Некои го потврдиле тоа мислење, други го демантирале...и така...
     
    На mili4ka123 и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ја нема веќе старата јас! Ја избркав! Нема веќе да се затварам... сама... доволна беше интерноста, ќе кажам што мислам, што сакам и што ми тежи! Дознав дека градењето ѕидови околу мене не е градење на мојот живот... неможам да се изградам во силна личност од негативна енергија! Затоа, од сега натаму, депресиите ги нема исто како и солзите!
    [​IMG]
     
    На eliesaab, Pirana, natemila и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Она чувство кога не ни можете да опишете како се чувствувате е најтажно.
    Имаш се' , или барем така мислиш. Ама има некоја празнина..
    Кој знае што би било?

    Некоја мрза ме има нападнато, не можам да мрднам. Денес не спиев, можеби и затоа ми е така.
    Преморена сум, збунета, среќа и тажна во исто време.

    Факинг филинг.
     
    На eliesaab, Umbrella22, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    :|
     

    Прикачени фајлови:

    • large (3).jpg
      large (3).jpg
      Големина на фајлот:
      11,2 KB
      Прегледи:
      235
    На eliesaab и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    И така Нана со нејзиното сакано тоа утро крена во тој град со една голема цел Да најде фустан кој што ке и прилега за свадбата која следува.
    Од претходните лоши искуства се плашеше дека тоа ке биде уште еден неуспешен ден поради малкуте вишок килограми кои ги има. Претходно сите и кажуваа дека малку смалила во килажа но не и се веруваше секако бидејки не го примети тоа...
    Уште од самиот старт знаеше каде може да најде фустан и се упати право таму.
    Иако претхоните пати секогаш гледала се премислувала , овој пат здогледа еден фустан кој што ја освои на прв поглед го зема во раце и рече овој ке биде дефинитвно , но се плашеше од тоа како ке и прилега и дали ке и биде точен. Влезе во гардеробата го проба фустанот и и беше точен иако тоа не го очекуваше бидејки мислеше дека ке треба да проба 100 за да може еден да и биде погоден.Понесена од прекрасното чувство дека прв пат во животот и се фати тоа што од прва го проба не и ни текна да се погледне во огледалото во гардеробата туку веднаш излезе надвор а дечко и само направи вака :o |( :wasntme: :x
    остана без здив јас не знаев на што се должат овие фаци мислев дека не ми личи или дека не сум го наместила добро и му реков Што е ???
    Само ме гледаше со отворена уста и ми рече Нана Прекрасна си :o дури тогаш отидов до огледалото се погледнав и ја сватив реакцијата на дечкоми , фустанот беше како скроен за мене , беше припиен за моето тело , ме издолжуваше , беше грациозен , беше неодолив неможев да се тргнам од огледалото , но баш кога се гледав во очи ми упадна еден сличен но краток за разлика од овој долгиот и му реков подај ми го да го пробам .Влегов пак во гардероба го пробав и тој ми беше точен шлог ме мавна во моментот ова долго ми се немаше случено се што пробам да ми се фати а притоа и така да ми прилега кога излегов дечкоми пак ги преврте истите фаци и знаев дека и тој ми е убав. Му реков кој да го земам ми вика немам зборови двата се прекрасни, додека да се облечам дечкоми ги платил двата без јас да знам и идам накај каса ми рекоа дека е платено , кога реков зошто ?? Ми вели бидејки си прекрасна и во двата...Ајде јас среќна со оние големи кеси во рака идам натаму во потрага по совршена кондура и знаев неможам да најдам , незнам што се случува со овие броеви носам 40 број а 40 сега ми се како за 3 броја поголеми , 38 мали а 19 лабави и си викам овој мојот сега ке пукне и ке ме остави сама :lol: ....од една во друга , во трета , во пета и во 6тата влегов и седнав а дечкоми ми носи едни така ептен скоцкни лаковани црни кондурки со благ шпиц и ми вика овие ке ти стојат најубаво пробав и навистина тоа беше она што недостигаше...Абе сонце мое е тој го бива за све...
    Но од преголемата возбуда не видов дека навистина ми стојат толку прекрасно....Сега пак си ги блеков кондурките и фустаните и коа застанав пред огледало па коа почнав да се фрцкам само си реков ахх нано нано ти си звер звер....Не беее јас сум лепотицата а дечкоми е оној зверот ( мислам звер ама у позитивна смисла ) а да не заборавам дека ми рече дека на вистинска дама и требало само таков фустан како што купив.
    Сигурна сум дека ке блескаме , тој во неговото прекрасно одело а јас во мојот фустан...
    Неодоливи сме ...Само црвен тепих ке ни фали :$
     
    На vinozito1, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да си имам некоја корпа за отпадоци, кај што ќе можам да си истурам се што ми лежи на срце, сите фрустрации и изгубени нерви, да не сметаат во мене на мојов организам, да си сум чиста, а тие ќе си се на правилно место. После само ќе ја испразнам некаде, па по потреба пак ќе се полни.

    Се нервирам кога нешто оди со сила, кога треба да се турка постојано, а никој не го турка освен мене, на другите баш им е сеедно. Ме нервира понекогаш и недостигот на пари и колку поисполнета ќе ми беше душичкава за време на вакви кризи да си дозволев нешто да се излуфтирам, ништо друго. Не би ги користела за купување скапи работи, туку баш за луфтирање, зашто и тоа се плаќа.

    Колку и да биде човек позитивен, понекогаш му е полесно да си потоне во некоја си дупка и да се одмори од сите напрегања. Исто како да сакаш сонце, а понекогаш да ти дојде добро од дождот.
    Така јас сега седам и размислувам за моите препреки кои во некој друг ден би биле мали и незначајни, а сега ми изгледаат толку големи и ненадминливи. Можеби ќе биде и уште подобро со нив, ама е може човек да не се мисли. Барем не човек како мене.
     
    На Srckata28, Kaley и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  20. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Преку глава ми е од сите :envy: :envy: :envy: :envy: :envy: