Koga svekrva mi mi nosese torbicka so jadenje, vikav fala od uctivost ama bez custvo oti mislev deka ne e golema rabota. Denes koga nikoj ne mi nosi torbicka znam sto znaci, go cenam i vikam fala od srce. Stalno koga ke ja slusnam i vikam extra blagodaram za se i za nisto. Negde vo mene stoi deka me svaka deka se zablagodaruvam za ona sto bese pred poveke od 15 god. Taka i Vie koj koga nema da ima takov gest ke cenite poveke zosto ke svatite, sepak nesto znacelo. Kako i da e nikogas ne e kasno, podobro nekogas da se osvestis otkolku nikogas.
Najubavo e ako mozes na ubav, tivok nacin da go kazes toa sto sakas zoto molkot nepomaga, obicno pogresno se razbira.
Кога чувствувате дека воздухот во автобусите (двоспратните особено) на ЈСП е застоен и истрошен, отворете ги прозорците покрај вашите седишта да се излуфтира на 1 минута, потоа повторно затворете ги. Кој дел не ви е јасен?!!!
Хмм, добра налогија. Јас паметам кога бев мал со другарчињата кои беа постари од мене влегувавме во маалската продавница и скришно крадевме бонбони. Многу сакав да јадам бонбони. Татко ми дозна еден ден и случајно не фати за време на акцијата и ми ги истегна ушите. Тогаш плачев и му бев многу лут зошто ме кара. Но кога пораснав и скоро при крај на економскиот факултет од таа гледна точка сфаќам дека сум мѕ наштетувал на сопсвеникот и сум му предизвикувал финансиски терет. Е драги мои, не мора се да дознаете одма. Му треба време на времето ..
Моментот кога мајка ти со саати е затворена во кујна и нешто експериментира, па конечно излегува и ти дава да пробаш од новата храна... Ех вака сите да знаевме да се радуваме на ситници ко детенцево
Толку сум одвикната од љубезност кај продавачите, што кога некој ќе направи сè за да ме услужи, ми паѓа незгодно. Кај оној што ме пречекал срдечно, што ме послужил и ми посакал пријатен ден иако ништо не сум купила, секогаш се враќам. А кај некој што превртел очи само што ме видел од врата, веќе не ни влегувам. Бараш бројче за да пробаш чизми и продавачката ти вика: Ама ти се свиѓаат стварно или да не барам за џабе? Прво се чудиш дали е сериозна, а после само се заблагодаруваш и излегуваш. И повеќе не се враќаш таму.
Сдк Мерки за непријатен мирис на лук микс со ракија и дишење face to face во јавен градски превоз и други јавни установи бљааак. Кај се натрескал кило лук,кромид ти се приближува до нос мислиш ќе те залапа.
Од кога решив да променам една мала ситница во животот - да се будам пред сонцето и да го дочекувам неговото раѓање во тишина, со насмевка,кафе и убави мисли - ми се промени се, се промени погледот кон светот, очекувањата од денот, ставот кон достигнувањата во денот и пред се јас, да, се променив јас и се промени мојот свет. Сега сум нова, посреќна, поисполнета и таков е и мојот свет, мојот живот. Пробајте! Не бидете Вертер - придружете му се на ветрот и уживајте во адреналинот додека ви вее во лице
Добро луѓе, вие кога имате кратер на улица пред вашата куќа пријавувате некаде или јас ќе треба во сите општини да се јавувам кај што поминувам? Ах да, оние знаменцата партиски што се веат уште од изборите изгледа ви ги држат главите горе па не забележувате дека газите во кхм. Не е проблем, и така висат каблите од телефструјкабловатевер имаме и по нешто мајмунско во сите нас. Не го разбирам постоењето на зоолошките градини, кои всушност изгледаат како изложбен затвор. Пуштете тури и по Идризово, увезете затвореници од повеќе земји и со различни обвиненија. Човековата психа и онака е подобра за анализирање, отколку невиното животно што со очи ви кажува дека само сака слобода.
Некаде ја загубив потребата од споделување на форумов настани и детали од мојот живот. И многу е подобро вака. Што било некогаш, нека знаат. Што е сега, нека остане мистерија. И не само тука.
И го гледаш се тетерави низ улица, два пати кола ќе го згазне, три пати паѓа дур да стигне до тебе. Смрди на мочка и ракија, цел искинат, крпен и прекрпен, со две различни ракавици, едната детска, два пати помала од раката... Да не имаш цигарче? Имам еве земи, земи и 5 години од мојот живот, еве ти и пари купи си ракавици.. Немам не. А имав.
Зошто сум патетична како онаа песната од Плави Оркестар и после толку години сеуште овој ден, твојот роденден, ме сеќава на тебе и на се' она што не бевме?
Ме потсети на слична случка.Пред неколку години кај Беко таа слаткарницата и пекара незз како се вика скоро секој ден купував јадење пред работа,се додека еден ден продавачката не сакаше да ми даде ќеса за јадењето,еве после неколку години јас уште не можам да се изначудам и се разбира немам влезено таму.
Лајкува и коментира со АМИН на слики со икони, а те става на seen секој пат кога и пишиш, нема рај за тебе само пекол сестро !!
Скоро прочитав интересен текст кој ме натера на размислување. Антропологот Роберт Текстор направил споредбена анализа на различните типови на општества кои постоеле од настанокот на цивилизацијата, до денес. Како примери се земени две заедници на номади кои постојат и денес и кои го задржале начинот на живот кој го имале и пред илјадници години. Спојлер На едниот екстрем, ги имаме луѓето од племето !Kung, кои живеат во пустината Калахари во Африка. Тие се номади – собирачи и ловци. Она што е највпечатливо за нивната култура е тоа што немаат воспоставено никаква хиерархија и поредок во своите заедници. Мажите генерално се ловци, а жените – собирачи и оние кои ја оддржуваат населбата. Но, тоа не е правило. Жена може да стане ловец, а маж собирач – без тоа на никого да му биде чудно. Всушност, сите од племето !Kung можат и ги работат сите работи и задачи – нема такво нешто како „машка“ и „женска“ работа и полова дискриминација. Сета храна која ќе се улови или ќе се собере – и сите ресурси генерално – се заеднички и на сите им припаѓа еднаков дел. Немаат старешина, поглавица или владетел – а и во случаи кога една од нивните заедници има некој кој е „на чело“, тој нема никакви поголеми привилегии од другите членови. Сите одлуки кои се однесуваат на заедницата се носат заеднички. Децата се одгледуваат со љубов, разбирање и нежност, а целата заедница се грижи подеднакво за нив. Во ова општество нема табуа, адолесцентите и тинејџерите се охрабруваат да ја осознаат и истражуваат својата сексуалност – сексот пред брак не е грев, ниту е забранет. Во брак се стапува со согласност од двата партнери – моногамијата е најчеста, но по договор на партнерите, можно е да се имаат и сексуални односни надвор од бракот. Разделувањето на партнерите исто така е дозволено – доколку едниот од нив не сака повеќе да живее во брачна заедница. Во суштина, во ова општество владее демократија, во својот најчист облик, со илјадници години. И карактеристично за !Kung заедницата е што насилството, а особено војувањето, за нив се целосно непознат концепт. На другиот екстрем е племето Jivaro, кое потекнува од Амазонија. Племе со силно изразена хиерархија и организација, во која над секој постои некој друг, племе посветено на војувањето, кое ги измачува своите непријатели и кое поддржува суровост при воспитувањето на децата, племе во кое сексуалноста е табу. Анализата на Текстор на различните култури и општества на човекот покажала нешто многу интересно – сите заедници во кои децата се воспитуваат со нежност и во кои на тинејџерите им е дозволено да имаат секс завршуваат како општества без силно изразена хиерархија, во кои луѓето воглавно се среќни и задоволни. Сите заедници во кои покажувањето нежности кон децата не е дозволено поради некоја социјална норма и во кои предбрачниот секс кај адолесцентите е табу, завршуваат како општества склони на насилство, убивање и мразење, и се општества со силно изразена хиерархија на доминација. И после ова, не можам, а да не се запрашам – дали (односно, зошто) нашите претци направиле погрешен избор кога одлучувале во каков тип на општество ќе живееме?