Како што може еден лош збор да ти го уништи цел ден, исто така може и една искрена насмевка да ти ја разубави неделата. Подарувајте насмевки...макар и виртуелни п.с. Слабите луѓе се многу полесни за киднапирање....затоа останете безбедни и секој ден јадете по една ваква!!
Градењето препреки пред чекорите на другите не е услов да се истрча патеката за да се стигне до целта. Не бидете лоши со луѓето. Вашето темпо на движење е одраз на времето. Таму сте каде што треба да бидете како и другите. Постои карма... Не заборавајте да размислувате за позитивните работи во животот.
http://www.kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=117074 Да се скрши човек...во момент. Ме израдува завршницава, но уште чувствувам празнина. Вакви премили луѓе со златни срца ја заслужуваат цела среќа на светов. Се прашувам дали има вистина дека животот е дарежлив кога ти си дарежлив... ваквите приказни ми се доказ дека во ова нема вистина и при тоа не мислам на кровот над глава на дедо Диме туку поголемиот план за целиот живот. Сувишно се залажуваме... некогаш изгледа треба едноставно да ти е дадено...
Неодамна добив коментар, дека вложувам премногу емоции во сè, а наводно, таквите луѓе пребргу почнувале да се чувствуваат истрошено, на психичка база. Добро, во ред. Еве не знам и не можам да ја најдам логиката - како е возможно да се потроши нешто што постојано менува облик и преминува од еден тип на енергија во друг. Едноставно е, само што луѓето премногу се плашат да признаат дека и тие имаат некакви чувства пред себе и пред сите. За мене постојат само такви, плашливи луѓе кои мислат дека емоциите ги прават ранливи, а не сфаќаат дека никогаш не ќе може да им наштети сето она кое излегло директно од сржта на душата. Го сакам сето она што го правам на работа, дома, надвор меѓу луѓе, на факултет...не постојам само за да битисувам, изолирана од било каква емотивна позадина. Живеам со љубов, работам со љубов, готвам, творам со љубов и тврдам дека сето она кое е производ на љубов, резултира со љубов. Патем, не се опишува со зборови задоволството кое го раѓа успехот на сите тие нешта создадени со толку многу љубов. Љубовта како емоција не е потрошен канцелариски материјал кој фаќа прашина во некој магацин - не може да исчезне туку така ко продадена стока. Колку повеќе ја даваш, толку повеќе ја имаш; ко да се регенерира во поголеми и поголеми количини од претходно. Немојте да бидете кукавици, вложувајте љубов во секое едно нешто. Ќе ви се врати тродупло и ќе ви се топли душата. И да не се лажеме - прекрасно е!
Како што поминуваат годините и стануваме повозрасни, обврските се зголемуваат, пред нас се поголеми предизвици, секој потежок од претходниот. И тогаш сфаќаме дека совршен живот не постои, тоа е само илузија. Истовремено сфаќаме дека учењето е можеби најлесната работа. Но, ги откриваме и нашите супермоќи, пр како можеш да се носиш со се за на крај сите да бидат задоволни, пред се ти. Спиењето и добриот сон ќе ги прескокнеме, доказ дека човечкото тело функционира и така. Битно да не се изгубиме во сивилото на секојдневието, битно да го гледаме светлото на крајот од тунелот, битно да ја понесеме љубовта насекаде и да го обоиме животот со оние бои кои најдобро ќе прилегаат.
До девојките : Ако си во долга врска,не значи дека треба да престанеш да се грижиш за својот изглед!!! Сè почесто гледам девојчиња без шминка,мрсни коси,облечени онака безвезе и глумење "природна лепота" и сето тоа само ради тоа што на некој начин си "обезбедиле" до нив некого, па ајде убава сум му и вака што има да се средувам, други да ме гледаат.. А нивните дечковци глави кршат по скоцкани девојки. Не сфатливо, ама тотално! Ко 50 годишни теткици станале. Што ви е бе ? Една жена никогаш не треба да престане да води грижа за самата себе! Нека ме сака он мене без шминка и по тренерки, ама дома, а не во град таква да бидам. Зборам за мене, никогаш не сум излегла од дома не средена нема ни да биде допрва. Да дозволам да изгледам како штотуку станата од спиење, и такба забателена да шетам наоколу? Епа не, фала. Секогаш ќе имам време да си посветам себеси! Сакам да си бидам убава прво за мене,а после и за другите.
Povleci si go zborot 50god. tetkici Pametni devojki . Sto ke ostane od edna osoba koga ke ja simne sminkata i oblekata, ako ne poseduva prirodna vnatresna i nadvoresna ubavina. Nisto.
@Bender Rodriguez На крајот се' се врти околу Спојлер Или моќ, ама тие две заедно одат ми се чини. Не знам дали е до толку до слободата во сексуалното изразување уште од помлади години или поширокиот систем на вредности и хиерархијата која веќе е наметната. Затоа што штом еднаш некој искусил власт врз другиот и уживал во истото, ќе проба да наметне уште куп правила за да ја одржи таа состојба, од било која област. Интересна тема патем, може да ми го пратиш текстот? Би сакала да го прочитам. Денес петок. Петок ми нема никакво значење уште од завршување на средно школо
Вчера добив еден за мене прекрасен поклон од личност со која не сме во крвно сродство, ме нема ни лично запознаено, но сепак има огромно срце. Вистинска реткост да се сретне човек како неа. Прекрасен затоа што како да ме знае цел живот па ми го погодила ептен. Прво затоа што обожавам прстени, второ затоа што е со каменот што го сакам отсекогаш - аметист, и трето совршено му прилега на мојот хороскопски знак. Ми изнудува насмевка како го гледам, а и смирува велат овој камен, обезбедува рамнотежа и хармонија на телото и умот, може затоа од кога го ставив сум полна со енергија. Ете како еден гест може да поправи нечиј ден, па и нечиј живот за тие што ја ценат вредноста на давањето, пред се гестот.
Како втор ден да почнал од сабајле . Бев со ниет кафе да си правам, макар безкофеинско, ама детево ми се закачи и видов не видов ај пак наполнив шолот со какао. Знам ќе се врти околу мене за да пие од мојот шол, а јас да пијам а да не поделам не бива. Ќе ми се коси многу девојчето . Пред тоа решив да си подигнам малку расположење со он лајн шопинг. Некоја недела трговски немам видено (а уште колку плус ќе минат ), па вака од дома да се радувам. Што да биде што да биде, ај реков обувки ќе барам. Кафените секако малку подисчукани, тука нема утка во големини, стандард калап 38, па се пуштив во потрага. Таман ги најдов вистинските, се регистрирав на сајтот, отидов до плати каса...опции за плаќање пај пал и он лајн. Не може со уплатница . Ама мм не верува во он лајн плаќање, да не не насамареле и да ни ја испразнат сметката, и како попче се одлогирав и сеуште се обидувам да ги заборавам чевлите. Барав други ама нема. Прва љубов не се заборава така лесно. После ми се уврте ќе барам за малата детски патичиња со лед опција на ѓонот. Да светат кога оди. Сите што ги бендисав и со добри рецензии беа од 25 нагоре, па и тука ништо. За беља ништо не ни треба од дм, инаку ќе му се обесев да ме носи барем до таму, да купам пелени за децата де. . Ама ги виде пакетите пред некој ден. Момичињава се серли, ама не до толку . Цел амазон го превртев и завршив кај шминките. Исплакнав очи и толку беше од мојот он лајн шопинг. Детево ми го испи какаото јас додека се олапувам во компјутерот. Барем 5 минути тишина беше, сега јово на ново.
Да се откажеш е најлесно. Да се завртиш и да заминеш, велејќи "доста ми е"! Да ставиш крај и да продолжиш. Но, да разгориш оган од веќе одамна згаснат жар, да разбудиш насмевка, сјај во веќе отуѓениот поглед, да се вратиш во заборавената прегратка и да те потсети колку само совршено ти прилега, да ги доживееш одново чувствата за кои си бил сигурен дека нема никогаш, и да знаеш дека всушност, овој, навидум потежок пат е единствениот вистински, е тоа, тоа е љубов. Безусловна љубов.
Сдк Ме прашаа зашто секогаш си од страна на жените,зошто секогаш ги браниш. Јас одговорив: Една жена ме родила,една жена е моја сестра,една жена ќе биде моја невеста,може и една жена ќе ме вика Тато.. Добар ден и убав позитивен ден и викенд,јас овој викенд ќе си го поминам работно ако и тоа ќе помине,све е пролазно во животот Повелете ф.форумџии/ки што би рекле бијрум ефенди да се зачастиме
Ќе станам тетка на бебе од другарка 2 пат оваа година....ми беше мило што одбра да ја сподели со мене оваа новост пред сите други..знае колку се радувам за неа..како сестра ми е
Не сакам многу да избувнувам, али кога не велат извини а те удриле, е не можам.Па пукнав, почнав да се дерам. Барем извини да речеше, се гледа ко теле некое
Што време дојде, Келвин Клајн гаќа да се закачува по форум и да е врв на модно достигнување и престиж. На времето на нашите ист идентичен модел носеа од Турција и беше најлошата гаќа што некој може да ја избере. Не гледам што секси има у нив. Партнерот да може убав залет да земе на ластикот и да те шљакне, а ти да му речеш, леле срце колку си блесав и да се насмевнеш полумутаво. Времиња...