Мацо, овој свет не е ист, исто така ако некој се појави со спротивни мислења од твоите - не е ненормален. И не се исклучувај од фб кога прајме муабет што не ти одговара. На пример, демек не си сакала свадба со прослава - а ни дечко ти. Не бе сонце, нема, нема денарос за прослава тој. Затоа тој ти има поставено мислење дека нема потреба од прослава.Ти без работа - тој без пари, како среќно и весело ќе си живејте. Пооо ти завидвам стварно. Кога ќе те заглави дома со три деца и без пари, домаќинка, тогаш немој да ми речиш дека не те предупредив, срцуш
Не рекле за џабе: Учењето во младост е ,,клесање,, во камен Учењето на старост е градење кула од песок Па дечки - мислете и превземајте си обврски на време.Не чекајте да ве згази времето
Во Мк со работа се стекнува искуство, но не и пари. Тој што работи напорно и чесно нема од што да се плаши. Освен од сиромаштија.
За некои луѓе ми е многу, многу жал. Штета што не можат да си го искористат на правилен начин она што им е дадено -мозокот со сите негови функции.
„Наградата“ за постојано обликување на животот според конформизам и туѓи дефиниции за нормално - е да им се допаѓате на сите, освен на самите себеси.
Вика, кафе-муабети - кажете сè што ви лежи на душа... Се, баш се??? Ух, камо да можев во зборови да го ставам. Немаше ич да се мислам. Ама драга Фемино (знам, ретко ти се обраќам за арно, ама тоа е..), каде да јас да го истурам ова сето шо си го збирам и носам со мене на рамена, а во зборови не се става?? Каде јас да си најдам издувен вентил? Фемино мила, ќе соберам ли јас сила да си ги решам проблемите еднаш веќе? Зошто се чуствувам дека немам храброст? Зошто сум ваква? Само собирам собирам собирам и после - неподнослива , груба, некреативна, лоша... Не е ни чудо. Во мене е проблемот, во мене е и решението. Фали само храброст, сила и решителност. Арно малку... Ама можам, нели Феминке? Мора да можам бе... Мора.
Прекрасно е Скопје штом ќе дојде вечер,покрај кеј да шеташ Вардар кај што тече..и пази позади тебе некој да не те одвлече. Ах Скопје тешки ретарди ја газат твојата земја.
Седам и сакав да кажам дека седам на компјутер. Па не бев сигурен дали седам "пред" компјутерот, или треба "пред" мониторот или "на" компјутерот. Ако седам пред компјутерот тогаш се мисли на мониторот, ама куќиштето е компјутерот. Тој е до мене, паралелно. Значи не седам пред компјутерот. Како и да е, не обрнувајте внимание. Малце сум тажен. Може не би требало. Ау како во позадина случам лофи хип хоп радио за чилање ми буди дополнителни емоции. Сеуште не знам зошто баш сум тажен. Мислам дека заради работите кои сакам да ги постигнам а не ми се постигнати. Не се недостижни, банални се ама ги немам. Не знам дали жалам ради тоа, но сепак можам да ги сменам работите, па да ги остварам. Ако има надеж тогаш не би требало сега да тагувам за моменталната ситуација. Не постои човек кој што ги знае сите мои мисли, маки, чувства. Не сакам до толку да сум таинствен ама па и не сметам дека треба да споделам. Оди сега разбери ме ... Сето тоа со плива на дното на мојата душа/срце/ум.. како сакате. ПозЗ3³ ®
Еве вака: Колку пати сме се прашувале зошто ? А никој пат, од што (поради што), за кои бенефиции, поточно чии, дали сме затвореници на нашиот ум, и дали не можеме да видиме што е тоа позади тоа што е пред нас ? Па да драги мои, наивност, љубов. Само не можам да коментирам на луѓето што "би умреле за љубовта", па дај ве молам живејте за неа.
СДК најпрвин здраво на сите феминки и феминци СДК дека не сум скроз нов член, но дека сега, после подолг период повторно се зачленив и сум со ново име. СДК на форумов бев зачленета од далечната 2009-та, ама кога требаше да се преминува во 2010-тата на некоја нова платформа не успеав да се префрлам и останав така од сенка да ве читам и следам колку можам, бидејќи без да ги прочитам вашите совети и искуства и тоа секој ден во текот на овој (за мене)неактивен период не можев ниту денот да си го замислам/започнам. СДК дека од тогаш продолжив да контактирам само со оние членови кои ми станаа и останаа и на фб, но дека ни фб не е она вистинското, мислам не е фемина форум де СДК дека цели два часа си ги читам старите објави од истава тема, која веќе оддамна е заклучена и ми се чини како вчера да сум учествувала во неа п.с. ми беше омилена СДК остана да ми фали уште само некој со кого исто така после форумов некое време контактирав, мислам онака електронски и по моја потреба, зашто кога и да ми притребаше совет, иако повеќе не бев активна на форумов, јас сепак го добивав, ама и тоа контактирање со текот на времето пополека престана, а изгледа дека и контактот скроз го изгубивме. Понекогаш си помислувам дека можеби и тој постои под друго име, но дека сепак постои, амааа не сум сигурна дали е така... СДК дека очајно ми фалат интуитивноста, оригиналноста и зачудувачки силниот интелект, затоа еве токму од овој член и ќе ви постирам нешто негово
Сакам да ти кажа дека се гледа зошто си го изгубила контактот. Е извини и подобро што сте го изгубиле, не си била вистински човек.
Ти благодарам @buba4e89 за искреното мислење, претпочитам дека имаш право. Поздрав од мене и ти посакувам да имаш убав саботен ден
Posleden vikend pred zapocnuvanje na letniot semestar ....dilemata e dali da se iznaspijam ubavo ko covek zosto son do kraj na semestar nema da vidam ili da se iznazurkam zosto i toa ke bide slabo semestarov hahhaha call me grandma ama prvata opcija poveke ja obicam
Се некаде сум растргната ваму таму, сакам ваков живот. Нови познанаства, нови места, среќаваш поинакви луѓе, нови искуства. Дури еден тип ми рече дека немал напраевно нормален муабет со чупе КАко тоа, небитно, битно јас се изназбирував хаха ете некогаш многу зборувам, некогаш ни збор можи нема да речам, зависи од ситуација, од луѓе околу мене, па некогаш и од самата, колку сум уморна. Ми треба уште нешто енергично, нови работи, како шо е тргнато добро е П.с вчера толку немутри сретнав, абе насмевка малку еј, не знам како можат стварно онака.