Јас како неработник и покрај милионските обврски надвор деновиве се заседнав дома. Отворив фемина и поарно да не отворев, ми се одмили.
Никогаш нема да ти стане јасно дека рузмаринот почнува да горчи кога го држиш премногу долго при пржење, освен нели ако не го направиш истото некогаш во пракса. Не е ништо страшно кога човек прави грешки од незнаење понекогаш; затоа е и животов, да се научиш на сенешто.
СДК: Caramel is a bitch "Došli nam jedno veče gosti. I krenula priča, potkačimo ovog, pa ogovaranje onog, pa jesi li čuo za one, pa jel znaš šta uradila ona.... A moja 5-ogodišnja ćerka koja je sedela sa nama, uključila facebook snimanje. Išli smo live."
Продолжувањето понатаму не е заборавање на минатото. Тоа е учење од создаден материјал. Барајќи ја пораката во нередот од настани, сме продолжиле во насока каде што некој навива за нас и сме дел од играта. Понатаму заслужува секој...
Знам за луѓе кои се изгубени во просторот. Знам за луѓе кои се изгубени во времето. Знам за такви кои немаат осет нити за едното, нити пак за другото. Ама, ти да минуваш улица на црвено, да зборуваш на телефон и да се вртиш да видиш дали иде кола од спротивна насока од која ти доаѓаат.. е, мајке ми. Чудесии.
Денес си седам и погледнувам наоколу ... Ги гледам лугето што сум подготвена животот да го дадам за нив а тие како јас да не постојам ... Си мислам зошто е тоа така ? Дали откако човек ке го нема тогаш ли лугето сфакаат што изгубиле или ? Зошто сме секогаш подготвени на се за некои луге ? Милион прашања ниту еден одговор !
Без разлика колку во животот ме повредувале секогаш сум излегувала како победник,верувам во себе и секогаш сум горда на себе со главата горе исправена чекорам цврсто на земјата.
Кога заспива и мирно си спие велам на себе си одмори собери душа за понатаму, за ноќите, за дните и за животот. Собери сила за да му дариш насмевка, љубов, да го гушнеш, среќа да му дариш. Но, поминува саат два, едвај чекам да го гушнам, да стане, да се размрда, па да се насмее во сон, да погледне и да го земам, да го осетам, да го помирисам, живот да ми дари со неговата блага чиста и невина насмевка, со рачињата, со очињата негови. Кога плаче и јас плачам, душата ми плаче и животот ми се скратува од болка, но кога се смее и гука сум најсреќната жена на свет, мајка. Син, чедо, дете.. твое дете од твоја крв од тебе, живот зрачи.. Љубов, единствена и незаменлива љубов во животот. Не било лесно, не. Но било убаво, прекрасно било. И денес се прашувам воопшто зошто чекав, што чекав, каде чекав.. животот не ми бил исполнет, досаден ми бил а и воопшто не исполнет со толку љубов како денес што ја имам, давам, примам и чуствувам. Не било клише, реалност било да се сака толку многу, да се живее за едно малечко суштество со неговата насмевка која ми дава живот, енергија и храна за да продолжам. Децата се богаство. Богатство и низа на емоции и љубов што со никакви пари не може да се купи. Буквално.
Колку можат љуѓево да се изгубат и изглупираат на инстаграм , колку само исфулстрирани личности .Кај отиде светов се прашувам ?
А кој ти рекол дека сте посилен пол? Кога ќе носите бебе/бебиња во стомакот девет месеци, кога ќе го/ги раѓате по неколку часа или кога ќе ве сечат за да го/ги извадат новиот/новите живот/и од вас е тогаш може да правиме муабет за еднаквост. До тогаш, не ме смеј Се е возможно, кога можеше Шварценегер, може секој
Се будам и чувствувам празнина тој не беше покрај мене оваа ноќ,ова утро не ми започна со ,,добро утро најмила женичке'' нема ниту утре ниту задутре да ми почне со неговата прегратка. Толку многу ми недостасува а само еден ден како е отсутен од дома. Врати се побрзу ми недостасуваш и мене и на бебушот наш!
Ех фемина. Младост лудост. Се сетив во основно кога се организираше забава во противпожарната во Ѓорче. Цела генерација, тоа време не бевме така искусни како сега децава. Кога ќе ги слушам моите како раскажуваат за нивната младост, ете така се чувствувам кога јас раскажувам на овие денешниве деца и тинејџери. Другарство. Такво другарство, малку лаги, повеќе градење отколку рушење. И фраерлукот беше поинаков. И шмизлите Ми недостига основно, ми недостига нашето одделение и наставниците ми недостасуваат. Убаво беше драги луѓе, навистина убаво. Знаете, многу сакав да водам библиотека додека растев. Кога бев сама дома ги редев книгите на маса и се преправав дека ги издавам или продавам. Додека си дете соновите се поинакви. Немаат мера, само убавина. И адвокат сакав да бидам. И водителка. Никогаш не посакав да бидам тоа што сум сега Потфрлив? Немав капацитет? Професиите не нудеа добри услови? Којзнае, едноставно одиш по пат, одиш и кога ќе се завртиш сфаќаш дека си стигнал веќе предалеку од таму каде што требало да свртиш. Што вака рано со муабетов Се загледав за момент низ прозорот и се замислив како со лопата собирам сонови и ги расфрлам. Изгледаа како топчиња со мала светлина во нив. Ги дофатуваш и ги голташ. Колку повеќе проголтуваш, толку повеќе свелината во тебе расте.
Секогаш кога имав проблем, ја покажував пред светот најубавата насмевка и се правев како ништо да не се случило. Се обидував да се носам со сите проблеми сама и мислев дека успевам во тоа. Само малкумина пријатели знаеја низ што поминувам иако цврсто верувам дека искреноста е најдобрата политика. А потоа, потоа сфатив дека присуството на неколку пријатели кои ќе ме поддржат во сè е една од најважните работи во животот!