СДК дека почина Мајк Илич, најтешкиот македонски милијардер во светот, кој имено живееше во САД. Она што најмногу ме изнервира од страната на нашите македончиња (намерно напишано со мали букви јер мали души) е следново: - Што направи он за Македонија - Сумљам дека уопште ја посетил - Заминал и ја заборавил - Барем нека го завиткаат у македонско знаме и нека го закопааат И ред други ситни работи. Во ред, фактите кои не сте ги знале за него, па напразно сте ја завртеле воденицата: - Мајк не заминал, туку неговите имигрирале во САД каде што тој се родил во 1929 година. - Бил еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обиденетата Македонска Дијаспора. Пред да трескате зелени како недоквакани, отворете бре Википедија, отворете и други портали кои говорат за нечије дело. Ќе лупнете нешто и ќе останете живи! Катастрофа! Оние кои земаа бугарски пасоши, кои му ја летнаа одамна (години, години) и дремат таму у Канада, Германија... Гледам колку ја сакаат Македонија. Само за неа зборат. Мизерија! Жал ми е за сите што се ислелија последниве неколку години, во нив секој има некој што му е роднина или пријател. Жал ми е и за моите роднини кои одамна заминале, но барем се среќни и не глумат лажни патрииоти. Како може некои да пишуваат колумни што е добро за Македонија, ако 10 години живееат у дијаспората. Објаснете ми како?! Тоа е како јас да пишувам за кој алкохол да се пие и кој е добар, а сум алергична на етанол. НОНСЕНС муабети! Морав ова да го напишам. Понекогаш се срамам што делам иста националност со ваквите. Ситни и продадени души. Колку само малку македонштина остана... Ехх..
Ednas vo zivot ke doznaes nekoj trac vo zivot sho mn sakas da go kazes i nikoj ne e online site spijat eeee.Poludecuu
Денес осеќам некоја чудно негативна енергија од мене. Пишам по сите теми и не ги пуштам мислењата зошто не личат на мене ама си ги зачувувам, за секој случај де, зошто обично не сум тип кој сака да влегува во конфликти ама денес е нешто ... чудно.
Престануваш со очекувањата за другите, не бараш одговори кои самиот не можеш да си ги дадеш, 110% се посветуваш на тоа што ти е битно. Е тогаш си го спуштил знаменцето и означил виситнскиот старт. Не дека моментално ми е сеедно тоа што креветот на метар и пол од мене ми е ненаместен и шољата во која пиев кафе е неизмиена. Или пак книгата која ја почнав ќе почека неколку дена, а видувањето е одложено кога ќе седнеме да работиме.
Секој човек чии родители се преселиле во САД во ’30-ите и кој е роден таму, таму израснал и го поминал целиот живот е Американец. Тоа е впрочем и една од убавините на САД - без разлика на твоето потекло, кои и од каде ти биле родителите, ако си роден таму - ти си Американец. Дури и Мајк Илич да не направил ниту една единствена работа за Македонија, никој нема право да му замери за тоа, затоа што тој на Македонија не и должел ништо. Тоа е проблемот на нашиов народ - што очекуваме дека се некој нешто нас ни должи или треба да направи за нас, наместо нас самите. Оттаму и зајадливите коментари за човеков, за кој патем, прв пат слушнав денес од твојов пост.
Не знам како му успева, ама со секое наредно гледање, разделбата ми е дупло потешка. Се сеќавам на почетокот воопшто не беше така. Се испраќавме нормално, со пуштање пољубци преку прозор додека брмчи моторот..па мавтање, очи широко отворени а во нив жар... неубавото чувство умешно го криев во утробава... па го закопував, поминуваше... А сега ми е претежок товар за носење. Не ми се пушта од раце и липам како да е последен пат. Тој, изгубен во свемирот се обидува да ме смири...а не знае како.... Неубавото чувство насекаде испишано на лицево... во очиве.. во утробава...насекаде од мене извира како лава...
Старите велат дека светот припаѓа на нас младите, а кога ние младите се обидуваме нешто да им појасниме, дека стариот систем е веќе нефункционален или постојат полесни начини на извршување на некои функции, тогаш ни велат: Ти си млад уште ништо не разбираш.
Убаво е кога некој непознат човек ќе ти стане пријател, ама што правиме кога некој стар пријател ќе ти стане непознат преку ноќ? #НеделниДепресииЧукаатНаВрата
Не ги почитувам луѓето кои кријат од каде доаѓаат,кои филозофираат цело време за се и мислат дека знаат се,фраери,главни фаци во друштво,а лажат и не кажуваат од каде се затоа што се срамат од тоа Каков сакаш биди ако си ги криеш своите корени и се срамиш од нив се џабе!
Онаа бура од емоции, чувство на безвредност, безцелност, гнев и лутина, пропратено со јадење од стрес и плачење во доцните ноќни часови.... И онаа глупа, самоуверена насмевка која вели ,, Yeah, right. ,, , од кога ќе дознаеш дека уствари, имаш само добиено. И секој месец, истата приказна...
Овие на фб што ставаат фотографија од нивното штотуку родено дете и што пишат над фотографијата дека животот има смисла со тебе да му кажам дека и на нашиот живот има смисла кои сеуште не сме во брак и немаме деца
Дали сме свесни дека претеравме со социјалните мрежи, дали живееме за нас или што ќе речат другите? Фејсбук, live видеа, слики, само за да видат другите дека "живееме"и дека сме многу "среќни", па честитки и поздрави со слика на фб иначе не се важи. Стануваме зависници, насмевки насекаде а во душата празни. Фејзбук ни е добро утро, добар ден и добра ноќ, секаде мора да сме скоцкани за да бидеме топ на фотките. Има и позитивни страни ама негативните ги засениле, и најтрагично е што некои тоа не чуствуваат па мора минимум 5 пати да објават нешто. Ќе го деактивирам мојов, за да се сетам како изгледаше животот. Морам сите опции да ги исцрпам, кога сум решена да внесам промени во животот. И најважното ќе го заборавев, губиме драгоцено време што никогаш не се враќа.
СДК дека ми е смачено цело време да слушам и да гледам како луѓево се преправаат дека се нешто што не се со цел да привлечат туѓо внимание; како се жалат дека ништо не им оди од рака, а не се ни трудат да превземат нешто; како се менуваат себеси за да ги задоволат потребите на другите; како се омаловажуваат и прават будали од себе само за да го кренат егото на некој друг што им "значи"; девојки кои само трепкаат невино со очињата и и за дишење бараат од нивните таканаречени (љубоморни) дечковци за да не останат сами на светов зошто е многу трагично на денешно време да си сама, така нели?; мажи кои за да стигнат до секс кажуваат се' и сешто и се ептен open-minded за покасно сите да разберат што и како правеле, зошто ако не кажат дека еб*ле исто како да не еб*ле; луѓе кои бараат "искрено" мислење, а очекуваат да го кажиме само она што сакаат да го слушнат; луѓе кои не прават ништо во животот освен тоа што ги осудуваат другите зошто ако си малку поразличен и послободен од другите веднаш нешто ти фали... Ајде бе луѓе дишете малку, нема да живеме вечно... аман веќе од тоа кој, што и како направил, уживајте малку и вие во животот. Пробајте наместо да се замарате со другите да си го живеете вашиот живот, интересно е
Уште едно од бисерите кои можат да се најдат по нашите портали...СЕКС ПОЗИ ЗА ЗАЧНУВАЊЕ НА МАШКО ДЕТЕ !! Да пообјасниме посликовите, ова кај народецот е познато под псевдонимот ТТМ или Тато ја Трти Мама, имено кучешка поза доминанта поза за добивање на машко дете поради скратувањето на растојанието на спермата до јајцеклетката.Втора стоечка позиција, истото скратување на растојание, наредно ништо без оргазам, потоа внесувајте повеќе калории, шоља кафе пред секс...Дополнителни нешта: -Не станувајте по односот -Обидете се мажот да ужива што повеќе -Водете љубов навечер и најбитното: -за време на односот, свртете ја главата кон север Замислете пеколно попалени, со компасот во рака и бараат каде е север: "Душо ееее, ее баш тука. Чек чек да видам пак, еее точно 2 cm полево, да чек да мерам да супер таму е север" Голи рашетуваат со компас во рака ко небаре скриеното богатство од Џек Спероу го бараат... И после зошто отишла кај комшијата...па така кога овај нејзиниот бегал од часовите по географија и не знае каде е север !!! Поука, седете на часовите по географија, ќе ви се најди еден ден. Сега чекам уште по синус и косинус да се пресмета параболичниот пад на спермата до јајцеклетката, па според тоа одредување на полот, тежината и големината на детето. Ај после речете кога че ми треба математика во животот пак, ај баш да чујам само !!!
Зошто воопшто се пронаогаш во таквит постови кога не се однесуваат на тебе/на вас Тие што пишале така споделуваат нивна радост,нивна среќа и мислам искрено гајле им е дали вие сакате или несакате да имате деца
Му кажав дека е пресладок кога се лути како детенце за ситници и еве го сега цел ден "лут", не сака да се одлути. Си глуми по малку бебето Многу си го сакам