Си седам и гледам како доаѓа еден гулаб на прозор кај мене и си велам, еј, можам сегде да отидам, а што чекам, и така животот го живееме без знаење дали утре ќе се разбудиме, и можда денес ни се последните мигови од животот, па што седам и мислам, станувај и работи нешто што го сакаш ! Еј види, пак мислам, да немаше религија колку сеа ќе беше напреднато општеството, да немаше воини, си велам еден рестарт на светот и се би се средило но не, нема да биде тоа решението, две нешта се бесконечни, човечката глупавост и универзумот, а за универзумот и не сум баш сигурен. Понекојпат другарите ми ги крадат идеите, не ми е криво што ги украле, криво ми е што немаат свои, и им велам не мора истата да е, барем смени ја на мал начин со мал труд, и пак се вртам во круг. Понекогаш сакам книга да напишам како се чувствувам, како го гледам светот, но се чувстувам дека само јас би ја прочитал и ја оставил негде настрана, настрана би го оставил животот кој сум го имал. Почитувани, насмевнете се на ова, и станете правете што од секогаш сте сакале да правите во животот, "НЕ", е најсилниот збор што можете да го кажете некому.
Јас воопшто не се пронаоѓам во нивниот пост, туку се чудам до тој момент како немале смисла за живот па сега имат,мене ми е глупаво , а пак што да кажат луѓето што читаат такви постови што неможат да имат деца демек тие ја немаат смислата на живот, абе ајде
@LUCI 99 Не дека немале смисла, туку друга им била тогаш. Смислата во животот на секој му е различна во различни периоди од иститот
Јас си помислив дека на сите им е иста смислата на живот , мене лично ми се глупави овие статуси по фб си кажав тоа што сакав на темава и не замарајте аман за истото.
А што да кажат тие што немаат леб да купат кога ве гледаат вас како ставате слики од ресторанти каде јадете? Кога ке родиш ке видиш дека смислата на животот добива друга димензија а не дека до сега немало смисла .
^Темава е САКАМ ДА КАЖАМ, нема потреба да реплицирате доколку не ви се допаѓа нешто напишано од други членови, не можете да го им смените мислењето,исто како што не можат и тие вашето. СДК: Среќна сум што се "одвикнав" од фејс,инста,снеч,па и вибер. Буквално немам пристап до никоја социјална мрежа! Нема слики,нема тагови,нема чек ин, не знам кој со кого се оженил/омажил/изневерил/замерил/испокарал, и многу ми е убаво! Ќе излезам со другари или другарки на кафе, и стварно пиеме кафе Нема зјапање во екран и изигравање мутави луѓенца Колку ми е глупава ситуацијата кога некој со нај зачуден тон ќе ме праша "Епа зошто ти е таков телефон ако немаш каде да ставаш слики со него"? (пример сестра ми.Секојдневно прашање.) -Молам?!?! Треба да сум "ВИДЕТЕ МЕ, Имам ајфон и греота е да не сум по цел ден пред огледало со duck фејс и во потрага во +500 лајкови." Или па "Како издржуваш без фб, со никого не контактираш?" -Ако некој сака да ме контактира,и да ми викне на кафе, може слободно да крене тел. и ко луѓе да се договориме, нема потреба од пишување по wall "Маченцееее кога кафе?" Стварно зараза и навика бил, среќа што има и одвика
@joy1 Не ни реков дека е, ама некултурно изглеа кога на нечие лично мислење се реплицира со цел да се наметне туѓото размислување. Кој што има да си каже,нека си каже.
Утрово уште зашеметен сонлив се вратив во детството кога татко ми не ме пушташе да излезам надвор додека не ја научам Т'га за југ Орелски крилја как да си метнех, И в наши ст’рни да си прелетнех! На наши места ја да си идам, Да видам Стамбол, Кукуш да видам, Да видам дали с’нце и тамо Мрачно угревјат како и вамо. .... итн Добро ви утро на сите
Чудна работа, мнооогу атеисти, а дури два празника утре ќе слават Не чекајте ден и повод за да подарете, да кажете 'те сакам', да покажете дека сакате...а истото практикувајте го и за да си пивнете некое добро винце
Растрчани на сите страни во фрки,што да им купат на денот на ''љубените'',цела година се вараат,се караат,се тепаат,малтретирања,семејни насилства,не им текнало цела год да си купат еден на друг нешто и сеа као се најзаљубени,срцки,души.Искрено жал ми е премногу за ваквите,чукнете си ги малце тоа тимбите и запрашајте се зашто,само на овој ден сте во фрки и ''најзаљубени''.
Вистината има онолку лица, колку што очи ја погледнале! Оној кој е глув за зборовите, ќе биде слеп и за делата! Нека вашата мисија НЕ биде да убедувате некого да ви верува, туку да го доживеете задоволството на душевно исполнување и олеснување кога пред некого ја отварате душата и сте искрени, кажувајќи ја вистината!
Не туку за привелигијата што ја имате од форумов,сите што се за Сдс не се банираат само од Вмро,демократија тоа е нели? Никого не навредувам лично туку партиски а вие лично навредувате и никој ништо браво за вас
Сакам да кажам дека, неќам кога некој се обидува да докажи нешто по секоја цена, можеби зошто одам јас по логика „ако сакаш умри глуп, не ме интересира“, па вчера одиме со другарка кај другар па она ми вели „а го знам јас него каков е ако поинаков се прај, и му го кажав то в лице“ и ѝ велам „добро, шо постигна?“, та „виде дека сум во право.“ И си викам, на сметка да му расипиш ден на некој, на сметка да му наштетиш, би направил/а се за да докажиш дека си во право зошто така си го храниш преголемото его? Дури и кога некој ќе ти дај до знаење дека неќи да збора за некоја тема, дури и ако некој ти дај до знаење дека дел од животот сака да го држи приватен? И ако случајно заклучат дека е така ти досадвам дур не му признајш? Сериозно? И седиме кај другаров застана в ќош, со слушалки а дестина души бевме, ѝ пишам на фб зошто очигледно само така можиш да видиш шо прај, шо ѝ е, прај „остај ме, арна сум, поубо ми е вака овие се многу гласни и зборат за глупи теми, плус види го овај глупио (бившиот нејзин) цигара за цигара фаќа и ова шо ја донесе ти.“, а кога сум јас со неа темите омилени се оговарање + секс, а кога се збора за нешто друго се повлеква зошто не е по нејзино или темите се покомплицирани - не знам. Изгледа овај ми е полош ПМС зошто лошото од вчера ме држи и денес, а и настинвам пак, изгледа секоја зима ми е една иста приказна, ете.
Премногу замарање за фејбуск. Фејсбук ни стои на располагање како алатка за ние да го контролираме, а не тој нас. Па мрчење за вакви постови, па такви постови, па Ина ваква била, ама неее, јас не ја читам, туку други ја лајкуваат и силом прилике. Епа њуз флеш, не мора да се чита ништо ни кога го лајкнал некој. Има опција да се скријат сите постови од тоа што е лајкнато и воала, може да се престане со мрчење. Сè што иритира на фејсбук може да се оправи, не сакам постови од некој да читам, одам на отследи, иако нели, пак сме си другарчиња, не сакам постови од политички партии кликам да не се појавуваат. И сега си скролам низ фб милина, само тоа што ме интересира има, без да превртувам очи. Или интересно е мрчењето? Постов е неповрзан со горе муабетот.
Јас го деактивирав пред некој ден и речиси сите ми се јавија "што си го деактивирала, многу си глупава, можеше да не се најавуваш" и такви глупости и го вратив. Постојат периоди што кога сакам да седам со друшство не сакам да зјапаат во телефон. Фејсбук е алатка за досадност, за кога ти е досадно да седиш. Ги избришав сите што не ги познавам и сега ги имам само тие што ги познавам и да ти кажам одлично ми е. Пак би го деактивирала ама пак ќе ми звонат луѓево. И пак ставам слики и читам лигавешки статуси. Не знам, те држам за муабетов.
На личноста која зад грб ми работеше, спонатно престанав да и зборам. И таа не ми збори. Барем и дадов на знаење дека ЗНАМ. Ама по нејзиното однесување одма сфатив дека и таа знае зошто ја игнорирам. Зарем беа потребни зборови или да барам објаснение?! Полека,полека во животот се прави селекција... Почнаа оние вистинските на прсти да се бројат. Ако... Не ми е криво ИЧ. И јас сум грешела, и мене ме шкртале од список, ама сум се каела и сум ведела глава. Некои се родени да бидат вечни победници и да носат круна на глава. Се плашат ако ја наведнат да не им падне. А наведнувањето е всушност она благородното во душата на човек.