Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    17.725
    Сеуште не расонета, платнените наочари за спиење сеуште не извадени...ме буди гласот на оџата и гласно завивање, волци ли се кучиња ли се кој ги знае, во секој случај ужасно лоша комбинација за добро утро.
    На момент се збунив, каде ли сум заспала синојка :?: а да, дома сум |(
     
    На TutiFuti, JollyGirl, Crna Dama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш дека јас ставам слики од ресторани ? И што има врска тоа со смислата на живот ? И ако стави некој слика каде што јаде во ресторант сигурно нема д напише дека тоа е неговта смисла на живот|( . Не реков дека немале до тогаш смисла туку како да немале звучат, и дај не замарај повеќе во врска со мојот пост.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.700
    Допаѓања:
    79.887
    Пол:
    Женски
    Никој не е онаков како што на прв поглед изгледа. Никој.
     
    На TutiFuti, Change., "Zoki" и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Кога ќе престанеме да ги сфаќаме работите толку лично,сами се ослободуваме од стегите на околината. :)
     
    На Doozy, TutiFuti, Crna Dama и 14 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.077
    Пол:
    Женски
    Лесна ноќ... Ме заниша сонот и ме зафати бебешки спокој што одамна не ме посетил.
    Во мигот на темнината испружена на чиста постелнина во новиот пар пижами заборавив на се околу и во мене. Го склопив погледот и потонав во таинственоста на мирисот. Не им дозволив на емоциите да ми ја прередуваат душата. Вдишувавав тишина и издишував леснотија под превезот на топлината, знаејќи дека секогаш и секаде може да се почувствува среќата, особено кога доаѓа ненајавено со потсетник дека малите нешта измамуваат насмевка и расположение дури и во доцните часови.
    Ми подадоа светилка кога најмногу ми е потребна.
    Признавам дека се уште ме држи чувството иако новиот ден ме врати во реалноста.
     
    На Crna Dama, Florenсе, vitamina и 7 други им се допаѓа ова.
  6. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Би го деактивирала без да ми биде жал. Има и други начини на комуницирање за тие што им требам и мене ми требаат, речиси сите користиме вибер, ако не на мобилен. И јас ги имам само тие што ги знам, ама да не се лажеме сите не ни се пријатели, пријателите на прсти треба да се бројат. А за тоа дека ќе бидам црна овца кога ќе одам на кафе во право си, ама и не ми е галје, мој живот е тоа, другите како сакаат. И јас читам, следам објави, гледам разни идеи ама те навлекува и не се мотивираш нешто да примениш, освен да провериш новости, а и самиот не знаеш зошто. Така да најдобро решение :)
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Се согласувам и би додала свој леб јаде туѓо гајле бере.
    Наша чудесна Македонија
     
  8. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Денес се осеќам како човек поставен на гилотина и пред да му ја спуштат, некој како да извика ПОМИЛУВАНА Е! И ќе се држам настрана од ризични ситуации, мајке ми
     
    На christinnn, "Zoki", winter flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Hello big 26 ! Drinks on me ;)
    Сега сум постара , дај боже и попаметна , ајде да видиме бројчево што ќе ми донесе во следиве 365 дена до наредното стареење ...
     
    Последна измена: 13 февруари 2017
    На deskarada, cresa-jagoda, crimson и 20 други им се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    31.336
    Она кога ќе видам некој тип како го хејта женскиот род, бил ваков таков.
    Толку ме иритира да му лупнам еден таков коментар ама ај.
    Знаеме сега да има секакви, напредни генерации, ама не мора секој пост да биди хејтање.
    Кога ќе видам пост од некој таков тип секогаш си велам сигурно е толку многу изгорен од некоја жена, па сега цел женски род му е крив. :drunk:
     
    На cresa-jagoda, Priroden, "Zoki" и 7 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    Едноставно кога не враќам на нешто или не си ми дораснат или не ми се троши време.
     
    На betikolevska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Ве читам со муабетиве за фејсбук и ај и јас да си кажам нешто.

    Пред некој период го имав деактивирано фејсбукот, чисто на неколку дена, сакав да си одморам глава. И добив еден куп пораки на телефон у смисла абе чоек нормална сиии зашо го деактивираше фејсбукот (facepalm)
    Прво тоа си е лична работа, јас не знам што се замараат луѓето воопшто дали некој има фејсбук или не, дали го деактивирал или не. Ама такво ни е општеството, повеќе не интересира туѓото или што ќе кажат луѓево. А втора работа од кога 'нормалноста' се определува според присуството на социјални мрежи?!:?:

    Кој битен фактор ни е во животот фејсбук, најбанално нешто. Ама приметувам се повеќе и повеќе, како доаѓаат нови генерации така расте желбата да се покаже и докаже на социјалните мрежи, да се постира се и постојано, случајно во тие 5 минути што не си бил/а онлајн да не те заборават.

    И оние што претставуваат ''совршени' животи по социјалните мрежи, дај да не се лажеме, не е се така како што изгледа.

    [​IMG]
     
    На "Zoki", Anabelle.Amorette, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.980
    Допаѓања:
    178.066
    Пол:
    Женски
    Во залезот на Сонцето те кријам. Ко молкум украден прв утрински зрак низ летна бавча. Да ме даруваш со и низ љубов, па да ти дарувам јунаци. Да се раѓаш и осамнуваш секој ден, а никогаш да не самуваш.
    Да ти ги излупам сите емоции од срцево како свежи зеленчуци, гладост да не сетиш. Да заседнеш, та глава под сенка да потуриш, душа да одмориш. По свежа вода од извор би одела.. за румени малини од твои џебови. За еден преграт, еден длан на мое лице.. за еден брз поглед во личната душа, полична и од илјада златници.
    Само да ме сакаш...
     
    На cresa-jagoda, kala21, JollyGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  14. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Моментот кога некој се лизне на сопствената 'лушпа од банана' што кукавични и злобно сакал да ја подметне на друг, е тој момент убаво е да си во публика:D

    Три дена не ми се симнува насмевката од лице, ми се чини со неа и спијам. Дури непријатно ми е колку ми е смешно тоа. Не е во ред знам, ама посилно е од мене:D

    Цехот за стореното не доаѓа секогаш на крај, некогаш заедно со нарачката е тука.
     
    Последна измена: 13 февруари 2017
    На cresa-jagoda, Doozy, kala21 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.837
    Пол:
    Женски
    Кога имаш уште само 1000 ден во џеб а во твојата глава 1000 работи што си ги замислил да ги кипиш.
     
    На cresa-jagoda, "Zoki" и winter flower им се допаѓа ова.
  16. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Прашање до охриѓани.
    Дали не сте загрижени за тоа како изгледа вашето езеро денес? Дали не сте ужаснати од тоа што го гледате? Дали не ви недостига синилото на водата, утринските прошетки по чистиот кеј и духовниот спокој што секојдневно ви го давала глетката кон бистрината на едно од најстарите и најубави езера во светот, за кое секој неохриѓанец во Мк ви завидува?
    Дали не ви доаѓа, онака спонтано како што се собравте пред СЈО, како што се собирате по митинзи, загрижени да излезете на улица, не како инструирани партиски активисти, туку како граѓани, како охриѓани, како рибари и туристички работници, да излезете на протест или не мора да е протест, нека биде изразување револт, барање информации од одговорните или повикување на одговорност за она што се случува со езерото, истото она езеро кое е ваш дом и ви дава живот во буквална и преносна смисла?
    Тоа не е некое езеро во Малезија или Зимбабве, туку Охридското езеро, езеро под заштита на Унеско, едно од најстарите езера во светот што преживувало 3 милиони години, езеро кое го создаде еден од најубавите градови во светот - Охрид, кое ја зароди првата Словенска православна црква и стана лулка на Македонската писменост..., Ваше езеро.
    Денешниот еколошкиот амбиент во државата ни е:
    Фекалии во Дојранско езеро, екоцид во Охридското езеро, отровен воздух во Битола и Скопје, испосечени дрвја во Скопје, задушливи депонии во Тетово, вода за пиење со арсен во Гевгелија...
    Поради криминал, клиентелизам, полтронство и колективна неодговорност, си ги упропастивме нашите сопствени животни ресурси. Државата ни е на раб на еколошка катастрофа.
    И за ова никој не е виновен. Туку сите сме заслужни!


    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, sparklie, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  17. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    А кога си планирала уште од претходната недела фарбање,шишање,фенирање и мачкање нокти,па и термин закажано за утре ама си ги потрошила парите зошро мислиш дека кога ќе дојде ден за разубавување ќе никнат од негде ама ги нема се стопиле со снегот па така со пола уста се јавуваш и откажуваш све ;(
    Ако ти е за некоја утеха... :worried:
     
    На cresa-jagoda, "Zoki" и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.281
    Допаѓања:
    157.918
    Koлку малку треба за среќа?
    А уште колку помалку треба за да признаеш дека не си среќен?
    Признанието е чекор до излекувањето.
    Веќе некое време не се чувствувам среќно. И тоа е ок. Никој не е виновен, а најинтересното е што не чувствувам револт према никого, ниту пак фрустрација, едноставно е тага која ја носам со себе, прво беше па добро, ајде белким ќе биде се ок, после беше, па добро за некои работи треба време, па после беше уф ајде уште малку, па после беше... хммм да не е до мене и болно себеиспитување кое даде одговор - не, не е и не можеш да влијаеш ама баш никако, потоа беше лажната надеж и ветувања од секој некој, па после беше безнадежност и веќе е тага. Сакам барем еднаш да се налутев силно за да излезеше сето ова од мене.
    Немам ни лажна маска да го скријам, освен каде што треба. Не викам дека нема убави моменти, не викам дека не се појавуваат зраци на надеж и среќа, но тоа се моменти.
    Вака е веќе некое време... и често помислувам дека е тежок и лош сон.
    Можеби е состојба на ум, и веројатно е. Како што реков... признанието ама вистинско, од срце менува перспектива.
    Менторката ми вели - мораш да изодиш зошто сама си побара, се е дел од процесот.
    Процес кој трае долго... многу долго... се чувствувам како дело на Кафка.
    Колку рани се отворија, си ги лижам како кученце удрено од кола, се прашувам дали некогаш ќе заздрават.
    Ќе се посмеам тука... ќе ја прочитам Рефка ( и без лицемерие и трошка лага, ме смее секој нејзин пост, ако е амбивалентен или па тажен, сочувствувам и со тоа, како некоја далечна роднина со која сум пораснала и сега живееме многу далеку и чувствувам потреба да го кажам, не знам зошто, ама чувствувам потреба) ќе се насмеам. Ќе се јави некоја другарка, ќе споделам... но тежината е тука. Да можам да променам, да зависи само од мене, ни момент не би останала тука каде што сум.
    Си велам, да ја променам перспективата на гледање и да прифатам. Да, проблемот е да прифатам и да се помирам кога немам моќ да променам и да избегам.
    Сакам да ми се случува имагинарен проблем кој пука како меур од сапуница со секое будење во реалноста, сакам да биде минлива глупост.

    Колку малку фали да признаеш дека си несреќен?
    Во овој свет со овр хепинес полушн и силувачки пораки за тоа како ти мора увек да си среќен создава нереална слика дека се што отстапува од нештото наречено среќа како да си на супстанца нешто не е во ред со тебе.. Ок е да си несреќен, лошо е како си депресивен без помош.
    А што е поголема среќа од тоа да се тие околу тебе здрави, а и ти со нив? А и што е поголема среќа да ја живееш својата правда, а не да се тепаш за нешто свое зошто некој е алчен? И при тоа мислам буквално на се...
     
    На Buttterfly, Gosh, cresa-jagoda и 30 други им се допаѓа ова.
  19. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.868
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам одсекогаш сум ги пропуштал убавите настани од три причини или немав време или пари...Или одлучност.
    И утре кој не знае има Игор,Сашко Коцев и Тамара па си реков Диши длабоко Жан баптисте ти мораш да одиш макар Плутон е ретроградно со Марс или Сатурн и се качил на Венера.
    Појдов и купиввв...ама скапа...Изгор.
    Е па баце тражио си плакај.
    Ми вика таа Ама дечко ке има и Шведска маса....ааа па така кажи сестро дека ке е на нивоу да носам смокингот :)
    Лугенца ако иде некој нека пише у ПП да знам да си кажеме едно здраво бар тамо ;)
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    Држење за рака и бесцелно скитање. Погледи. Од длабоките,суштинските. Не многу зборови. Сосема малку. Дека зборовите не се доверливи и сигурни гласници на мислите. Зборовите грешат. Мамат. Извртуваат. Каснат. Порануваат.НЕ! Без зборови. Со погледи,со насмевки,со допири. Посигурно е така.
     
    На cresa-jagoda, Crna Dama, MiloMalo и 1 друга личност им се допаѓа ова.