Некоја будала рекла: ,,Не го сфаќајте животот пресериозно, и онака нема да излезете живи од него." Погрешно, многу погрешно. Да ги засукаме ракавите и да ги земеме работите во свои раце.
И јас исто го имам прочитано ова и ми остана некако во глава, не е будала тој што кажал дека животот го сфаќаме премногу сериозно, напротив, будали се тие што мислат дека животот е сериозен
Увертира у мрчаторски пост Океј, може ќе звучам грубо, ама рили, луѓе, ако сте лошо расположени или имате некоја мака, или кажете си ја или седете си дома. Е значи, свашта! Те моли за кафе и кога идеш, весел со ентузијазам, како и секогаш, спротивната страна да си молчи и да и ги влечеш зборовите со клешти, мислам, или get over it или get over yourselves . Сите имаме проблеми
Валентајн, се сакаат само на тој ден ... Па треба секојдневно да ви биде тој ден, сакајте ја девојката, а и она нека си ве сака, ширете љубов не нозе и лајкови, озборувања и омраза, животот е песна, полесно се прикриваат фалшливите тонови во хор.
Сакам да ви кажам дека дури и УЈП ми вика дека сум (сме) Лузер(с) ... Па ајде не и верувај на една ваква поштена институција ...
Толку многу го сакам турскиот јазик, песните турски ми се преубави, најголема желба мие да ја видам турска, исто така и сакам да го учам турскиот јазик.
Љубезноста е нешто што слепите го гледаат, а глувите го разбираат. Таа ги отвара сите порти. Каков и да си ако си љубезен си убав и точка. Што е убавината без љубезност... ма нѐ, не е убавина тоа. Сите надворешни убавици можат да си ги подвиткаат опашките кога ќе се појави некоја со внатрешна убавина. Еден убав збор може и те како на некој да му го осветли денот, а нас да ни го промени животот.
Бројките ми биле одсекогаш предизвик. Ако заборавам датуми,битни. Некогаш барем памтев тел. броеви. Сега едвај регистрација си знам. Ако е истечена. И за тоа се бројките виновни. Ми требат голем број а јас имам нешто ситно. Ама по цел ден ми се пред очи,низ памет,табели,дигитрони,на хартија. Бев го подзаборавила филингот кога чекаш одреден датум од месецот,и одредена бројка. Чекам. Малку премногу рано почнав да чекам,ама признавам,чекам. Малку,премногу Очни капаци паѓаат. Блазе им на оние што знаат да се организираат,куЧа,посао,деца и пак време за социјалните мрежи на претек. Се тешам дека негде потфрлиме.
Сдк Дали е нарушување на угледот или е вистина во брашното на Жито Лукс пронајдени бубачки Ина фина го постирала на фб ми мати памет нешто,научени се доста јаки имиња на фирми да бидат поплукани е сега мисли му ја До ден денес не се случило вакво нешто барем кај мене дома а и лебот им е добар.
Сосема случајно ми текна порано во времето какви психички тортури и правев на мајка ми. Пример нумеро 1: - Кога имав 3-4 години мајка ми полагаше за кола, а инструктор и беше еден куќен пријател што ќе го наречам Никола. Во тие години љубопитоста расте, нови зборчиња се учат и се ти е интересно, и од нигде никаде тој период почнав да си кажувам дека Никола и е дечко на мајка ми... Еден ден беа собрани повеќе луѓе низ дома, јас на цел глас почнав да викам: - На мама дечко и е Никола...Секој ден ја зема од дома и си се возат низ град, а после мама иде дома среќна...Го сака Никола, тој и е дечкото нејзин... (Во собата беше и Никола, и жена му и татко ми, и 3000 други луѓе ) Мајка ми пропадната во земја...луѓето не знаеа дали е стварно афера во прашање, или детска фантазија Пример нумеро 2: -Пред повеќе од 10тина години, дејството се одвива на плажа во Будва. Ние фамилијарно појдени на одмор, а околу нас скоро секој ден се врткаше една надарена Србнка...поточно околу татко ми се врткаше...Прво сите го зезавме, ама после на мајка ми почна да и смета па престанавме со тоа. Еден ден појде мајка ми да купи сокови нешто, а ние седиме на плажа....се враќа по некое време и јас и викам: - Ех да дојдеше побрзо и видеше како тато и го мачкаше грбот на Србинкава...ГО замоли да и ставел крема и тато одма со трчање појде... Татко ми си се смееше, а мајка ми се налути и 10 дена не ни зборуваше...прво изигруваше бесни глисти, сакаше сокот во врат да и го истурела на жената, ама сепак реши да не игнорира. И кажувавме дека ја лажев, дека тоа е измислено ама не ни веруваше...и ден денес мисли дека тоа е вистина, и често знам да и го спомнам за да се налути
Ivanka Trump A great discussion with two world leaders about the importance of women having a seat at the table! Какви исцрпни дискусии водат... Ко селски деца за на вакцина, зевзеци. Свет ќе воделе они... Мех! Како кога бевме мали и кога ќе начекавме нешто интересно да се испентариме или кога ќе ја добиевме долгопосакуваната играчка, и овакви окезени слики, лилееее што добив... само овие добија цела Бела Куќа и цела наша иднина, мање-више.
Го обожавам мирисот на многу рано утро... Мириса на патување некаде далеку. Еве рецимо, летување Мириса на ново, неискварено, туку што почнато. Мириса на будење, на енергија, на живот, на свет. А денес нешто ми мириса и на промена.... Па ај на арно и за арно нека е! Добро утро!!!
СДК....Една кратка информација Пред да го празнувате СВ.Валентин помислете си пред се што празнувате! Кој е СВ.Валентин? Императорот Клавдиј Втори издал наредба: Младите момчиња што биле спремни за воена служба да немаат право да се женат ( помеѓу себе ) затоа што тоа ќе се одразело неблагопријатно за општиот воен дух на армијата. Свештеникот на име Валентин ја отфрлил императорската наредба и ги продолжил свадбените церемонии на влубените ( војници-хомосексуалци ) за кое и бил обезглавен. Посмртно католичката црква го провозгласила за ,, СВЕТЕЦ ,, Свети Валентин активно почнал да се празнува од американските хомосексуалци во 70-те години на минатиот век и од тогаш на 14 февруари започнуваат да се вклучуваат бракови помеѓу ЕДНОПОЛОВИТЕ!
^ Нема тука ништо необјаснето ми се чини. Останува дека сепак Валентајн е празник на љубовта. Ама ме мрзи волку рано да расправам на оваа тема Патем не ме интересира празников нешто особено
14 Февруари, ден обичен како и секој претходен и секој нареден ден. Љубовта ја славам секое утро секој ден не само денес денес не е само Св.Валентин, денес е ден на винарите лзарите Св.Трифун.
Ај што информацијата не е ни точна, а изворот ти е женски домаќински муабети, па и не си ни ја проверила пред да копираш. Во се што ќе прочитате на интернет верувате. А да не зборам што нема ништо погрешно во геј бракови и не знам што би пречеле на некој што не е во тој брак.