Св. Валентајн Ах денес денов што убав беше... Не, не, се шалам, не е ова таков пост. Оние луѓе што кога знаат нешто што ти не знаеш те погледнуваат со ширум отворени очи полни со потсмев како да си најглупав на светот. Само зашто знаеле нешто што ти по некоја случајност не си го знаел. И следува, не знаеш? Па како можеш тоа да не го знаеш? Така просто, можам. А ти знаеш Шекспир колку драми напишал? Не знаеш? Секој знае нешто што некој не го знае и обратно. Затоа полека малку со арогантноста.
Вака како овој празник треба да се слави почесто, може и секој ден ... - рече жената која продава цвеќиња ... ( И јас да продавав пиво, ќе сакав пиволенд секој ден да има .. ) Поз3З³ ®
Како што беше за очекување, денес на фб и инстаграм преовладуваат поклончиња, цвеќиња и романтични вечери. Искрено, никогаш не ме иритирало тоа. Всушност, претпоставувам дека од среќа и задоволство ги споделуваат. Од друга страна (исто за очекување) имаше и од оние кои пишуваа статуси за тоа колку fake е сето тоа, па не се славела љубовта еден ден во годината и слично. Една работа никако да научиме: ниту подароците, ни несподелувањето, ниту пак мрчењето за туѓите подароци не значи дека сте среќни. Зошто тогаш би ти пречела туѓа среќа,тоа што некој сепак добил некаков знак на внимание? Можеби ете таа девојка има партнер кој не може да си дозволи секој трет ден букети, можеби оваа која не објавила има посилна врска иако не добила ништо, можеби ни оваа која критикуваше не ја слави љубовта секој ден,ама ете, македонското, да умре козата на комшијата... Поентата ми е, остави ги луѓето да бидат среќни на раат! Онака како што сакаат и сметаат дека им е најубаво. Кој си ти да судиш? Па љубов е то, нека се споделува и умножува, секој ден ни пласираат црни хроники, зошто би пречела трошка љубов? п.с За сите кои сепак посакувавте но не добивте ништо, ви праќам градина од рози, многу топли прегратки и многу љубов. Не заборавајте, тоа никако не значи дека не сте сакани
Денес се е во знакот на Трифун или Валентајн Уклучувам вести: Трифун или Валентајн, анкети на социјалниве мрежи:Трифун или Валентајн, пријатели ме прашуваат: Трифун или Валентајн, не би ме изненадило уште фрижидеров да ме праша благо или вино?
Пријател е оној кој ќе ни помогне кога најмногу ни е потребен, а најмалку очекува да побараме помош од него во моментот. Другите ни се само познаници кои низ виорот на времето нема да забележиме дека постојат. И пријателите и познаниците ни се потребни. И од едните и од другите ќе научиме животни лекции. Од вторите, можеби повеќе од (не) очекуваното.
Денес за Валентајн сите мажи убави , срциња, мечиња , грижливи они лелеле... А утре, стани стоко една мрзлива за ништо не те бива.
Пишале дека УСПЕАЛЕ! Во што успеавте ? Во тоа што се сликавте(ме) во наметка и капа за апслоентско табло??? А диплома кога????Вистинка диплома? Не онаа црвената која што сите ја држите со тие излакирани црвени нокти! Како донација да ви е бил лакот. Но тоа е кога децата ќе ни пораснат тогаш и ние со диплома во рака вистинска.
За полуматура кога ќе се пофалат деца или родители ќе речат/пишат дека се гордеат со нив по тој повод - пффф, голема работа, клинци... само се описмениле, ехеее уште колку леб треба да јадат у животот... Истото за матура - пак од некого нема да изостане некое саркастично „браво“... па, секој завршува и средно денес, големото достигнување. Ете и апсолвентска и дипломирање според некого биле недоволно достигнување за некој да се израдува дека успеал на одредено ниво од својот живот и да го сподели тој момент на социјалните мрежи. Стварно? Зошто бе луѓе, зошто? Никогаш нема да можам да разберам вакво гледиште на вакви нешта, не...
Оваа па Бијонса претера со Богородица комплексот, мислиш она ја измисли трудночата како концепт, другите жени до сеа јајца несеа...
Види вака и јас сум апсловент! Не дека ми смета нешто туку сакам да кажам пола од тие ми се и колеги кои што и аат пишано успеав а пола и повеќе од предметите ги немаат положено од државна квота преминаа во приватна а јас што да кажам поради еден поен кој што ми фалешд влегов прва година во приватна квота и 12од 12предмети ми се положени,нема за мене ништо попуст а. Плус сега сум и жена,мајка и студент и ќе дипломирам здравје јуни с на време исчистено па не напишав УСПЕАВ! БИДЕЈЌИ СЕУШТЕ НЕ ЈА ДРЖАМ ВИСТИНСКАТА ДИЛОМА ВО РАЦЕ!
и во денешно време поготово во гиник.куманово како вреѓаат дека сме крави вакви такви .т.е ја вреѓаа една со мене што се породи
Токму кога мислам дека луѓето одат напред, гледам дека уште некои веруваат во магии, гатачи, некакви си пирамиди кои штителе од електромагнетно зрачење и ширеле позитивна енергија, потоа изигруваат научници кога станува збор за безбедноста во домот или тоа што се јаде, ама само прочитале негде де... А јас пак се надевам дека овде ќе бидам успешен молекуларен биолог...
Значи да не можи чоек да излези од дома и беља да не напрај! Излегвам од дома,бев на психотерапевско предавање,на ѓоа да се заинтересирам за психологијата,па на враќање во нормала после парадоксо со @theowndemon шо го доживеаме,па после се најдувам со комшиката,уствари другарка ми де...е тука почнува мојата минијатурна глупост.Одиме го шетаме нејзиното куче од Широк Сокак со кај паркот некаде кај Техничкиот факултет и сега на враќање тука кај Тобако изгледа негде беше,јас ја извадов раката од џебон на ѓоа да си го наместам косиштено и оп несвесно паломата сум ја извадила и паднала на Широк Сокак.Печат од мене Е сега кога пак ја клавам раката во џебов,не ни осеќам дека нешто ко да фали.Стигам пред влез и чувствувам нешто ко празно во џебојте,провервам...и ми текна шо напрајв. Ај ова е минијатурен резил,еми коа се залетав како Бетмен на факс за малце шо не се истепав? Затоа мајнето либето ме вика Бетменка,поздрав комши @theowndemon
Секoгaш велaм декa немa пoубaвa женa oд труднa женa. Амa пa мaфтaње сo тaкoв гoл стoмaк вo јaвнoст некaкo ми е too much.