Ги знаете оние денови кога ништо не ви оди од рака? Ете таков е мојов... се наопаку, настинка, нервози, мало нечие повишување на гласот и мене одма солзите на очи Ги мразам ваквите денови, кога се чувствувам толку беспомошно, слабо, се и сешто знае да ме повреди... врв на сето тоа лошово време. А најмногу што мразам е тоа што во ваквите денови, тој најмногу ми фали, да ме смири и да ми каже дека се ќе биде добро...
Свртев нов лист. Периодов ми се случуваат убави работи излегов од конфорната зона. Многу сум среќна и преморена! Не сум свесна за работите што ми се случуваат. Ми летаат деновите за ништо немам време, за некој ден и ќе си ја земам првата плата. После година ипол барање работа конечно според струка најдов! Во сектор што сакам да работам и да се надоградувам! Не беше воопшто лесно, напротив не исцедија на интервјуата... Од друга страна една другарка наместо да се радува за мене зајадлива, одма ликот и се смени. Небаре така ми ја поклониле работата. Имам бело влакно на 23 години од нервози и стресови, ама ја верувам во другата теоријата дека носи среќа. И еве ја мојата во исто време го добив со работата. Ајде, лека ноќ феминки, и никогаш не се откажувајте. Кога најмалку се надевате, од 100 cvја на она кое најмалку очекувате ке има позитивен фидбек. И другото понатаму е ваше да се докажете и покажете по што се разликувате од другите.
Се гасам и тргам од реалност. Некако премногу ми дојде. Време ми е за одмор, а веќе и сум изолирана секојдневни настани.
Пола соодветни теми се испозатворени, ама овој твит не може да биде повистинит за да биде споделен и пошироко. Martin Nikolic @Martin_Nikolic · Apr 23 Ако човек, без око да му трепне, прикрива убиство...дали би имал морални кочници да прифати 500000 евра? За Гордана Јанкуловска прашувам
Јас ги обожавам луѓето со карактер т.е упорни,знаат што сакаат,бунтовници за неправда и.т.н да не набројувам...ама да се инаетиш како коза на мост за банални ствари и да филозофираш као да си најпаметен у свет...е на такви ми се иде да се смееам шест дена ...немаат ли попаметна работа?
Најубаво е кога имаш некого до тебе што во секој момент е тука да те ислуша,да те насмее,да ти помогне...да те сака со неизмерна љубов и да не бара ништо а возврат Имајте добра ноќ
СДК ... после подолг период тука ... Верувајте во себе, имајте сигурност секогаш, имајте контрола севкупна на својот ментален склоп ... Имајте ставови ван овдешнава ментална средина, гледајте по отворено и давајте шанси што повеќе ... Ризикувајте. Не градете бариери, не се држете до принципите строго, не ни осудувајте ни ти гледајте во туѓиот живот. Живејте го својот онака како мислите дека треба, имајте коректност, имајте пристап и прилагодливост кон другите. Дистанцирајте се од се што ви создава негатива и депресија. Грабајте шанси, се додека тоа ве исполнува и ви дава позитивна насока и енергија. Дозволете и на емоцијата да живее во каков и да е вид и форма. Нека не ве плаши ништо, стравовите соочете ги со себе. Пробувајте, не знаете каде е вашата среќа ... Сакам да кажам, живејте отворено и живот за себе ... Се она што макар и на момент ќе ве исполни со позитивна енергија нека биде ваше. Па макар и на кратко. Животот нема реприза. И да, во љубовта и интимата нема никакви правила.
Го знаете ли она чувство кога сте лесни како пердув? Кога барем извесно време ништо не ви тежи на душата. Кога Мозокот не се уклучува баш пред спиење и не ве замара со беспотребни глупости? Кога чувствувате дека сте среќни, безгрижни и никој не ви е рамен. Кога знаете дека имате некого на кој можете да се доверите и да ви помогне во било каква ситуација. Кога знаете дека сте сакани. Кога се полека ви се средува. Успеав, конечно, да си го средам животов, да направам некаков распоред во него. Да тргнам по своите сонови, да ги остварам своите никогаш неостварени планови. Да сакам, почитувам... Да ме сакаат, да ме почитуваат. Нека потрае ова, барем некое време.. Не мора да е долго... Само да ги гледам луѓето среќни околу мене. Лека ноќ.
Какво милениче имаш ти дома? ПРАСЕ!?!?!?!?!?!?!? Вистина е слатко прасенцево , ама дома да го чуваш? И да јадеш од иста чинија со него ? О Боже !!! https://www.youtube.com/watch?v=e0Ma4qnEfZE
Одвај чекам да завршат овие избори ми скиснаа веке овие реклами кај и да пуштиш само политика и тоа по 15 минути траат
Конечно по „напорен“ ден сум смирена, мислев ќе полудам денес, си добив напади на моето често лудило (на астма, како не). Него читам Андријана Лима секој ден минимум по еден час вежбала во теретана и трчала, кревала тегови, вежбала кик бокс и внимавала на исхраната. :up: И јас сакам личен тренер ама нема, па си направив логика или ќе си земам некој нутриционист за маж или кик боксер (али тоа не ми треба доволна сум си самата (не е тоа друго е ама нема врска) ) или некој по трки што е и таман личен тренер што убаво ќе ми е. Каква логика од мали нозе (ау колку се мали, бутови од тука до Драчево, висина ко една фотелја мали биле тие), сите се спремаат богати да земаат, јас личен тренер си барам. Па добро еве го огласот е ставен се бара некој од горе наведените, пријавување во ЛП. (огласот важи уште 10-15 години не брзајте имате време, хаха). Инаку трезна сум, само пијана сум кока кола и нескафе да се отрезнам. Тресам глупости, ајде добра ноќ, утре 3 часа, од 3 одд не сум имала толку малку часови, ама не одам во училиште, уствари ќе видам, зошто да не одам пфф ми е гајле кој бил таму, демек принцовите и принцезите.
Ако има некој херој на форумов што разбира германски го мооооооооооолам да се јави во ЛП п.с. ми треба превод на една реченица, а ептен сум тапа германски
Конечно најдов како се прикачува youtube видео на форумов Каде ме најде сега оваа настинка, 3 години не сум настинала Велигден + гости од странство, куќава преполна со јадење, дај некој нека дојади да не бидам само јас, морам на диета сместа
На неколку пати само стискам на нов одговор, ама не знам што да кажам. Исто како што отвораш уста да изустиш нешто, ама не излегуваат зборови. Имам мотивациски запек. Да бидам искрена не ми се ни излегува негде, луѓево се сите исти, тмурни, намрштени, набиени со негативна енергија, само да се допреш со некој случајно на улица во поминување ќе ти удри еден крвнички поглед, ко најмилото да си му го земал. Не ми се ни гледаат фаците, одма депресија ме фаќа. Или со кого и да се видиш, без разлика, сите кукаат како немаат пари, каква сиромаштија е, на кој и да се јавиш за едно кафе го добиваш истиот одговор. Немам пари бе брат. Ако една реченица треба да се прогласи за реченица на деценијата тоа ќе биде таа, немам пари. А трагичното е тоа што се оди на работа, се црнчи, на крај пак се нема пари. Мојата одвратна, депресивна, тажна, земја Македонија.
Конечно денес сум во подобро расположение за разлика од изминатива 2 дена . Сфатив дека тоа што било поминало и не може ниту да се поправи ниту да се врати . Се каам за постапките кои ги направив , и што си ја изгубив шансата која ми беше пружена ама тоа е тоа . Си ја научив лекцијата и нема веќе да ги повторам истите грешки . Ќе продолжам да се носам со жувотот како што јас знам и ќе се потрудам да не грешам повеќе . Инаку денес денот е прекрасен , сонцето се пробрива низ облаците и се е некако поубаво . Денес сум на тренинг па тоа уште повеќе ќе ми го поткрене расположението . Имајте убав ден феминки .