Е, кога веќе го спомна ова не ми е јасно зошто секогаш повеќе значење се дава на матурата (моите за матурата се однесуваа како да ќе дојде крајот на светот, а кога диоломирав и кога одев на апсолвентска прослава никој не ми рече "на еве ти 50 денари чоколадо купи си'' што се вели зборот, а тек за парче облека да не правиме муабет. Зошто дипломата од средно повеќе ја ценат некои луѓе од факултетската? Инаку, да некои од втора имаат испити, па прават шминки фризури, лакирања и што ли не, а сеуште имаат по некој испит од втора година. И уште пишале Апсолвент на сликата. Убаво кажа една колешка кај мене на факултет: "Не идам на апсолвентска прослава нема што да славам, имам уште 2 години да студирам минимум“.
Лесно е во истиов момент да наброиме бар неколку нешта кои не ни се погодени, колку тоа нам ни фали, колку немаме среќа, па да се жалиме,да кукаме... А за она другото? Убавото? Позитивното? Ми заврши еднонеделната мисија која си ја имав поставено. Секое утро,во првите 3 минути после будење, запишував импресии од минатиот ден под наслов " среќна сум што..". Ги разлистувам,и заклучокот е - прва мисла секое утро ми била "среќна сум што се будам утрово"... Благодарна сум за секој нов ден. Среќна сум што сум жива, здрава, слободна, денот ми нуди огромен избор и еден мал милион ситници за кои вреди да се живее. Среќа е што ме нарекуваат 'мамичко', мојата насмевка буди нечија друга, мојата прегратка лекува, моето тело храни друг човек, мојот труд одржува едно семејство, моето смешно пеење носи радост на моите деца, моето аматерско готвење ги нахранува... Радост е што имам пријатели кои дури и виртуелно ме прашале " како си?", пријатели кои иако со километри се далеку, мојата витруелна прегратка им избришала солзи. Радост е кога сестра ми прво мене ми звони да ми се пофали... Што татко ми, иако му забранувам, секојдневно објавува мои слики на фб и ги насловува 'мојата гордост'... Радост е кафето. Радост е книгата. Радост е песната. Радост е топол туш. Радост е топлата постела. Радост е секое ново будење. Секој нов ден.Животот! Радувајте се!!
СДК некои денови навистина ми недостасува брат ми. Како денес. И ќе дојде и ќе појдеме, ама не е исто. Изгледа пак ќе се купува некој спонтан билет
Тури и пепел на љубовта која ја чекате еден ден за само да се исфурате,љубов е секој ден,секој миг,секое издишување.
Љубовни пеперутки се викаат тие. Ваљда на нив мислиш. Таквите пеперутки се вечни, некогаш се повеќе активни, некогаш помалку. Туку ајде средично (средски, средички, како и да е) нека тргне денот со . Тргнав да пишам понеделнички. Сум изгубил ориентација за време. Опиен од љубов и вино. Се надевам екстра си поминавте вчера на Св. Валентин или Св. Трифун кој што славел. Јас ги славев и двата празника. + = Спојлер
Толку многу поклони се изнагледав на инстаграм вчера,што ако добиев и јас, мислам дека ќе му го треснев од глава на дечкото Значи стварно, како само вчера да е денот за "изненадувања" и поклони. Што знам, за мене не значи ништо тој ден И многу е глупаво што поклоните се очекувани, а убавите работи се тие што се случуваат кога не ги очекуваш
Денес ја спремам пролетната гардероба па што сака нека биде. Некои викаат дека повторно студот ќе не изненади ама мене од денес ми е пролет и точка.
СДК само јас знам да ги скцам двата мали прста на нозете. На дел од ударите се сеќавам, дел и не ги приметувам. Само јас имав скршен мал прст. Ок, несмасна сум знам. Паѓам на прав пат. Само детево да не е на мене. Инаку добра, денот убав, сонце и 12 степени. Трчање, шетање, лулашки. Деновите исти. Безлични. Битно сонце има па ја разбиваа онаа меланхолија. А на сонце, како да не си насмеан.
Ова сонцето што излезе, после тој студ како непланирано да ги огреа лицата на некои луѓе, кои дрско, ете така дрско и самоуверено ме гледаат кога знаат дека не сум заслужила така да се однесуваат, кога знаат дека не е тоа улогата што треба да ја имаат сега во мојот живот......... Како да го огреа нивниот дрзок лик, кој бара да им се извинам, да извинам што конечно сфатив: извинете што не може повеќе да ме правите будала, извинете што повеќе не можам да играм по вашите правила!!!!
Соништата се остваруваат. Само за оние храбрите, кои ги имаат и најлудите, и на прв поглед неостварливи желби. Трпението се исплати, а непроспиените ноќи и солзите се надокнадуваат со насмевки.
Gledam ovie moive vrsnici uste se lupaat od zemja na koncerti od tipot na paul van dayk kako i da e i martin garex i se cudamm.Da sekako na 15 do 17 18 godini bea interesni oni imas sila energija da se lupas od zemja na takvi pesni ama sega :/.Aj neka pozejmat od vozbudata i energijata poso vo mene ja nema
СДК Човек мора да си има некое свое тајно место, каде несметано би можел да прави глупости. Правењето глупости и тоа како му е потребно на здравјето. Слободата да се прават глупости е здрава привилегија за која мораме самите да си се избориме!!!! Но, нека бидат слатки и симпатични, а не тешки и штетни по другите, па и на нас самите........
Не само тоа, if we do the math, излегува дека сите луѓе меѓусебе сме најмалку 50-ти братучеди. А ако сме од иста раса веројатно е дека поврзаноста се спушта дури до само 10 генерации. Така што, жалам, ама сите сме роднини со Трамп.