Ти како мојата комшивка : ,,Како ме нервира свекор ми, секој ден рано насабајле уште во 13 часот не буди...ко се растропал...,,
Животот е учителка. СДК дека секој човек ќе си добие животна лекција и ќе ја полага истата пред самиот себе Порано или подоцна... Полесна или потешка.. Ке положи и ке се исправи или ке ,,падне,,. Ова колку да не се прашуваме зошто нешто ни се случува. Колку да не бараме одговор на прашањата на погрешно место.
Ама навистина кога си преуморен од се и сешто на овој свет, очите ти клапаат организмот ти се тресе кафево најубаво е, некако најпивко уз сонце, свеж воздух и по некој звук од птиците рано наутро. Ти се чини цел свет е твој, дишеш и уживаш. И после среќата не била во малите нешта. Е, за тој што знае да ги искуси!
Љубоморне душе може да га попуше ете така ....не сум вулгарна личност ама преку глава веќе од љубоморниве колеги на факс
Животот е прекрасен. Да ми кажеше некој дека луѓето со нивната негативна енергија и злоба можат толку да влијаат врз мене и да ја уништат мојата позитивност немаше да поверувам. Мило ми е што таа се враќа, а за тоа не е заслужен никој само јас сама. Внимателно бирајте со кого се дружите, подобро да стоите сами отколку со луѓе кои ви ја цицаат енергијата, или пак со лажни пријатели.
Сакам да кажам дека ако некој ми отвори профилот на фејс изгледам како скоро да имам социјален живот.
Обично околу ПМС ме дрма депресија, лоши мисли, а и јас хипохондрик, си правам страшни филмови. Ама човек, па нормално е. Знам само дека вежбањето и намалувањето на кг ми влијаат на самодовербата. И поубаво ми е. И среќата е во малите нешта и во син ми. И е. И така е. Како на пример некни спијам и чуствувам товар врз главата. Не можев да се подмрднам. Се будам и го гледам качен врз глава ми спие. Го поместувам и ми вели "гуши мама" (гушни ме мама). Епа среќа е!!!
Реченицата која на секој маж му втерува страв во коски, во секоја прилика кога треба некаде да оди со својата сакана - "Не знам што да облечам". Spoiler Лажам - пострашна е "Немам што да облечам".
Дома на маса останала една банана, цела поцрнета, го приметив брат ми како се двоуми, дали да ја јаде или да ја фрли, му велам дај и барем шанса, олупи ја под таа лушпа се соголи совршено свеж плод ..... истото е и со некои луѓе
Не престанувај да се смееш,дури ни кога си тажен,бидејки никогаш не знаеш кој може да се заљуби во твојата насмевска.