Другарка ми одеше пред мене и од џеб и падна пакетче со мастики... И викам: Јас: - Еј... Мастиките... Таа: - Што? Не те слушам. Немам мастики. (се врти кон мене) Јас: - Мастикиве ти паднаа... Таа: - Ааааа ми паднале... Мислев ми бараш. Моментот кога го гледаш вистинското лице на другарката... По мастиките може да ја видиш душата на човекот...
Преги го држам. Тоа малото раче обвиткано од ракавичката на шпхозните ми ја забоде в нос, толку прекрасен мирис во животов не почуствував од неговата кожичка, не може да се измери ниту со најскапиот парфем од илјадници евра па колку год и да се трудат дизајнериве. Некои работи што зрачат и значат дефинитивно не се купуваат со пари. Не.
Слушалки на уши и се изгледа подобро. Наоколу формите добиваат различни бои, луѓето различни приказни. Некако добро се чувствувам. Деновиве се чувствувам убава. Во секоја смисла. Животот никогаш нема да биде совршен, моментите се. Деновиве имам многу обврски, мислам дека денес конечно имам некој саат повеќе за ништо. За зјапање во ѕид и слушање музика. За себеоткривање можеби. И ѕвездите експлодираат. И формираат магична слика во вселената. И формираат малечки ѕвезди. Можеби треба и јас да експлодирам. Не во физичка смисла на зборот секако. Ама не е се така едноставно. Деновиве... ќе поминат.
Многу пати сум кажувала за ова, ама пак ќе си кажам. Денес добив еден совет - Ако размислуваш да студираш нешто од област на природни науки, заврши факс и бегај од овде, особено ако имаш големи амбиции. Во право е. Знам што сакам да студирам, што сакам да работам, знам што ќе ме исполнува. Ама не знам што од тоа ќе биде. Ако се решам да останам овде до крај, ризикувам да не го работам тоа што го сакам. Ете ќе завршам факс и после? Безнадежно ќе чекам нашава чудесна земја да се издигне на некое ниво, овде да се развие наука, ќе чекам на некого да му текне колку сме назад, некој да почне да ја цени науката. Или пак ќе работам што прво ќе ми дојде. Викаат работа си е работа, ама ако работата не те исполнува, ако работиш само за пари, не е тоа тоа. И нема да ми е сеедно ако не бидам молекуларен биолог. Ако на крај сè ми пропадне во вода, јас самата ќе се чувствувам ништожно, не мора никој да ме жали. Ниедна професија не е за потценување ама некои се преценуваат, други сепак се потценуваат. Оние што се доктори се премногу ценети, без разлика какви и да се. И јас секако најмногу ја ценам медицинската професија, ама само оние најдобрите доктори, кои навистина си ја сакаат професијата. Штета што и оние другите што така поминле, се на многу повисоко ниво од некои луѓе. Еден мој професор рече - Кај нас, и најлошиот доктор е на повисоко ниво од најдобриот физичар. Уште ми викаат некои премногу сум била оптимист и амбициозна во врска со иднината, многу сум сакала напредно да работам. Епа сум, во споредба со овдешната реалност. И некои мои врсници се интересираат за насоки кои воопшто не се развиени овде Ќе ми рече некој пробивај се. Е ајде, ама како? Туку така сама? Како да се пробивам кога немам ни од каде да почнам? Како да се пробивам кога оној што треба да му е гајле, не се нтересира да ја развие мојата област што ќе ја работам. Ќе бегам, прва прилика ќе бегам. Тешка одлука ме чека. Само им благодарам на сите оние што свесно и несвесно ми ја уништуваат иднината и ми ја затвораат амбицијата.
Најтешко е кога не ти останува ништо друго освен да се молиш и да чекаш... Збор не можам да изговорам, во грлово како да сум испила пелин. Бар да пишам да не ми стои во себе неизговорено...може ќе ми олесни. 4 години неизмерна среќа од само љубов, а се друго, ништо друго што сум сакала и сум се трудела не ми се остварило. И секогаш удира по здравје...е таму те боли најмногу. На свои, на себе...немам бел ден. Што е толку големо да посакаш само мир и здравје? Само сакам да заспијам и да се разбудам кога се ќе биде добро. Предолг и хроничен периодов на лоши настани. За него и моите најмногу ме боли, на себе ќе истрпам се...
Си помина и оваа прекрасна вечер со моите најмили, и најсакани. Внучка наполни 9 годинки душичка моја Душава мие полна со радост и срека вечерва патем посекако се напив две чашки пивце и онака не сум се напила од многу одамна, баш убаво ми дојде, ем ладничко беше, ем ме освежи.
Добро бе како не се осеќате дека сте досадни со тоа телефоните во рака дур сте во друштво?! Како не ви е мерак да си направите два три реда муабет со сите? Сфаќам да е итно од работа, па да праќаш мејлови ама за фб и инста не можам стварно. Па уште кога ќе те станат у сред кафана ај едно селфи!! Еејјј позадинава не е убава... Еејјј... Еејјј.. Еејјј смору!!!! Све тоа би избришала ништо да не постои, гласовите и очите си ги заборавивме... Не сум за ова време. Транспорт за друго молам.
Вo врскa сo муaбетoт нa @Baby-bubu : Ајде дa се сoбереме ние некoлкуминa штo сме "стaрoмoдни" сo oвa телефoниве и сoцијaлните мрежи и дa се пoдружиме нa рaaт.
Во некои денови имам мотивацијата до плафон, во други сум падната на дно. Тогаш кога сум падната сум најопасна, затоа што всушност земам залет.
Јас сум за да се донесе закон за мобилните телефони,како што е во Холандија,да не смее да се седи на кафе со мобилен,едноставно да се стават шкафчиња во кафичите и на влагање да се оставаат телефоните во шкафчињата,само така ке ја подобриме менталната свест на народот,и ке го вратиме она старо дружење и почитување на блиските.
@Tan4ence Пушти ги луѓето нека зборуваат. Нека кажат дека го гледаш светот со розови наочари, дека овде е црна иднината, дека во странство не цветале рози, дека многу леташ во облаци. Нека речат дека и тие имале соништа, ама сфатиле дека се неостварливи и се откажале прерано. Дозволи им нека ти покажат како изгледа светот за нив, таков црн и без иднина. Пушти ги нека ти се смеат на лудите желби, нека го исмеваат твојот оптимизам, нека зборуваат за тешка работа, а малку пари, нека пробаат да те убедат дека е невозможно да го следиш сонот, да го пропатуваш светот, да бидеш среќна. Остави ги нека кажат што имаат. Но, длабоко во себе, не дозволи да им поверуваш. Не зашто лажат, напротив. Тоа е нивната вистина. А ти ќе ја изградиш својата вистина. И тоа онака како што сакаш. Зашто тоа е нивна дефиниција за животот. Ти се допаѓа ли нивната? Тогаш, не ја прифаќај. Напиши своја. Навистина се надевам дека ова не звучи само како мотивирачки, филозофски текст. Иако можеби сакам да биде убаво напишано, секогаш има вистина во моите постови.
Убаво би било Пред две години се сеќавам,бев во кафич и немав влкучен интернет на сметката а во кафичот не функционираше wifi, па замислете каква бев, само јас ко идиот се пулев во езерото, во луѓето околу мене, а сите со глајте навалени зркнати во телефоните
Ви се има ли некогаш случено да се заљубите во некој од автобус, она со разменување погледи, со насмевки, со се', и повеќе никогаш да не го видите? Јеп, и мене ми се има случено, ама ова сега што беше ми е за прв пат. Се враќам јас од фризер, делумно задоволна си ја гледам косата и си го галкам андеркатот (велам делумно зошто се олеснив за 1500 денари за шишање, чупање и купена паста за обликување на косата ) и во автобус се качуваат двајца момци. Отпрвин се опулив во едниот, ама си викам мех ништо посебно, е кога го видов другиот... очи не симнав до крај на заедничкото возење - односно Рекорд. За чудо, дечкото вообичаено не е тип во кој јас би се загледала, ама изгледа ме освои преслатката насмевка, убавите бели запчиња, не знам што беше точно ама срце ми беше. Туку, ги заслушав што зборат и гледам некој дијалект ми тераат... Инаку, да не бидам погрешно сфатена, апсолутно немам ништо против дијалекти и други градови, туку интересна е ситуацијата што во последно време, сите момци што ми се допаднале испаднале да не се од Скопје. По се изгледа, ќе бидам снајка негде низ Македонијава, само во Скопје сигурно не. Anyways, назад на приказната, според зборењето сфатив од кој град е, и дека мноогу му било тешко на факултет, иако за жал не разбрав на кој, и само си реков фала Богу што не е средно, оти мал некако ми се виде. Откако се симнавме од автобус, се помирив дека најверојатно никогаш веќе нема да го видам и си тргнав накај дома. Арно ама, следниот ден кога се враќав од Рамстор, одам по ул. Македонија кога оп, ете го пак! Ме позна и он, така се погледавме убаво, мене сигурно ми избегала некоја несмасна насмевка и си го продолживме патот. Другарка ми ми рече ако го видам следен пат, трета среќа било, да го застанам да му земам број. Искрено, ми требаше некоја ваква ситна, ама пријатна работа да ми ги оттргне малку мрачните мисли и ситуацијава во која се наоѓам. Некако, малите работи најмногу радуваат.
Здраво здраво! После долго читање дојде ред и јас да се зачленам на форумов и ете првото мислење во мојата омилена тема. Да не бегам офф топик сакам да кажам дека сум нова на форумов, долго време ве читам, се соживувам со вас и решив да ви се придружам. Форумов го доживувам како големо виртуално семејство, па луѓе тука се запознаваат, се советуваат, си помагаат, се караат, се навредуваат, но на крај пак сме сите тука. Уживам да ве читам девојки, едвај чекам да се вклучам во некои дискусии што ги меркам одамна и да дебатирам со некои од омилените членки. Да кажам и нешто за себе. Имам 28 години, по професија сум економист, веќе 5 години работам во банка - една од поголемите во државава, во тазе врска, спортувам, искачам, обожавам животни, многууу сум комуникативна (се надевам го поминав интервјуто за зачленување на Фемина ). Имајте убав ден девојки, се читкаме низ темиве.
Кога спомнавте телефони,интернет ми дојде нешто на ум. Одсега кога ќе искачам со такво друштво што зјапа во телефонот,ќе го земам кучето со мене во кафич бар со опашката ќе мафта ако не може да збори. Кај си браат? Еве со кучето пиеме кафе во Цити мол