Ако се плашиш дека некого ќе изгубиш, тогаш изгуби го па нема веќе да се плашиш. Ако се плашиш, значи немаш доверба... ако немаш доверба, значи нешто не е ок... ако нешто не е ок, само дозволи нека оди...
Неколку факти за Турските серии: 1. Ако си главен лик, и тие уште 2-3ца постојано сте во кадар каде и да сте, сами сте. 2. После завршена интеракција ликот продолжува да размислува со поглед кон далечината преку прозорецот. 3. Главниот лик процентуалната веројатност да е богаташ е 98%. 4. Ако главниот лик е богаташ, секогаш се наоѓа во скандал кој го објавуваат сите медиуми и го дрмаат Истанбул. 5. Богаташите постојано се со чевли/ штикли/ патики. Дома, на работа, на кревет, додека спијат, одмораат во дневната. 7. Богатите имаат толку многу пари и моќ, што воопшто не работат а имаат неограничена сума на пари на нивната сметка. 8. Не забележа дека точката 6 отсусвтува. 9, Кога ќе се jават некому на телефон, тој е секогаш достапен и одговара со зборовите. " Добро, веднаш доаѓам" 10. Кога на маалската улица ќе се случи некакво дејство на расправија, ако некој му се слоши за миг цела населба е на нозе и доаѓа на помош. Иако било 3 часот наутро ... ПозЗ3³ ®
Белегот кој некогаш сме принудени да го носиме, не се совпаѓа со тоа какви личности сме. Ниту со нашите вистински ставови.
Чувствата се кажуваат во мометот кога се чувствуваат онака јако, силно, болно... За да оживее човек, за да се опипа, за да оживее некој друг, за да се оживее се....
Има ли полошо од тоа да загубиш дете, си го чувал, гледал, израснал и туку така од една толку необична несреќа да го снема. Денес испративме една душа, пријател, дечко, син...не можам со зборови да опишам колку ми е криво за него и за оние кои остануваат...Покрај толку стари луѓе што чекаат да умрат, да му дојде ред на 25 годишно дете...денес место за убави работи да се собираме како што е ред, свадби и раѓања, ние се собравме за погреб...душата ми беше топче сторена. Другар на дечко ми, го испраќаа за Авганистан, а вечерта тој замина на друго место...девојка му, што и остана, беа заедно со години, мајка му, син единец и беше, самохрана го израснала, другарите, трага да им остане. Многу лошо, не посакувам на никому ваква лоша судбина...живот.
Ако сакаш да се спознаеш себеси - задлабочи се во твојот карактер и размисли на сите особини и ситуации кои зависат од тебе, а те прават различен и поинаков од другите... и на фактот за кои од нив (би требало да) се гордееш или срамиш. Токму тоа е она што најмногу нè дефинира...
Она кога зборуваш со некој, го набљудуваш погледот, ставот дури зборува и имаш чуство дека не можи се изназборува од шо е толку внесен во муабетот.
Утрoвo се рaзбудив среќен, испoлнет. Сoнувaв еднo детенце нa некoи си 3-4 гoдинки. Oдевме еден кoн друг и кoгa се дoближивме гo прaшaв дaли мoже дa гo прегрнaм. Ми oдгoвoри сo дa и гo прегрнaв и гo земaв вo рaце и му рекoв декa мнoгу гo сaкaм. Се рaзбудив. Oнaa искренa детскa прегрaткa јa чувствувaв и кoгa се рaзбудив. Сaкaв дa кaжaм декa немa пoискренa прегрaткa oд oнaa нa дете.
Татко ми често пости, некогаш и цели велигденски или божиќни пости и сите други што се паѓаат во среда или петок. Добро петок и онака не мрси никогаш. Ако случајно се омрсил во некој строг пост во незнаење жив се јаде. Ех тато, тато грешен си и тоа не се пере. Најмногу се огреши спрема нас децата, па и жената, беше себичен што се ставаше во центар на внимание со твоите проблеми.. а нас, никогаш не ја осетивме твојата љубов само критика и насилство. И Дрвото се витка додека е младо, а ти не "свитка" сега ги трпиме последиците. Од мене ти е простено ама Господ тешко дека ќе ти прости.
Отсекогаш сум била осетлива ама периодов ми е врв.... Плачам и се вознемирувам за се и сешто... Или животов станал преполн негатива или мене прагот на емотива ми се намалил.... Вчера се запрепастив кога разбрав дека детуле од 12год.на бивши комшии се бори втор пат со тумор на мозокот... Утрово 27год.момче на некролог... Каде живееме ние?! Што е со ова секојдневие преполно со смрт и болести?! Не е нормално младина во своите 20ти да умира секојдневно.... Не е природно!!!!
Знам дека, и порано некаде читав за... како паметните телевизори ги прислушкувале своите газди, ама, еве, сабајлево, фејсбук ми го почна денот со пост од Алое Блек (кој, поим немам кога сум го лајкнала, но сум го,,ко што и не знам кога оние, стопеесилјади букмаркс... кога тоа сум ги букмаркирала?!): Самсунг ги предупредува своите купувачи да не споделуваат приватни информации пред својот паметен те-ве. И повторно ќе речам... уште шољата у ве-це-но остана да ја опаметат, па ни таму раат да не си; интимен муабет да не можеш да си направиш, ко со друшка. #Богдачува #don'tTalkToTheTV #паметнитеЌутат #ќепродолжамдачитамсамо
@zhap4e Си го поврзуваш со мобилен, па и дневник имаш, па дур да се свестиш може и нотификации ќе ти стигаат дека денес не си ја завршил "работата" а ако се спојат некои жички може и на сите онлајн пријатели да им стигне известување дека имаш запек или дијареа Спојлер А што убаво си фунцкиониравме со една дупка во земја, мрзлив народ, морало да се седи
и ти кажува уште,кога си претерал со зелката, гравот... Ногу сол во храната. Превентивно демек. А верувам и другарите кад-тад ќе бидат обавестени, да. Уште да се активира ко аларм,кога ќе отвориш купатило... ко, онаа, апликацијата што ми е за циклусот. Пред некој месец ја симнав, си викам,ај да се модернизирам не со календарче, шкртки и ја отварам ми вика, поминале ages откога сум се вклучила, а оно..една недела ме нема се запна, еден тен ти доцни и такво, трепка ли трепка ко red alert,red alert; работава ја деактивирав
Poedini temi na forumov treba da bidat samo za 18+. Deca na 13 god. davaat sovet za reprodukcija, bracni neverstva, vestacko oploduvanje, sex,... na zeni blizu 30god. Kade toa nego tragicno e toa sto ovie postarive zimaat sovet od niv.