Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    25.386
    Пол:
    Женски
    Taman rekov se spasivme od majstori , otide spratnata tabla :headbang: uste pozari mi falea :drunk: dobro e sto decata ne bea prisutni :?:
     
    На the drummer и "Zoki" им се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Жапче, сум приметил кај другарка ми на телевизорот(Samsung), кога на јутјуб бараш песна, многу полесно ја наоѓаш кога ќе го кажеш на глас името на изведувачот и песната. :lol:
    Ако има некој Samsung телевизор, на кој може да се уклучи јутјуб, нека пробa. :lol:
     
    На TutiFuti, Dzevelekova, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Две недели прва смена бев, секој ден станување 6-7-8ч и секој ден ми се спиеше. Дојде сабота, без аларм, без ништо, на нозе у 8 саат. А, планирав цел ден да спијам за претходните две недели шо не се наспав ко човек. Не бе, нече среча поштеног човека.
     
    На cresa-jagoda, duffi, christinnn и 12 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Стар брачен пар од комшии пред некој ден одеа пред мене по улица.
    Мажот е болен и потешко се движи, па жената го држеше под рака.

    -Мажот: Оди ти побрзо... Ќе задоцниш и може ќе заминат.
    -Жената: Кој сака нека си оди, јас без тебе не одам... Полека ќе одиме, никој никаде не не брза.... Дојди ќе седнеме на клупа да се одмориш малку.
    -Мажот: Ќе се налутат...
    -Жената: Нека се лутат НАЈМИЛО МОЕ, нека заминат, не те оставам сам овде бе..


    Не знам... Може вака обично пишано не може да се долови нивната љубов, ама да си покрај нив ќе осетиш позитивни вибрации.... ќе се стопиш :l:
    Посебно кога му се обрати со најмило мое... Се наежив... Осетив топлина, нежност, блискост...
    Тешко дека во денешно време може да опстои толку годишна љубов.
    Се сакаат и се почитуваат ко првиот ден кога се виделе :l:

    Нека си живеат уште долго заедно...
     
    На Quuen, Yipman2, Stories и 46 други им се допаѓа ова.
  5. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.948
    Допаѓања:
    273.269
    Пол:
    Женски
    Многу мразам изигравање жртви,глумење пред другите .Поголема себичност од тоа ми нема.До степен на измислување болести:ова ми е ,она ми е ....
    Не поднесувам особи кои мислат дека цел свет околу нив се врти,и сите треба само за нив да постојат.
     
    На Rebecca_R, Marijana93, Dennings и 21 други им се допаѓа ова.
  6. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.017
    Допаѓања:
    14.386
    Пол:
    Женски
    СДК дека се чувствувам како кокиче, ама замрзнато....
    Како кокиче кое се прелажало на лажните сончеви зраци,
    кои се израдувало на лажниот допир нивни,
    на шепотот лажен на ветрот кој за час изгледал пролетен,
    па расцветало со цела своја сила.
    Расцветало откривајќи дел по дел од себе,
    од својата поезија, од својата нежност, од своето тело недопрено....
    Кокиче кое штом расцветало чуло:„грешка си ти, грешка си... не требаше да дојдеш сега, не те барав јас...“
    Кокиче кое замрзнало и пресушило ете од тој ветрот лажен,
    од таа лажна пролет која години ја чекало...
    Кокиче кое никогаш, ама никогаш нема да процвета пак...
    Кокиче кое никогаш, ама никогаш на ветрот не ќе му повреува пак............
     
    На Crna Dama и elimkd им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Немам Самсунг, иначе одма ќе го тестирав. :D Ова, модернава технологија ќе не направи и параноични и со право параноични. :D На фејсбук на чат, зборувам за некоја област од маркетинг и прашувам некој,како да дојдам до тоа и тоа... и одам во фид во ист момент се појавува х организација која се занимава со истото што го зборам на чат:D и тоа ми се појавува некој последен нивни пост од ехе, од тогаш и немаат постирано, а јас сум ги и лајкнала пред кујзнае колку години и сум ги заборавила.:D
    #таковITдаБИДАМсакам:D
     
    На kravce, Bender Rodriguez и Ketchup им се допаѓа ова.
  8. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Тој не е совршен. Не си ни ти. Ниту вие двајца ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те натера да размислуваш барем два пати и ако признае дека е човек кој греши, не го пуштај и дај му сè од себе. Нема да ти рецитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, но ќе ти даде дел од себе свесен дека ти можеш да го уништиш. Не го повредувај, ниту не го менувај и не очекувај повеќе од она што може да ти даде. Смеј се кога те усреќува, викај му кога те лути и нека ти недостасува кога не е во близина.“
     
    На cresa-jagoda, Crna Dama, "Zoki" и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.278
    Пол:
    Женски
    Арно велат старите " секоја птица во своето јато ".
    Ама кога се работи за љубов, јас велам " најсреќни се оние чии крилја се шират под ветарот на душевниот копнеж и го следат од срцето трасиран патот"
     
    На cresa-jagoda, Marjan007, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Има еден тип на луѓе "не сме деца повеќе", а сѐ уште се во дваесетите. Кој така ви кажа? Кој ви рече така да го сериозно да го сфаќате животот? Па од друга страна си мислам, кога толку сме оптоварени со трката живот, како да ја задржиме позитивноста и да останеме деца... стварно е тешко. Но, не е невозможно, оти ако не го зачуваме детскиот дух, знак прашалник е колку можеме да уживаме во животот. И не нѐ е глупост ако славам роденден оти не сум повеќе дете, ова е можеби најглупата работа што сум ја слушнала.. и свеќи ќе има и тоа другото што фрла пламен не знам како се викаше. Оти јас ќе бидам вечно дете.
     
    На Stories, N.2106, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.327
    Допаѓања:
    29.130
    Пол:
    Женски
    Она кога ќе си ја видиш професорката по хемија на стари видеа од твојот прв роденден.

    [​IMG]
     
    На Gosh, cresa-jagoda, deskarada и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.543
    Допаѓања:
    97.369
    Ставила на ФБ видео - вангла и миксер каде мати торта со морков(facepalm). Уште ова не го бев видела, не!
    Луѓе, со ваквите секојдневни испади по социјални мрежи НЕ сте паметни, НЕ сте посебни, НЕ сте ни за сеир... само сте очајни за внимание па макар тоа било и со некое налудничаво видео на фејсбук.

    Па после во статус плука по овој, по оној, она најпаметна...
    Толку ти работи кликерот да си ги видиш своите мани, затоа и млатиш празна слама за другите.

    Дефинитивно треба дарба и за така да се глупираш. И тоа секој не го може. Очај, фрустрации и бљувотини!
     
    На duffi, sweet-cherry, biGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.013
    Допаѓања:
    178.415
    Пол:
    Женски
    Денов тежок. Ништо потешко од ужален поглед кој вреска од болка без глас. Секој со своето парче душа кое недостасува во секој еден изминат ден, а посебно боли во овие денови....
    Ниедна среќа и ниедна насмевка повеќе не е целосна без нив... Животот е само груба трнлива патека, која пецка додека газиш по неа. Пецка на секој роденден, на секои задушници, пецка на празници и делници. Го гори срцето и го жигосува одново и одново...
    А ти мораш да чекориш....

    Денес по којзнае кој пат, запалив свеќа и за живите и за мртвите. Ниту на едните, ниту на другите не им е лесна оваа земја.
     
    На anel, Yipman2, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Тешки се деновите кога одам на гробишта,а уште потешки кога е задушница.Срцево ми се распрачува кога ја гледам твојата слика(мамо) на таа мермерна плоча,а сакам да те бакнам,да те гушнам, да ти кажам премногу работи,а можам само да ја допрам сликата на ладната плоча,да пуштам солза за да не пукне ова срце,срце кое чука за тебе,за мене,за нас двајцата.
     
    На anel, Yipman2, macka91 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    ,,Што вреди да го освоите светот ако притоа ја загубите сопствената душа?"
     
  16. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се качувајте во бус без слушалки,посебно ако одите на подолга релација !!!
    КАЛА21
    2017
     
    На crazylady, Gosh и betikolevska1 им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Денес слушав животна приказна, од оние тешките. Еден непознат чичко што го сретнавме по пат си се отвори од мака. И слушаш, зборови не излегуваат, само осетив како солзи ми се тркалаат по лице. Седев напред и не ме виде, си продолжи, до Југославија и младоста и убавите години.
    Деновиве всушност слушав доста туѓи маки, ама оваа најмногу боли. Се може да се сруши во секој момент. А мене само очите ми ги отвора, за тоа што е важно.

    Кога се вели само здравје, верувајте, само здравје и ништо друго да се има можеби е доволно. Можеш да градиш, да одиш, да се трудиш, кога си здрав, и да направиш. Кога си болен коцка по коцка се појавуваат пукнатини и ако е сериозна состојба, тие паѓаат една по една.

    Чувајте се. И сакајте се.
     
    На Yipman2, CrazyGirl15, macka91 и 20 други им се допаѓа ова.
  18. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека ..

    Подолг период одбегнувам да се сретнам видам на кафе/чај со пријатели со кои сум релативно близок. Затоа што многу мразам да кажувам за себе си, не сакам да одговарам на прашањата што има ново кај мене, што сум правел изминатиот период, да се пофалам итн итн итн а пак тие се неизвежни. Се ми е во процес, ништо не ми е фиксно, а што и да планирам не сакам да споделам а притоа сеуште е во процес.

    Колку би ги избегнал тие прашања ама без да се налутат, би било совршено. Се што ми треба е, да слушам другите што сакаат да кажат, се што им лежи на душа, и јас би збореал се освен за себе си....


    Oh, мислам дека ова е последната моја објава како зборувам за себе си ...


    ПозЗ3³ ®
     
    На Yipman2, cresa-jagoda, Miss666 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    Болат врелите солзи , а највеќе болат оние солзи кои ти ги предизвикале саканите личности , родител кој те створил кој сака да живееш според неговите очекувања , зошто луѓето едноставно несватат дека не може човек да живее според очекивањата на другите , туку слободно како што тој сака.
     
  20. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    Како го ставате шалот/марамата на врат, а пред тоа го бришете пола автобус/земја/плочки?
    Како седите на скали во автобус, а потоа седнувате/легнувате на кревет?
    Како од кога ќе отидете во веце не миете раце, а потоа седнувате да јадете?
    Како оставате улошки отворени во јавни вециња и измочани даски?!
    Како ја оставате ташната на земја во јавно веце, а потоа дома на кревет?
    Како легнувате со 5 кила шминка, а сабајле се појавувате пред друштво целите ушлакани?


    За женско по одвратно од ова амин!:envy: :puke:
    Опрајте се озбилно. Гадни сте.
     
    На Shery, N.2106, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.