Она кога се враќаш накај дома после журка и идеш до продавница да си купиш вода зашто ќе дехидрираш... случајно или не, грепките толку ми паднаа во очи, што си купив дури 3. Првата ја гребам-50ден, втората ништо, третата-100.000ден. Трета среќа. Не можам да ви опишам колку сум среќна!!! Бујрум на честење!
sve mazi si se konzervativni, osven koga sakaat da legnat nekoja hhhhhh talking about double standards
Чудно е како сите до најситно делче од едно распарчено срце може да чукаат синхронизирано и сеуште да љубат силно. Како временски полиндром да му се случува. Чука, се крши,чука, се спојува, чука, чука
Зарем има луѓе што форумот го сфаќаат сериозно ?! Абе ајде... не ме зафркавајте. Не знам колку треба да си огорчен од животот и да немаш попаметна работа од замарање тука со никовите. Сум пишала ретко читам што пишат другите, многу ретко. Јас доаѓам за да напишам нешто. Дали тоа е вистина или не, не може никој да знае освен јас. Затоа не се замарајте многу со тоа што секој го пишува, зошто 80 % не е вистина. Ајде сега, убав ден радознали
Една работа ми е јасна а и искуството во животот ми кажува а тоа е колку повеќе си свој, толку помалку се вклопуваш во светот.“
Недела е ден за семејството. Не го сакам обично, ама пак сега сме сите на купче. Плус внуци на гости. Куќата хаос, ама пак убав хаос. Деца, братучеди, ептен се среќни кога се заедно. Ливче уплатено битно. Ќе следам утакмици цел ден.
Сдк Животот е филм предвреме изрежиран,све зависи до нас какви глумци ќе бидеме во истиот тој филм. Затоа глумете во секоја епизода(ден) како да е последна P.s Секој убав филм е критикуван од љубоморни,лоши глумци,што неможат да успеат во својот,па берат гајле за туѓиот филм Имајте убаво Неделно попладнепосле секој дожд има прекрасно сонце,ако не денес утре сигурно бај бај
Идат моменти кога Големите работи стануваат мали,минијатурни,и обратно. Моменти во кои од многу растрчани мисли и планови,ти се блокира умот и е рамен на табула раса. Моменти во кои " твориш" а знаеш дека резултати ке нема за брзо. Нема ништо лошо во сево ова. Барем има нешто на кое се надеваш. Табулата раса е знак дека си во фаза на рестартирање.
Како и да е со маки стигнавме до посакуваните карти за назад до нашиот град со дечко ми. Во автобусот имаше преполно луѓе, впрочем како што е секогаш во тој автобус. Јас имав карта реден број 42, а тој 43. За да седиме заедно седнавме на последните пет седишта, со надеж дека тој што има 44 ќе сака да седне на 42, но тој не се појави или веќе седнал на друго седиште...на три минути до часот пред тргање иде еден дечко и седнува до женската, до која всушност требаше јас да седам. Таа беше навистина убава женска со прекрасна темно црвена боја на коса, а тој русокос фраер. По кратко време меѓу нив се разви разговор. Разговаа како до тогаш да се знаеле многу години, разговараа со посебна искра меѓу нив, разговараа со полускриени насмевки, разговараа како да си се стара неисполнета љубов, разговараа и само разговараа... на крај испадна девојката да е од мојот град и пред да стане му подаде рака и му се претстави, а тој само со занес во очите ја погледна ѝ го кажа своето име...по некоја секунда ракување и призна дека му е драго што ја запознал. И се разделија, со единствена надеж дека можеби пак некогаш животот ќе ги спои. Јас и дечко ми позади нив ги почекавме и веднаш по девојката тргнавме за надвор од автобусот. Со топлина во срцето си помислив колку само мал момент може многу да израдува некому.
Кога и да излезам да прешачам со другарка ми мора некое куче да тргни по нас и да иди цел пат. Сношти дури и едно маче тргна И така едно мало куче цел пат така сношти идеше по нас до дома и морав да го вдомам. И покрај толку мачиња шо имам сега и куче, мислам дека сега мене од дома ќе ме иселат
Некои песни, филмови, книги - се такви што будат спомени кои сè уште не си ги доживеал, а сонуваш во иднина да ги создадеш...