Секој греши и учи од сопственото искуство. Дури и кога свесно грешиме, доаѓа нешто убаво. Нештата во редот се поврзани и се случуваат со причина за наше добро. Животот е еден и убаво е утрото да го погледнеме со верба во себе и со надеж дека секој следен ден сме чекор понапред. Не е лесно, но секој обид вреди во свое време.
1000 свеќи може да се запалат од една единствена свеќа...без нејзината светлина да згасне. Така е и со среќата и насмевката...Колку повеќе ги делиш, тие нема да се намалат туку ќе нараснат. Она кога им кажуваш на твоите дека ќе си одиш во соба порано да спиеш, а ти всушност ќе гледаш серии до 4 сабајле...
169,639 денари кошта сонот мој.... Викам јас немам големи амбиции и соништа туку само малку скапички ...
и да се вдомиш во палата, пак нешто секогаш ќе те влече назад во родниот дом, си велиш има душа, топлина, од кал да е дом си е
Абе кога се сликате пред огледало и ги објавувате фотографиите на социјални мрежи, барем нередот по дома расчистете си го Какви луѓе се ова, не ми се верува
Во животов од секогаш се чувствував како да не припаѓам во оваа држава .. Секогаш размислував како би изгледал мојот живот ако живеев во Англија или пак во Америка . Уште од мала си имам ветено дека еден ден ќе ги посетам Америка и Англија па и последно да ми е ако треба . Сега за сега не сум ни блиску , но еден ден ќе ги посетам . Ветувам .
Лекција што пробувам да ја научам е да не осудувам никој, затоа што зад секоја постапка има и причина зошто таа е направена. Во ред! Само никако не можам да ја сфатам причината за објавување на ФБ 4D слика од ултразвук од бебето кое го очекувате. Луѓево навистина се држат до тоа: ако нешто не се споделува на социјалните мрежи, исто како да не се случува. И дали може да се очекува некој да ја почитува твојата приватност, ако не ја почитува ни сопствената?! Друго нешто што често ми поминува низ глава е: дали и колку го живееме сегашниот момент? Се фатив самата себе како во еден, за мене значаен момент, јас повеќе сликав и уредував слики за да ги споделам, отколку што вистински уживав во тој неповторлив момент. Освестувањето ми дојде како шамар. Ми се надоврза мислата дека многу работи во животот ги земаме здраво за готово. Всушност, животот и секој нов момент од него го земаме здраво за готово. Вчера, гледав филм, стуткана на каучот до мојте родители и си велам: wow, колку сум благословена што го живеам овој момент! Колку млади луѓе немаат родители, далеку се или пак, во лоши односи. Ме обзема таква благодарност за ова изобилство од благодети кое го живеам. Бескрајна благодарност... Мислите ми се несредени и ми лутаат, па затоа и постов го почнав со една намера, за да го завршам сосема различно. За крај, луѓенца, бидете благодарни за се што имате (и немате) и не трошете си непроценливи моменти од животот залудно.
Сдк Ако на некого не му одиш по меракот негов,одма си дигнат. Ми вика абе брат што не се јавиш,се изгуби,си се кренал многу. Уф тука ги чекам Да бе брат си можам станав милионер,секако ти незнаеш кога ти требам ме бараш. И одиме сега со нивно верглајне мммммм ккккако стана мммилионер Па имам милион проблеми кај си еден да ми помогнеш да решиме И сега таквите почнуваат имам многу работа и пак вергла ммммммм Ајде бај бај акомулаторот го испразни чао се гледаме Отидов да летам со милионите Друг пат ќе биде тие другарите твои те смениле јахуууу биче опет мммммм брммм
Вредело да се учи математика; цел живот решаваме ребуси, сигурно ќе не снајде бар еден љубовен триаголник, постојано собираме јадови во душата, и бараме магична формула како да опстоиме смирени, за на крај сепак да пресметаме што вредело вистински, но, секако и јасно - тогаш е прекасно
A pocnam so fakultet nesonici me mavaat nenormalno ili spijam do 3 saati samo.Zlaten raspust careless koa spiev po 10 saati