Се вратив во студентските денови... Тогаш ми делуваше интересно, а денес си викам - што ми требаше Ми требаше нешто, занимација.. Дали ја избрав правилната? Конечно? После 8години? Ќе знам за некое време хмм..баш да видиме На времето избегнав економски, за да не учам статистика, мислев дека и сега ќе ја избегнам, кога денес гледам под нос баш статистика ми сервирале. Абе од тоа што бегаш, кога и да е ќе те стигне Друга глупост гледам денес за занимација...и се прашувам дали да се глупирам до крај или доста е LVL 1 глупирање Ама моиве глупирања коштаат доста пари, образовни глупирања се... ах бе, пак ли да мислам, што убаво не мислев на ништо Ама кога ќе се наредам со звања, ехеее....за прашина бришење и оноа другото од позади, ќе има доволно хартија
СДК дека вкопана во моите книги кои веројатно до последна сила ќе ги читам открив дека ние жените, за жал, или за среќа огледало сме на мажите во кои силно сме вљубени. Тие пустите на нас може да испишат се и љубов и среќа и самодоверба и сила и дрскост и соништа рој да вгездат во нас .... Зошто не рекле за џабе:
Ако некој не му придава важност на муабети... ...СДК дека длабока вода камен не ја мати и паметен/учен човек на прости работи не обрнува внимание
Вие штo ги oбјaвувaте oние пoстoви нa Фејсбук сo "Спoдели и дoбиј" кaкo тaшни, тренерки, пaтики сте дoбиле некoгaш нештo? #ПрaшaњaКoиМеМaчaт
Јас нема да кажам ама ке прашам...дали има плата во градинките во ск? За близок ми е хаха знам глупо прашање
Џабе ја подигаме главата горе високо,кога реата околу нас се шири. И парфемот е залуден. Од премногу лаги,можеме дури и сами да почнеме во нив да веруваме. Но еден ден ке се распадне цела таа кула од гнили карти. Тогаш најразочаран ке биде само оној што градел.
Оние тетки/стрини што на секое гледање те прашуваат дали си се оженил/омажил... Имаат попаметна работа во животот? Што им е толку битно тоа еве не знам Тоа им е најголема радост во животот? Знаат ли дека на некој не им е цел во животот само да се омажат и деца да имаат? Сфаќаат дека некој повеќе си очекува од животот? Тие мислат дека ова е така ко во нивно време... Излагаш надвор и гледаш машко суштество (без разлика каков е, што е, зошто е) , па му викаш: - Прв пат те гледам ама гледам дека си машко... Па сакаш да ми бидеш дечко? А во иднина маж? -Може... Дај си рака... И така да си живеат сТреќно до крајот на животот Епа не е така, драги луѓе со застарени сфаќања... Друго време, други луѓе и други размислувања се денес, ок? Ок...
Секогаш пред да имам некој важен ден или испит јас сум потресена. На моменти и не верувам во себе, но се поради тоа што прсти замешал стравот. Обично поминувам добро, проблемот е додека да дојде тоа, а пред тоа полудувам. Барем го дочекав денот, ќе се ослободам од теретов, па ќе здивнам на момент со убава книга. Дечко ми многу ми се лути ако речам за нешто не можам, одма ми реплицира знам дека можеш и немој повеќе да го изговараш тоа кога верувам во тебе. Па дали може нешто поубаво да слушнам во вистински момент. Токму овие работи носат надеж, со ваква подршка можам да постигнам се, чуството дека си сакан е најубаво чувсто.
...пак, и пак. А кога некои луѓе ќе сe самопрогласат себеси и границите на нивните мисли како „реални“, уште повеќе прават да ти е мерак што почесто да избегаш во својата имагинација. You give reality a bad name, people...
Десет правила, без разлика кое време е, која година, дали имаш 7 или 70, полн џеб или празен стомак. 1. Верувај, верувај, верувај. 2. Замисли си го денот ноќта пред да заспиеш, труди се да си го исполниш цел. 3. Никогаш немој да бидеш отсечен човек, научи да живееш со баланс, во ред да правиш било што се' додека научиш истото да го контролираш ти, а не тоа тебе. Тоа е одлика на моќните умови. 4. Цени си го времето и стој си на зборот свој, оној кој тоа не го прави, нема да успее. 5. Точно знај што сакаш да бидеш, ништо не е срамно или чудно, се' додека е вистинско и за истото постои причина. 6. Смеј се, научи да се опуштиш, работата не ја носи дома, поминувај време со твоите блиски, биди присутен, проблемите уби ги со забава по твоја мерка, барем еднаш во неделата. 7. Спортувај, не мора да слабееш или да изгледаш совршено, но спортувај, физички активниот човек мисли побрзо и е емотивно стабилен. 8. Научи да игнорираш, покажи среден прст на чаршиските муабети; зрелоста твоја се гледа во такви моменти, кога од тебе се очекува да паднеш, треба да се вивнеш највисоко. 9. Запомни дека секое чудо поминува, па и ти. Работи постојано на себе, читај и гледај филмови, оди во театар и на концерти, разговарај со луѓе и научи да слушаш; светот е голем, ти си малечок, тоа секогаш било така и така ќе остане, немој да се преценуваш дека знаеш се'. 10. Последно; љуби. Неслучајно ова правило е оставено последно, како последно домино од низата; ако падне, паѓаат сите со него. Љубовта му е потребна на човекот и таа не распознава бои, начини и форми. Таа или е вистинска или не е. Не секој во животот ја има таа привилегија да научи да љуби вистински и да биде исто така љубен. Труди се со својата широка душа да ја разбереш љубовта без да ја судиш. Само љубовта ќе те промени, истата ќе те научи, заради неа ќе заплачеш и така ќе пораснеш.
Не можев ни да замислам каков низок удар може да ми приреди животецов. Не замислував. А далеку од тоа дека можев да претпоставам дека толку лошо ќе го поднесам. Чуден удар. Силен, повеќе како три камиони да ми застанаа на грбот, па ме стискаат и стискаат. Не мислев дека нема да имам сила да се борам воопшто и дека очиве без моја волја ќе се постојано полни со солзи. Можеби изгубив сила, верба во буквално се. А ги чувствувам родителите, со сите сили ме влечат. Обични луѓе, јаки како карпа, моја потпора. И Тој. Мое се. Не можам да не се стопам кога силно ќе ме обвие и ќе ми каже дека се ќе биде во ред. Дека една врата се затвора, а друга се отвора. Вистина кажувам дека тој човек е херој, мој. И жими се го обожавам. Но некако не успевам да сум оптимист како него. Ја обожавам нашава љубов, знам дека ќе поминеме се, затоа што досега поминавме низ многу ветришта држејќи се за рака и секогаш на крај излегувавме посилни. Но овој пат немам сила да му подадам рака да ме извлече. Да ме излечи. Уф бе, многу боли душава.
Читам оглас за работа се бара лице со завршено средно образование, плата 35.000ден.... Штета што сум со факултет
Загубата на драги личности ме направи поинаков човек ... Не сум таа што сум била ... Сега малку ифрустрирана , безнадежна , и не верувам во надежта ... Таа многу ме разочара .. Никогаш не ми го даде на тоа што се надевав ....Што е поентата на животот ? Да тагуваме и да бидеме несрекни ?! Да немаме мир и спокој ?! Тажно е кога постојано се прашуваш .. а нема кој да ти одговори...