Денеска ме почастија со американски колачи, вакво нешто досега немам јадено. Да можев цела кутија ќе ја изедев
и да прашам како е можно, кога си слушам Chill out музиче на you tube, да бидам прекината со реклама за ПП. Престанете да не тормозите!
Она кога читаш оглас за работа од некоја си х минијатурна фирма, еве нека биде дури и со 20 вработени и бараат следно: Просек над 9 и пол ТОЕФЛ,задолжително Сертификат за Микрософт офис,задолжително (изгледа сме почеток на 2000 година) Возачка дозвола Сопствен лаптоп Работно искуство минимум 5 години Не постар од 30 години (е ај сега...) Возачка дозвола И дрн,дрн,дрн лични карактеристики. Па ми оди да им се јавам и да ги прашам, ало, здраво, дали треба да поседувам и сопствен еднорог? Инаку за празниците тоа што партиски војници на ВМРО шетаа по цркви со партиски знамиња, никој не го спомна никаде? И тоа што денес поминувајќи од кај св. Јован Балаклија денес стоеа и делеа промотивни материјали? И така...се е тоа многу нормално и природно.Дали е партија или е религија, тоа ти е исто.
Чадорче мене не ми е јасно зашто воздрасни се мешаат во политика и се саде експерти, па тек за децата муабет да не правиме... Зашто не некои, да се поправам, пола и повеќе од населениево не само што се меша и се активира во политика па уште помалку ми е јасно...
Сакам да кажам која е најхрабрата работа што сум ја направила. Во моментите кога сум била скршена, повредена, слаба, кога сакав само да седам во темница, никој да не ме гледа и да слушам песни, сум се мразела себеси и мојот изглед, кога не сум имала никој да ме утеши и да ме гушне, кога ми фалела љубов, кога сум сакала да ги излажам другарките дека треба да одам на гости само за да не излезам, кога сум мислела навечер „дали утре да ме заболе глава или стомак“ само за да не одам на школо, јас станував и велев "What a beautiful day", одев до школото лајк а бос и се смеев и ги расположував сите!!
Досадно ми е премногу, постојано за нешто се нервирам, од нервози повторно ми доцни менструацијата, па веќе све ми се насобрало, неможам веќе ќе пукнам. Плус времево е за никаде толку е променливо што незнаеш после 5 минути какво ќе биде. А само кога ќе помислам што се ме чека особено сега во месец Мај (тестови, испрашувања и други разни глупости) мислам дека ќе пукнам. Само сакам да бидам среќна и да не се нервирам, но неможам све нешто од внатре ме измачува, незнам до кога вака.....
Прекрасен ден, само уште времето да беше подобро но и вака не е лошо. Денес се сликавме за алманахот и добри слики излегоа (нарцис). Имајте убав ден.
И што кога се мешат? Што добија? 2 пенкалца плус? Воопшто да не му се замараш за такви дечишта.Наместо училиштето да си го гледат,тие политика расправат.
Ќе биде подобро, јуху. После дождот, доаѓа дожд, само во Македонија. Страв ми е само на 1 мај да не врне, тој дождот не е свесен колку планови ми има уништено. „ Драги, дожд. Престани. Оди си. Не се враќај. Чао. Адиос “ Емошнс ми се менуваат на минути, беа на часови а сега се на минути. Значи психични не сум стабилно а?
Не си единствена,Jenniffer,и мене ми се менуваат емоцииве насекое,сега не толку,ама претходнава недела ...Можеби времево ни влијае премногу...
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/inter ... to-nauchiv Џек е еден загадочно добар лик. Првиот филм кој го имам гледано со него, а бев релативно мала е оној кога е полигамен вештер, за чие име на филмот не се сеќавам баш. Мислам дека беше со Шер, не мислам туку сигурна сум. Прилична вистина за животот (зборувам за интервјуто, не за полигамниот вештер, зошто нели разбирате како што ќе ви дојде при рака), барем од мој агол. Би кул и би хепи. И хев секс. Ај здраво
Не ми е јасно зошто мора на секое излегување или одење на гости,било каде, да се чекираат на фејсбук?Имаат ли приватност? Спојлер А и другаркиве исти....
Па молчи,што сега тука ,фраерка ќе се правиш,а ? Знаеш колку од нас ставија прст во уста мислејќи да не се баш они „откриени“? Ај да ве видам ,колку од вас се замислија,а ?
Го добив и првиот подарок за на работа. Мајката на дечкоми ми подари многу убава службена ташна за документи , ептен се радувам уште сега ја наполнив со пенкала и со папки само уште да почнам здравје нека е би требало за некој ден премногу се радувам. Исто така големи поклони беа и насмевките на најблиските кои се радуваат за мојот нов почеток и мојата нова среќа. А јас што да кажам ке излезам од кожа премногу сум среќна премногу се радувам , едвај чекам да почнам ...Да си имам мој денар во џеб , да си заработам нешто и јас. Да бидам свој човек....Со среќа нека ми е , на секого го посакувам ова прекрасно чувство кое вади од кожа
Зошто ли вртев низ албумот со стари слики? Пребарував низ минатото кое е премногу болно и гневно ... Зошто ли не сум ги фрлила тие единствени спомени за никогаш повеќе да не ги погледнам,зошто ли сеуште ги чувам и повторно ги враќам на истото место по незнам кој пат ?! Боли многу боли и после толку време боли... Срцето ми се кине кога ќе му го погледнам ликот и кога сите тие денови поминати,сликите каде што некогаш сме биле среќни за секунда ми се вртат во мислите,еден момент само на секунда помислувам на убавите работи а потоа доаѓаат оние лоши и неубави мисли. Миговите во кои што патев и молев за милост,миговите каде што плачев како никогаш до сега и слепо верував и слушав се да биде како што тој ќе посака,миговите со кои што свесно си ги упропастував моите дома за тој да го имаа онаа што му треба. Сега ќе се извлечам ,после ќе се извлечам,уште овој пат ,те молам уште сега Секогаш овие беа неговите зборови кога беше во тесно секогаш ... А јас пак како заслепена како хипнотизирана од неговите зборови трчав да му помогнам навистина и да ја спасам нашата врска,да го спасам него,да ја спасам љубовта која ја имавме,да ги спасам убавите ноќи кои ги доживеавме... Скарана со сите, одалечена од сите ,оделена од најблиските само заради него но .... попусто ! Никогаш не се извлече,никогаш не ми понуди тоа што заслужував,никогаш не добив почитување никогаш не беше крај ... Татко ми, маж кој плаче и ме моли да се вратам и да му раскажам се до детал,првпат осетив толку силна болка во срцето,првпат почуствував како ме гали и истовремено плаче над моето лице,молејќи ме да раскажам се до детал без да се плашам... Го благословувам Господ што ми даде шанса да се поправам да се извлечам од суштеството кое ми го уништи животот на некој начин ,човекот кој ми ја погази гордоста,кој што ме погази мене и моето семејство, моите роднини луѓето кои ги сакав,човекот кој што ја имаше мојата љубов а не ја заслужуваше ни најмалку ... Ах да би можела да го вратам времето назад и да го променам минатото... Изгубената самодоверба ја вратив,довербата во моите родители ја вратив,почитта кон моите најсакани и неа ја вратив ... се што сама си одземав си вратив на свое место. Повторно после 3-4 години чекорам силна и храбра, насмеана и секогаш весела, позитивна и горда. Оваа сум вистинската јас... оваа е вистинската Викторија која што моите родители ја имаат. Благодарна сум на сите кои ми помогнаа да се издигнам и да застанам на нозе. Благодарна сум што добив нова шанса од сите. Благодарна сум што Господ на пат ми испрати прекрасен човек со кој што посакувам да го поминам целиот мој живот.Човек кој што ме научи што е вистинсска љубов,човек кој што прави во секој момент да се чуствувам како никогаш до сега...среќна, насмеана,задовлона ,заљубена Боли секогаш кога ќе се сетам на тие денови но се надевам дека и оваа ќе помине се надевам дека сеќавањата од ден на ден се повеќе ќе избледуваат во моите мисли и дека ќе заборавам се. Срцето ми е исполнето со добрина и позитивност само делот кон него е сеуште црн чувам омраза само за него...Не некажувам ништо оставам единствениот над мене да ти пресуди и да платиш за тоа што го заслужуваш. Верувам дека кога тогаш тоа ќе се случи.
Јас да ви кажам право ви се чудам како можете да напишете долг пост. Ама во позитивна смисла. Ќе земам да пишувам тука некогаш и си викам, е толку ми се има насобрано, ќе земам сега реферати ќе изнапишам, ама на крај сум напишала три-четири реченици и сè сум кажала. На толку книги исчитани би требало да можам да земам и да везам, ама ете, кратко и концизно, за сè сум таква во животот, па и за изразувањето. Џабе ми е. Исто ко сега што мислев дека имам многу работи да изнакажам, ама ете, толку беше. Се издишав. Ко балонче пукнато. Глупава компарација. Тоа е, мозочето повеќе ми врти за некои технички работи и организација. Сакав да ви кажам нешто кратко и јасно. Да си ги чувате добрите пријатели. Бесценети се. И да ви згрешат нешто можеби не го мислеле намерно, луѓе сме, грешиме. Ама ретки се, навистина ретки, а сè што е толку ретко треба да си го почитуваме. Да не речете не сум ви кажала.