Ако жените прават нешто постојано, а останува незабележано,тоа се домашните обврски. Кога ќе ја исклучат опцијата нештата излегуваат од контрола и стануваат предмет на интерес на будното око. П.С. Некогаш е потребно да се излезе од рутинската зона и да им се даде шанса на нештата да бидат такви какви што се... забележителни.
@ЕденЧлен значи ја негираш суштината на Прочка и на христијанското учење воопшто со таквиот став! Секако ние луѓето сме ништожни и Бог е тој кој простува, а како такви, уште понекомпетентни сме да се осудиме сами себе си да живееме огорчени и да си ставаме тежини на душата носејќи тежина за туѓи, врз нас нансени, гревови. Така гледам јас на тоа, затоа ме 'допре' твојот цитиран пост. Простувај, отвори го срцето
Ако сакаме да бидеме само среќни, тоа лесно ќе го постигнеме. Проблемот е во тоа што сакаме да бидеме посреќни од другите, а тоа тешко се постигнува, зашто сите ни изгледаат посреќни отколку што навистина се. И Довербата е како гума од обичен школски прибор... При секоја грешка се намалува.
Не знам за поголем инает од мојов и кога велам дека ми е смачено - навистина ми е! Спојлер: Мнооогу мрчење Смачено ми е секогаш кривото да биде право, а правото криво. Смачено ми е од продадени души и од оние што штракаат со одврзано ќесе. Смачено ми е да очекувам неба, а да се најдам во кал, оти се' е наопаку и се' функционира по желбите на чичковците со тешки ќесиња, а гнили души. Мака ми е секојдневно да ја барам среќата во малите нешта таму некаде под руините од државичкава, ама пак ја барам. Пусти инает... Голем е. Времето ќе покаже дали ова ќе не' направи пропадната генерација, или можеби посилна.
Она кога е 22 февруари, дневна температура е 14°C со многу сонце и луѓе кои сметаат дека е време за кратки ракави и кошули.
Sto ti e gajle. Za edna nedela ova ke go stavis vo smesni nastani. Taka na lugeto im pominuva, kako na kutrinja.
Имам приметено дека нови машки членови скоро сите се со никови: Зоки, зокипоки 1,2,3,4,5. Омилено име е ова на маживе или што е работава?
@Petar80 Истото чувство и јас го имам за денов. Без посебна причина денов беше совршен веројатно ради сонцето
Не било битно... пф епа битно е и тоа многу ! Ќе ти кажува некој друг, а ти си знаеш што е најдобро за тебе ! Не дозволувајте друг да ви ја одзема среќата што сами си ја градите
Најбесмислена причина за страв, претпазливост и ограничување на своите постапки е помислата што ќе кажат другите...
Мислите пред да заспиеме се најискрени, тогаш дознаваме се! Си ги поставуваме сите прашања позврзани со животот, љубовта, семејството.. и тука, малце да си погледнеме подлабоко во душата, ќе ги најдеме сите одговори.
@"Zoki" ништо лично ама некако повише ми е поврзано со тролчиња одколку членови кои сакаат стварно да се вклучат во форумов