Кoлку требa дa си зaбегaн oд нулa дo бескoнечнoст зa дa му oтвoриш фејсбук и инстaгрaм прoфил нa твoетo куче?
СДК дека ми е доста од бистрење на политика на секоја можна социјална мрежа, па дури и тука. Океј, има тема за политика. Па, ајде таму сите да си искажеме мислењата. После толку новопечени блгари, стварно ми е доста. Обвинување на опозиција која не била на власт 10 години, според мене е апсурдно! Дајте бе луѓе, некои ведри теми. Политика дома, политика на работа, политика на кафе, политика на фејсук, па дури и на форум.
Во принцип, сум за екстремно високи санкции за овој стока од народ, за кој Господ ми е сведок колку го сакам, ама овој народ мора да научи да почитува закони и правила и да покаже култура и осет на јавни места. Па кога ќе видам како по пат одат и си фрлаат ѓубре кај ќе им текне, да не ми иде нагон да зеам пушката и рататата рататата сВе да ги решам! Живциве ми се кинат од невоспитани деца и уште поневоспитани родители, кои нели не можат правилно да си ги воспитаат своите деца. Па добиваме невоспитани говеда, без ни малку ак'л. Градов го чистат константно. Се перат улици секоја вечер, се преметува. Се чистат парковите и се наводнуваат зелените површини, за кога ќе се разбудат будалите на утро, за кратко време да изглеа како да живееме на сам отпад. Аман дајте спроведете санкции или раздавајте пушки, трето нема!!! (се осеќа дека сум во пмс нели?!)
Го гледав Латас прееска и си реков да замијам очи и уши, ама ова ни сребрена вода не решава. Чиста среќа у несреќа е што брзо заборавам ама и на заборавено не опростувам Всушност и не незаборавено простувам СДК исто како @Yowannty не знам како луѓево немаат осет со ѓубре. Абре од бонбонче хартија да имам во џеб го ставам. Затоа џебовине од јакната нон стоп ми се полни свашта А тие натовари во колата куп ѓубре и на Вардар. Што ќе ни е нам природна убавина. Денес гледам и запалено ѓубрето, дали намерно дали случајно. Зашто и тоа фалеше на нашиов воздух. Навистина луѓе, одвратни сте вакви. Немате чувство за околината околу себе, за природата, за животните, за ништо. Скапани како ѓубрето што го фрлате. И дај бре возете како што треба или ич не возете!
#Кога брат ти им покажува семејни фотографии на пријателите, а едниот од нив ти е симпатија. Why God, why?!!
Денеска денот ми го одбележа едно малечко детенце што побара помош од мене за да ја префрли улицата. Чекав на пешачки (кај што нема семафори) и нормално никој не ти застанува со саати, па одеднаш ми зборна мало човече до мене: -Ќе ми помогнеш да ја поминам улицата? Искрено многу пријатно се изненадив. Носеше мало ранче на него, тоа цело ситно и малецко, го фатив за рака и префрливме улица...ми се заблагодари и си замина... Ете си реков што ти значи културно и воспитано детенце. Виде дека сам не може да помине, па наместо да трча низ коли и беља да направи, си побара помош. Па така се присетив на една случка од многу одамна, кога требаше да ја префрлам улицата кај што нема воопшто семафори, ни пак пешачки премин. (во маалото мое најубаво) Чекам јас сама и мала, и одедаш до мене се најде комшивката со којашто не дели една ограда, ама скарани сме доживотно...ЗНачи никогаш не сме зборувале со нив и женава ме видела сама, па ми вика: - Џоли, дај ми раче и заедно ќе преминеме... Јас ја гледам и во ум си мислам, ако и дадам рака ќе ме фрли кај колите да ме прегазат (пошто смртни непријатели со моите, што и текна да ми зборне???) (знам...многу филмови сум гледала) И сама си се исплашив, па почнам да трчам низ коли (ко овчичка) и не знам ни сама како се вратив жива дома Жената викаше да застанам, се исплашила, па со трчање дојде кај нас дома да види дали сум добра....После 1000 години таа се решила да дојде кај нас на врата...ДОма беше само мајка ми, па почнаа да зборуваат по малку. После таа случка, мајка ми и жената си правеа муабети (не толку многу ама сепак зборуваа) т.е. јас на некој начин сум ги смирила
Се сменив. Не можам да се препознаам. Дел по дел, човек по човек ги тргам. Тие што вредат ќе останат. Редно беше.
Koga ke vidite ( zboram za site) deka nekoj frla guble potrcajte po nego so gubreto vo raka i "gospogo/gospodine vi padna nesto". Ako rece gubre e togas kazete "mozete da go frlite vo kanta". Pa neka se strami. Sigurno ke mu padne nezgodno.
Зависи за каква пригода ти треба. Првото е некако многу картонско и обично, второто е интересно апла свадбарско, а третото е по класично и поуниверзално, ма да мислам дека можеш и поголем избор да разгледаш.
Лошо е кога имаш што да кажеш, но дури ни на форум не можеш да се искажеш, да се изјасниш. Не знаеш како. Не ти иде она за пишување...
Ако веќе бираш меѓу овие 3, второто кутивче е најсвадбарско, а ако нејќеш класично свадбарско и првото е доста симпатично. А третото е убаво ама не ми се вклопува..
Уф тоа ти е голем избор, ако почнеш со бирање нема крај. Јас моите сама си ги правев, убави испаднаа ама колку време ми одзедоа што се покајав што не си нарачав. Еве ти идеи од мене (малку повеќе), таа со кофчежето ми е убава, исто и таа со поштенското сандаче, со шишенцето. Најубаво е сама да си избереш, твоја свадба си е. Spoiler: Мои предлози ] Што и да изберете, да бидеш весела невеста и нека ви е среќен заедничкиот живот.
Охоо за овие треба време и нерви песимист сум дека ќе ми успеат,затоа подобро да си нарачам фала за идеите ,мислењето и честитките,со убавини да ти се враќа
Ама јас мислев да си ги нарачаш, да не губиш време, бидејќи продавнициве и цвеќариве што ги изработуваат стварно имаат добри понуди. Тоа време посвети го на нешто друго, на себе. Од искуство ти зборам.