СДК Порано или подоцна секој нека го стигне Божја казна за гревот што го направил! Секој треба да одговара за своите постапки! Ако на мене не ми се простени мои гревови и грешки и сеуште плаќам за нив зошто некој кој ми ја изгорел душата, ми го скршил срцето, ме изгазил , ме повредил, ме навредил, ми срушил многу работи и направил уште икс лоши работи, зошто и тој некој да не добие казна за тоа туку да му биде простено? Ни простувам ни заборавам и не сакам ниту Господ да прости, си ја барам правда од него!
Јас ти држаам најголема среќа, заедно сме во ова !Моето го нема веќе две недели ама имам надеж дека ќе се врати, секоја вечеер го сонувам валјда некој знак е.
Кога ќе си простите самите себе си тогаш можете да им проштевате на другите. Бидете храбри,дали пријател,дали бивши/а дечко/девојка,дали родител не е важно симнете го гардот на земја и простете,ќе си отворите пат кон сегашноста и иднината,а кон минатото ќе затворите врата. Нов почеток,нова страница,нова книга. Простете за да ви се прости.
Се утепаа од гревови правење,се утепаа од лажење и правење сопки едни на други,и сеа прочка бараат.Џабе ке ви се прости кога Господ не ви простува мафијооооо.
Дознав денеска дека е празник Прочка и по тој повод .. Не мора да ми простите, уживајте нема потреба Јас сам на себе не сум си простил пак вие требало. Не е многу битно тоа иако е само формалност Јас на вас сум ви простил уште од порано, така да не морав да го чекам денешниот ден па да ви простам. ( затоа и не знаев порано дека денеска е денов ) Имајте убав ден, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Заспа со рацете замотани околу мене. Не знам кога го сакам повеќе.. додека го гледам вака заспан, па срцево ми е на место од неговата смиреност, или додека го гледам во тие крупни широко отворени бадеми од очи, што ми се смеат и ме опиваат со чувство на сигурност. Знам само дека е сеедно, среќна сум. ******************** Простете ако сум ви згрешила нешто, сигурно не било намерно.
"Постојат луѓе кои мислат дека ширењето позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои создаваат позитивна енергија сами по себе. Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човекот да излезе она што го нема. За да може да шириме мир, мора најпрво да се наполниме со мир. За да може да шириме радост, мора најпрво нашето срце да биде радосно. Во спротивно и најутешните зборови ќе звучат како напад од устата на незадоволниот човек". Карл Густав Јунг
Денес ќе побарам само од Господ да ми прости, зошто ако не ми прости тој џабе ја барам прошката кај други.
За квалитетен ден не се смета оној во којшто ќе ги средиш сите натрупани документи и материјали, и глава ќе ти прсне...туку оној ден што ќе го поминеш со луѓе што ти се за срце врзани...оној ден во којшто ќе се смееш од срце, па дури и со солзи радосници...оној ден во кој ќе научиш нови работи што ќе ти користат цел живот Друго е да имаш продуктивен ден, а сосема друго е квалитетен....има разлика... Читам по сите социјални мрежи, прости ми- простено нека ти е. Значи цела година правиш глупости, и ОП доаѓа Прочка па сите сложно и мирно си ги бришеме лошите сеќавања и никому ништо....А пази, сите сме свесни кои глупости ги правиме.... Јас можам само на Џоли од иднината да и речам да ми прости, пошто денес се прејадов па може во иднина (утре-задутре) да има последици...подуен стомак, екстра сало, стрии и тако даље да не ја уништиваме магијата на празников. Прости ми убавице, вкусен беше ручекот п.с. Преку мобилен набрзина скролам низ форумов и читам тема: Заев воведува цврста храна кај бебињата (Мешавина од темите: Заев ветува двојазичност и воведување цврста храна)
Уште имало луѓе што на девојки/жени кои на било какво начин ќе постапат спротивно на основни манири на цивилизирано однесување, им велат „не ти личи - женско си!“... Yeah, right - затоа што на машко пак ептен му личи... да плука на јавно место, да фрла ѓубре од прозор на кола, да се турка при чекање ред, да се пијанчи до степен да не знае кај се наоѓа или пак да вреѓа било кого со погрдни, вулгарни зборови и слично. Аман луѓе, запомнете: прекршувањата на основни норми на воспитување, на кои се однесува таа фраза не личи - не личат воопшто на цивилизирана личност, без разлика на полот и возраста!
Простувај и барај прошка, оти во природата на човекот е да погреши, но во природата на добрината е да се покае и да го победи својот грев со прошка. Убав ден и мир во срцата.
^ муабетов на специ ме потсети на стереотипине дека мора да изгледаш според некои стандарди пошто нели женско си. Па да се надоврзам. Не сакаш да се шминкаш? Па како така женско си Не носиш фустани/сукњи? Шопинг не ти е омилено хоби?The notebook не ти е омилен филм? Немаш долга коса? Не се лакираш? Имаш вишок килограми? Не изгледаш совршено како манекенките од Викторија Сикрет? Пиеш? Не чуваш деца по дома? Не знаеш да готви? Не си играш со барбики? Не сакаш розево? И тука следат стереотипните муабети од типот на: - кратка коса има, значи е лезбејка; - не носи шминка, значи не и е гајле како изгледа; - не сака женски филмови, значи машкоданка е; - пополна е, значи само бута цел ден и нејќе дечко да си фати; ... Мал милион пати ги имам слушнато муабетиве, и ме нервираат до коска. Зошто толку многу индивидуалноста се коси? Зошто мора да изгледаш според некои стандарди? Зошто народов толку многу сака да осудува? Милион зошто ми се вртат во главава. Ете затоа се јавува унифицираноста, од страв да се живее поинаку, бидејќи ќе бидеш отфрлен и осудуван, за жал.
Прочка, одличен ден најпрво да си простам себе за сите дадени втори шанси на погрешни личности, а воедно и да побарам прошка за сите кои ми пружиле, а идиотски не сум ги искористил, простете !!
Уште кога некој ќе ти рече дека треба да се срамиш што не носиш шминка, штикли, фустани...бидејќи не се однесуваш како девојка. Однесување за стил на облека и изглед? Наместо штикли, сакам да носам патики во кои можам да поминам 5 саати без да ме болат нозе, не сакам да ставам кило шминка поради алергија на кожата....Во ред?