Може малку каснам ама уште не е разденето Сдк... Сакам да побарам од @Winter Lady да ми прости за сите навреди, намерно и ненамерно кажани Не верувам на некој друг да сум згрешила тука што заслужува да побарам да ми прости Адиооос
Добро утро фемина. Добри денес? Размислував дали да започнам на една актуелна тема, и имав навистина многу да споделам, но вака на старт на неделата, па и наутро... не би да ви дадам да читате нешто навистина вознемирувачко. Тоа што се случува далеку во светот, не значи дека е далеку од можноста да се случи и тука. Знаете, имав еден професор по македонски во средно, беше малку поинаков од останатите. Еден час нацрта круг на таблата и не праша што гледаме. Некои луѓе навистина гледаат само тоа што е пред нив поставено и никако поинаку, подлабоко и без суштина. А што може да биде еден круг? Мал милион работи. Сепак, на планетава живеат толку многу луѓе што гледаат само круг и ништо повеќе. Исто како и во нашава земја. Истиот професoр во друга прилика рече дека нема смисла да не прашува што сакал да каже писателот, затоа што можеби и писателот не знаел што сака да каже. Видете, книгите се отворени за слободна интерпретација и не сите ќе ги доживеат еднакво исто. Како што нема сите да видат само круг, некој ќе види сонце, некој прстен, некој топка за фудбал. Меѓу нив секако и најпродаваната книга на сите времиња. Некој ќе ја види како водич да се стане подобар човек, а некој како алатка за војна. Вистината? Дали ако не постоеше, се' ќе беше подобро или пак луѓето ќе најдеа друга работа околу која ќе се опседнуваат, разликуваат и пресметуваат. Останете во добро здравје. Би ви дала предлог да го гледате Grave of the fireflies со предупредување да си земете шамивчиња.
Всушност, многу често писателите немаат појма што сакаат да кажат. Некои (генерално лоши, а прифатени од широките народни маси како одлични) писатели, поети, намерно пишуваат работи кои и сами не ги разбираат, мислејќи дека тоа има голема суштина. Во право се, луѓето кои ги примаат во себе, ги доживуваат како многу суштински. Но реално се само „круг“, нацртан за да го види некој како празнина, некој како заштита, некој како бариера во која треба да се пробие. Сепак, најинтересен е феноменот, а тоа и за Библијата што ја спомна Кравче највеќе важи, кога нешто е напишано со една цел, треба да се сфати на одреден начин, поентата е јасна, но луѓето гледаат нешто сосема друго и го артикулираат надвор од себе сосема поинаку од првичната намена. Таков е и нашиот живот всушност во целина. Создаден за чисто продолжување на видот и не е ништо повеќе од биолошка прашинка на универзумот, но ние ја доживуваме како најголемата уметност, бидејќи гледано од прво лице, за секој од нас одделно, животот навистина и е чиста уметност. Нечиј живот песна на Драган Таневски, нечиј роман на Хемингвеј, но во секој случај, уметност.
Самите сме си креатори на нашиот живот..Можеби несвесно,се сто правиме или не сме го направиле е резултат на нашиот карактер. Дали си борец или не...
Јас денес пукам посабајлечки... Почна со караници, плачки уште во 7. А и смешки. Стално вртам на смешки. Нервозна сум од многу работи. А ништо не иде толку лошо колку што сама си го зачинувам. Ама многу се некои работи за мене. Премногу. Немам еден човек за муабет да напраам за се со него. Поделени ми се. На еден се жалам за едно, на друг за друго. А ми треба да истурам се. Ни тука на форумов немам таква тема. Ми треба една тема заедничка за Болести, Јатрви, Свадби, Работа, Психологија. Ми треба можда психолог. Не треба никој ништо да ми каже. Ми треба да ме слуша. Да се изнапишувам можам цел ден за хаосов во главава. Дај кажете како се смирувате кога нешто ве нервира? Јас само продлабочувам и си стварам проблеми сама. Забегав. Не е лесно. Помагајте другови.
Секој има некој те. некого кого всушност го нема... Ова изгледа доаѓа како потсетување дека сме социјални битија и дека имаме потреба од други луѓе, потребни сме едни на други. Така сме создадени. Оној што вели: мене никој не ми треба, всушност најмногу има потреба од некој.
"Големите болки бараат големи души, а само големите души можат да истрпат голема болка." п.с.Ова како прилог на вчерашниот празник, но и како надополнување на денешниот ден, чист понеделник.
Некој да ми раскажуваше дека ке ме снајдат најтешки моменти во младоста,немаше искрено никогаш да поверувам.Животот си погира на многу наврати со мене,но колку пати паднав,толку пати и станав,дефинитивно останав сам без родители,едноставно се изгуби и тој родител што ми остана еден.Многу ноќи се прашував зашто,каде згрешив,но одговор нема.Но знам и сум сигурен дека Господ ми ги дава оние тешки работи кој можам да ги поминам,и никогаш нема да се откажам од својот сон,од сонот на една личност(на една мајка која прерано ме напушти),кој мора да го остварам во иднина.
"Бог ни доделува онолку со колку што можеме да се справиме".. Јас верувам во тоа, живеам со тоа, го живеам тоа. @ЕденЧлен Одговорите ќе дојдат..
Понекогаш мора да ја почувствуваме горчината на тагата,за да дознаеме колку сме среќни.Бог ни задава силни удари,не става во искушенија за да види како ке се справиме.Се е со некоја причина.
Здраво пријатели, познаници, непознаници, пријатели, колеги од факултет, непријатели, ЗДРАВО НА СИТЕ !! Сакам да кажам дека ... Сакам да споделам една работа со вас која неодамна ми дојде на ум,а тоа се однесува во однос на спиењето. Пред да кажам што мислам,.да кажам дека нема да го земам во предвид временскиот период потребен за сон ( 7,8,9h) затоа што секој е различен и има разчилна потреба од сон. Доста актуелно и кул да кажеш "Многу сакам да спијам" впрочем мнозинството го кажуваат истото. И тоа е сосема нормално, еве ние сме лугенца кои уживаме да си лежиме во кревет и да не стануваме "рано". Но мислам дека тоа не е главна причина за тоа. Во корист на времето зборовите ( среќа и радост ) нема да ги двојам туку ќе ги генерализирам како "среќа" Констатацијата моја како причина за животната ненаспаност, сакањето да се спие е тоа дека сте несреќни. Да, сериозно. Наутрно не сакате да станете затоа што или ќе треба да одите на работа, факултет, да завршите некоја административна обврска која во голем дел не ви е по мерак и не уживате додека го правите тоа. Но целокупната ситуација вас ве прави отпирни, одбивни на тие задачи,и спиењето е како компензатор и ве прави да се чувствуате подобро т.е. за момент да заборавите на "приблемите" така што би сакале да спиете вечно. Некој ќе каже па јас навистина сакам да спијам еве и во сабота и недела кога не сум на работа/факултет останувам подолго во кревет. - Да остануваш подолго затоа што си навистина уморен/на од целата работна недела па тоа регенерирање е оправдано. Тоа е несвесен реципроцитет. Јас сум сигурен кога еве на пример сте ја имале вашата прва љубов, сте добиле на лотарија или кога се спремате да патувате за вашето летовање вие не можете да заспиете. Возбудата во вас е голема, се чувстувате енергични одвнатре извира доброто чувство па и сон не ви е потребен ( а предходно целиот живот тврдите дека сакате да спиење ). Заклучокот ќе го сведам на тоа да пробате да најдете работи кои навистина ве возбудуваат, за кои кога ќе легнете наутро едвај ќе чекате да се разбудите иако знам дека не може во целост да се примарни активности али може и како хобиња. Ако го немате ни тоа барем и вештачки исперете си го вашиот ум кон позитивен контекст и ослободете се од грчот кој сте го акумулирале до сега. Се надевам дека уживавте и извлековте нешто корисно, Се гледаме наредното утро наспани, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
До жаркожа. До изгормесо. До растопикоски. До отворисрце. До испијдуша... Нема поубаво од тоа, да допрете туѓо срце.Нежно, најтивко на цел свет.
Кога другарка ми донесе торта за роденден и ми запали свеќичка, ми рече да си посакам желба. Стоев збунето, и навистина не знаев што да посакам, немав ниедна желба. Не дека имам се', далеку од тоа, порано посакував најверојатно материјални работи, облека, телефон, пари, што и да е. Или да бидам со некој што ми се допаѓа, такво нешто, во моментов ништо од тоа не ми беше важно. Си посакав нешто безвезно, колку да се рече. Помина денот, и сепак се сетив. Најголемата желба за роденден ми беше: Да се повтори сликата, баба и дедо ме гушкаат, таа да е сеуште со нас, дедо повторно да не препознава и на лето да одиме во Србија. Јас со светнати очиња го гушкам подарокот полн со чоколади по моја желба, а вујче е повторно млад и среќен, ми пушта некоја од неговите зезанции, а јас сигурно се лутам. Семејството да е повторно цело, иако никогаш и не било.
Неколку човечки особини, што вреди да ги спомнеш, па дури и капа да им симнеш... - Секогаш стои на зборот. - Има свое ЈАС и не потклекнува никогаш. - Го цени својот и туѓиот труд. - Не го интересираат рекла-казала муабети. - Ретко ветува, ама кога ќе вети нешто тоа го исполнува. - Секогаш можеш да го/ја побараш за помош, без да ти биде незгодно - Не ги бара другарите само кога му требаат, туку им се јавува за да ги слушне дали се добри. - Колку и да е стар, секогаш ги почитува родителите . Барем 5 (од овие 8 ) особини ако поседуваш...секоја чест....
Денес како лошо ми почна денов, мислев ништо нема да ме расположи... Арно ама каде што најмалку очекуваш познати фаци, ете ги.. Чекам пред соблекувална во еден бутик и од никаде пред мене се појави професорка од средно и одма...лелеее Душицаааа, па кај си ти, како си, бла бла... Си останав без зборови, па и велам - Вие ми го памтите името?! На тоа добив одговор - некои луѓе оставаат голем впечаток, не можеш да ги заборавиш би по 8 ни по 80 години..ете тебе ќе те памтам, многу добро знаеш по што... Па бла бла муабети Такво добро чувство ме обзема што одма ми се подобри денот За после неколку саати да излезам "најпаметна" помеѓу 30тина полузаспани фаци, па уште толку ме испофалија.. Благодарение на тоа што ме научи Станинова, омразената професорка во средно Абе умре циганката што ме фалеше, па сега морам сама Сепак, тоа што сакав да кажам е следново ... Не бидете скржави на зборови, пофалете ги луѓето околу вас за добро завршената работа.. Пофалете ги кога ќе дадат некој предлог, некоја идеја во врска со работата или приватно.. На тој начин ги мотивирате и ментално ги стимулирате.. а да не зборам дека и денот им го разубавувате А да...и друго ќе зборев... Денес прв ден предавање за 2017 не можам да ви опишам колку си ја засакав женава Дасти е во мисија да направи неколку луди (или глупави) одлуки до средина на годинава...ама мерак ми е
Денес имав многу глуп ден. И мислам дека на ваков ден само серијата вљубениот ерген може да ме насмее онака убаво и слатко од душа, па едвај чекам да ми почне и да се исклучам од сегде и да се изнагледам онака убаво, и да уживам во серијата, тоа и ми треба во моментов.
ааа па кај си ти бе иначе, не дека сум некој фанатик на турски серии (иако вљубениот ерген е топ ), ама стварно, дечкото на џансу е бомбона