Како бе не ви е срам да си ги пцуете децата, па уште и пред народ?! Како можеш да му се обратиш на детето со мајку ти је*ем!?! Да ти е*ам детиштето!?! Алоо! За вас треба да постои посебен круг во пеколот.
Шо паметни луѓе се изнародија! Шо интересно е да се испокараш кој од кој повеќе имал или кој од кој повеќе ќе изедел. Триумф над туѓата несреќа!! Ете така се вика проблемот на денешницата. Едни на други очи си вадат, а не знаат колку чини ова, зборување. Да не можеш да уживаш во своето, е богами и работа треба. Дали дома, дали на нива, сеедно. Човек да си бега, ко змија да видел. Едни јадат за да живеат, а други живеат за да јадат. Едни живеат за да преведуваат буквално, а други живеат за да свират гитара. Како и да е, најлесно е човек да си фаќа сеир. Се е пролазно. И ова ќе помине. Вчера беше прочка, така да ми проштеваат тие на коишто сум им згрешила, а воедно им проштевам и на тие што ми имаат згрешено на мене. За многу години!!!
Целиов ден ми е безвезе, бидејќи некој успеа уште од вчера да ми го расипе. Тоа свесно правење напор за расипување туѓ ден, без никаква друга причина освен ширење негативна енергија, епа одвратно е.
Убаво си спиев ме разбуди кучето ау,ау.. Вика :Станувај спанко лопов шета по улица Сега пајдушкото ќе го играм со групата: Слатки мачиња
Too much туѓо гајле will kill you....Сакам да испратам специјален поздрав и оскар за овој твит, не e мој.....ајде аплауз ве молам
Do pred 2 dena veruvav vo karma ama ja smetav poveke za mit koj go go izmislile povredenite luge koi se nadevaat deka istoto ke i se vrati na tie sto gi povredile ... Sega navistina se uveruv deka karmata postoii i deka udira *metatafora* tamu kaj sto i mene tie me udrile... kolku i da mi e zal da gledam povredeni luge bez razlika kolku i da se zlobni milo mi e sto pravdata postoi
Се повеќе и повеќе испливува на површина горчината на народот, не е симпатично баш да видиш и да си во друштво со огорчени луѓе кои ти ја цицаат сета позитивна енергија и ведрина во себе. Разочарани се од се и секого не можат да кажат убав збор и да видиш насмевка на нивното лице, не можеш. Таквите луѓе просто неверојатно е колку сакам да се далеку од мене.. Се чудам само зошто, зошто дозволуваат да фунционираат и живеат така цел живот наместо да пронајдат трошка мотивација и да се насмејат од срце, душата да им се стопли. Таа горчина што многумина дозволуваат да ја водат низ животот и да фунционираат со истата е многу сурова. Не си го прави животот суров, не биди огорчен. Прво за себе си па потоа и за другите. Позитивната енергија и харизмата кај одреден човек е најубав аксесорис што некој одреден човек ја поседува. Те прави голем, богат и неодолив кај сите и секого.
Секогаш кога ме нема дома на неколку дена, мачкава се изгладнува до непрепознавање. Одбива да јаде и не пие вода. Не знам само против кого штрајкува, со зборење преку телефон ја залажуваме да јаде како мало дете. И мајка ми само ми повторува ".девојче што се уште ќе ме натераш да праам во животов?" А не дека ја терам, доброволно ми се јавува, се жали дека мачката не јаде и нејќе да излезе од куќичката, не можела она таква да ја гледа и ја треба да ја забављам на скајп. Куче да беше ќе се откажеше од мене ми се чини. Ќе сфатеше дека после секое одење се враќам. Среќа никој не ме разбира како "гугам" на мачката по телефон, и колку ретардирано тоа звучи. Ама па кога ќе земеш одговорност за нешто, мораш да се носиш со истото, макар терала муабети со мачката во јавност. Мислам дека кога ќе имам бебче, мачката нема да седи во иста соба со него. Среќа па овој пат ме немаше само 3 дена.. ************************ Од Стопанска банка, ме поткраднуваат константно. На секое вадење пари од картица фали нешто ситно. Фали 30че, 50че, 100че... околу колку со картица не можам да подигнам. Фали и дури кога не подигнувам, туку и кога само проверувам онлајн. Ситно е стварно, ама мое е! Еве денес убав сончев ден.. за нив не беше така убав, оти зажалија што ме примија на разговор! Е нашле тие со кој краставици да садат.
Сакам да кажам дека ... Во последниов период се најдов во многу чудни ситуации кои до сега сум ги немал. Откако после подолго време ќе се сретнам со некого и ќе го прашам "Како е кај тебе, промени, што има ново?" и ќе ми дадат одговор мојата реакција на тоа е "Ауу да, знам видов на фејсзбук / инстаграм". Теее да му ебам мајката, какво време дојде се да се знаело за другите од приватниот живот. Од една страна се мислам дали социјалниве мрежи се лоши али од друга си велам па ако не објават лугето социјалните мрежи немаат никаква моќ и ќе си останат празни. Како и да е, дојде време каде што човек на човек не може да се пофали за некоја новост. Тоа се веќе однапред споделено на мрежите се знае. И тоа е, нема споделување на радост очи во очи тоа е се веќе електронски. Awesome, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Znaci mi se povrakja od lugje koi "te sakaat" samo dodeka imaat potreba od tebe. Koristoljubivi,prazni,sebicni.
Сакав да пишам луѓе мои, облечете шаренило на себе, што има врска како тоа прилега, секако прилега! Убаво е да се сретне шаренило на улиците. Потоа се сетив дека се чувствувам особено пријатно кога носам облека во црна боја, иако е тоа реткост, ама тие моменти се навистина посебни. Потоа се запрашав дали црната е навистина боја па гуглав па потоа дојде и прашањето дали и белата боја е навистина боја. Секако земав во пеинт на црна позадина да нацртам со друга боја ама пеинт е идиот затоа што црната боја која не знам дали е боја не впива такви бои и не е реално и мислам дека сето ова е одлична прилика за жалење кај одговорните. Сериозно луѓе. Пеинт се вика. Пеинт мај ес. Се откажувам. Носете што сакате, ватевер
Доаѓа малата од школо и од врата ме прашува: ,,Мамо,мора ли да учиме албански и стварно ли ако не знаеме,ќе мора да платите 5000 евра?" Никогаш не зборела и не се интетесирала за политика,ниту па дома ги замараме децата,а кога ја прашав од каде и е ова прашање,ми рече, тоа го збореле децата во школо. Ај ние што мораме да сме оптеретени со ова,мораме,дел ни е од нашето секојдневие,ама и децата ли да се трујат? Им кажав и на ќерка ми и на син ми.Колку јазици знаете,за толку луѓе вредите.Ништо не е страшно да се знае јазик плус,секако,ако се сака. Апел до сите родители. Внимавајте што зборувате пред своите деца.
Се враќам накај дома со точак и застанав да се наместам покрај некои лулашки. Слушам децата зборат чиј татко имал поголема плата
Со другарка ми се слушнавме после не паметам колку изминати месеци наназад, можно е и да е година време откако патиштата ни се раздвоија, таа замина по една среќа а јас по друга да бараме.. Имаше еден период релативно тежок за нас кога целодневно бевме заедно, плачевме и се смеевме.. Се сакавме навистина. Мерак ми направи навистина кога рече не си се променила и покрај се.. се смени, но харизмата твоја не ја смени после 3 реда муабет што и направив да се изнасмее до солзи. Луда си богами ..ми рече. Човек се ќе смени.. и местоположба, и живот, и навики, и до некаде и карактер .. но харизмата не ја менува.. поготово не, со некои луѓе кои ти значеле многу на овој свет. И така помуабетевме за минатото па и за иднината, се насмеавме од срце како и некогаш и заклопивме. Одредени луѓе кај и да заминеш и во што и да се претвориш едноставно ти остануваат во срце, непосредно колку пати ќе ги видиш и слушнеш. Знаеш дека едноставно сте еден за друг и дека и после 5 години ако седнете се ќе биде како првиот пат.
После долго време пуштам на тв да видам што има ново-старо (по македонски програми). Прва програма ми се пушта квизот Арена реприза......АЈ си викам, може интересно е. Ама не.... Луѓе, во емисијава учествуваше ментално засотанат човек Грев е да се смееш, ама ајде остани имун на глупостите што ги кажа. Прашање: Како се вика потокалевиот мачор од цртаните? (На Гарфилд се мислеше, не знам точно како беше прашањето) Одговор од човекот: Мачорот како се вика?? ААА па мачотор ТомиЏери се вика.... Друго прашање: Кој е главен град на Јамајка? Одговор: На Јамајка?? Пааа Германија ли беше, Русија ли беше...така нешто... Трето прашање: Како се вика резиденцијата на претседателот во Франција? Човекот: Претседателот се вика....хмммм.... Водителот: Не претседателот, туку палатата каде што престојува како се вика?? Човекот: Аааа, пааа.... Франција се вика.... Водителот: Во Франција се наоѓа...ама како се вика?? Човекот: ааа.... Прво и основно како го пуштиле во квизот човекот кога си има проблеми? Зар нема некое тестирање пред да се појавиш на тв? Ни организација, ни ништо нема...Како да гледаш пак такви глупости? После пуштам на друга програма, имаше серија и слушам машки синхронизиран глас: - Мхххх не можам да се наситам со ќерка ми... (реченицава е тросмислена) Гасам...ДОста било....