Се обидувам да ги затворам очите навечер,да можам да заспијам,но се плашам мислите да не ме заробат. Главата ми е полна,ваму таму се врткаат прашања,кои едноставно немаат одговор. Се прашувам што би се случило,ако работите се поинакви,дали би било се исто како што е? Толку осамено се чувствувам,и покрај многуте луѓе околу мене .....
Ќе станам тетка. Одамна во мојата фамилија не се слушнал детски плач. Само среќа и благодет да ни донесе новиот член во семејството.
Вики,да ставам твоја слика тука на форумов-ќе се препознаеш? Од тие сликите кај што си поубаво излезена,сакаш?
Дојдов до податок дека после долго време кога нема да видиш некој прво го забораваш неговиот глас. Се сеќаваш на лицето, мирисот.. но не и на гласот. Не сум размислувала за ова никогаш, но еве сега сфатив дека всушнот сум заборавила нечиј глас. Ми фали. А морам да признам и дека ме плаши тоа што бледее и останатата трага.. сакам да се сеќавам!
Анонимноста на форумот е една од работите која треба да се почитува без разлика за кој член се работи и не е правилно да се кажува дали сте откриле некого или не. Најдобронамерно ова. Peace out
На овој ден сум една година постара.. И би сакала да ве почастам за истото.Нека ми е среќен роденденот,а вие земете си по едно парче за секого има.
Значи ова соновите се страшна работа , недај боже инфракт ке добијам некогаш на сон , сонувам понекогаш толки страшни работи што коа ке се разбудам неможам да се освестам дека било сон... Срцето ке ми излезел.. иначе ме разбуди мајками по телефон да ми каже нешто ке ми купила па да одберам боичка ааааааако нема проблем..... Да се подспремам малку и идам на гости да ја видам внуката , сонцето малечко посладко дете нема имајте убав викенд
Конечно ја споделив мојата тајна. Всушност, две. Таа дилема дали да ги споделам или да ги зачувам за себеси беше неизбежна. Како и да е, ја надминав. Сеуште сум збунета од сопствениот збор, но ќе помине. Инаку, вчерашниот дожд беше супер. Ептен ме расположи, што е реткост. Браво за дождот
Конечно завршија платените политички реклами, сега човек може на мира да седне и да изгледа телевизија без прекин на секој петнаесет минути
Гледам на еден друг форум има натпревар за готвење и ми се виде баш интересно. Зошто и тука не се направи такво нешто, од толку жени сигурно има и понекоја домаќинка Еве предлог, ќе научиме некој рецепт, ќе видеме слики, што велите?
Потполно се сложувам,затоа и така искоментирав на членката која изигрува детектив тука на форумов. Открила кој е кој и што сега? Аплауз очекува? Таа нејзина изјава само предизвикува двоумење кај членовите дали да продолжат активно со форумов или едноставно (бидејќи се нашла некоја детективка која им го открила идентитетот)да се откажат и од форумов и од давање свое мислење. Абе има правила кои треба да се почитуваат,нешто што се вика бон-тон,култура .... Така,ај ,бидејќи јас сум таа откриената,еве ќе чекам да ме заборават,или пак нов профил,или едноставно....ќе се откажам од вас.... Несакам на секое мое вклучување тука,да имам чувство на параноја....
Замислете ги вашите проблеми во некои фигури, ваши замислени тела... ги замисливте? Ајде сега, земете ја вашата замислена четка и насликајте ги пролемите во мали беспомошни птици кои брзо ќе одлетаат. За да не се соочуваме со несреќата и проблемите, треба да не се оптеретуваме со нив, треба да бидеме сталожени во моментите од животот кои не сакаме да исчезнат, а нашата возбуденост и несмиреност може да ни овозможи да ги изгубиме убавите моменти. Имајте убав ден.
Машките биле најголемите готвачи и готвеле најубаво. -Мисла на еден другар СДК дека навистина дождот влијае на мојот сон,уживам и во двете!
Вики, озбилна си со муабетиве? Не ти доликува на годините, искрено да ти кажам. Вие зборите за малите деца на форумов, ама и ние повоздрасните не сме за аплаус со вакви ниски коментари и "детективски" игри. Ви се чудам на паметот.
Лесно е да речеш ,,не знам"...Оди објасни му на мало дете зошто штркот го однесол кај неговите дома а не кај Димови кои имаат базен во двор .