Мнoгу иритaнтнo делувa кoгa чoвек шo не збoрувa и сите oсеќaaт декa се дели oд групaтa, пoчне дa збoрувa. Секoе oтвaрaње нa устa, секoј гест, те нервирa дo степен дa мoрaш нaпуштиш прoстoријa. Oкеј е, не мoрa сите дa те сaкaaт, не мoрa дa се oбидувaш дa ги пoбедиш у глупoстите шo ги збoрувaaт. А зaмисли дa беше убaвa "Ееееее не требa дa се срaмиш, нo и не требa дa се истaкнувaш aкo си пoсебнa ќе те зaбележaт и у темнинa" Имaв ситуaцијa зa смеење мoментoт кoa Џoи вo Friends гo спaсувa сендвичoт oд куршум. Јaс спaсив стoл oд пaѓaње. Изведувaвме нештo, oвaa седеше нa двa стoлa и нaеднaш пoчнa дa пaѓa. Јa зaлетaв и и гo тргнaв другиoт стoл Ми викa "I was like wowwww he's coming to save me but now I am asking you why don't you kill me Кoa дoзнaвме декa Укрaинa е дел oд прoектoв си рекoвме кoјзнaе кaкви жени ќе дoјдaт. Се пoјaвијa 3 женски шo 90% oд времетo спиејa...сaми Сепaк, пoдoбрo oд oчекувaњaтa нa еден Хрвaт кoгa oчекувaл Нoрвежaнки кo oние рaкoметaрките нa некoј курс зa прaвa нa LGBT, a се пoјaвиле трoјцa гејoви Oд Дaнскa беa муслимaнки сo пoтеклo oд Пaкистaн, тaкви верници сo тoa трaдициoнaлнoтo сaмo фaцaтa шo им се гледa. Перфектен aнглиски, креaтивнoст, смислa зa хумoр, некoи тв ѕвезди биле вo Дaнскa. Вестa шo ме дoтепa, држaвaтa им плaќaлa нa секoј студент пo 400-450еврa месечнo, a ние збoриме зa бугaрски пaсoши и плaтфoрми П.С Чувствoтo кoгa ќе ти oтвoрaт врaтa у музеј у стрaнствo у пoнеделник дa си купиш книги шo си ги бендисaл пред двa месеци
Кога бев помала мислев дека за да нешто ми се оствари треба да го молам Бог постојано. Да повторувам во себе, да молам, клечам, преколнувам. Никој не ми кажа така. Самата така сметав дека треба. Исто така, се доведував во состојба секоја вечер пред да си легнам да ја кажам „Оче наш”. Навистина. Прилично бев побожна. Го сакав Бог и се плашев од него, зашто мислев дека постојано ме казнува ако не сум доволно добра. Постојано мислев дека сум нешто малку, нешто небитно, нешто немоќно спрема Него - семоќниот. Мислев дека треба да се срамам, да се плашам, да молам. Мислев дека не сум вредна за да ја заслужам Божјата љубов. Само се надевав дека не ме мрази. Потајно се надевав дека еден ден ќе ја земам Библијата од шкафот каде ја чуваше тато, за да ја читам и да ги откријам тие прекрасни, чудесни и свети тајни што таа ги содржи. Некогаш читав, но малку разбрав. Имам уште примери каде се докажува мојата приврзаност за религијата. Но, сепак, и покрај сето ова, мене животот не ми одеше во најдобра насока. Знаев да бидам тажна, уништена, да не ми се живее. И во тие моменти на безнадежност, очај и омраза кон себе и другите, јас се молев за да не биде полошо. Не велев „Сакам подобро” туку велев „Не сакам полошо”. Сметав дека немам право да го прашам Бог зошто така постапува со мене, можев само да продолжам да живеам во страв дека работите ќе се влошат повеќе. Но, се разбира, Бог не е ни малку виновен за моите искривени сфаќања во врска со Него и овој свет. Ама за среќа, сепак навреме ја дознав „мојата” вистина. Можеби сеуште не ја заборавив „Оче наш”, но заборавив да се плашам, да се молам, да се обвинувам. Би ви одговарало ли однесувањето на Бог ако ви каже дека не му е грижа што правите и на кој начин? Ако ви каже дека ви дава целосна слобода да правите што сакате, без да ве казнува или осудува? Ако ви рече дека ве сака повеќе од сѐ, дека сте му важни, дека сте чисти, дека сте среќа, љубов? Би ви се допаднало тоа? Мене да. И тоа многу.
За некои нешта кои ми се се случиле во животот, не ни барам одговори, едноставно прифаќам дека е Божја промисла. Секоја ноќ се молам, и често гледам - одговори на моите молитви. И вечерва пак истата - со твоја воља Боже, нека ме осамни новото утро покрај нив, потребна сум им! До утре,мирни сни!
Сосема е во ред да сакате да читате различна литература. И наша и странска. Во ред е и да ги коментирате прочитаните книги дури сте во друштво. Ама тоа не треба да значи дека постојано треба да се сликате со книгите да докажете дека постојано читате. Тоа не треба да значи и дека треба да зборите за тоа колку вие читате и колку сте опседнати со читањето. А да не зборам за тоа дека кога ќе прозборите едвај сврзувате проста проширена реченица. И како за крај - Тонч.
Не им верувајте на луѓето што зборуваат лошо за другите,а добро за вас. Бидете сигурни дека пред другите и вас ве оговараат негативно.
СДК што убави филови даваа на времето, да ти е мерак да чекаш епизода. Па влегување во филм, па салафетки, па лифчиња... кои чувства кои емоции СДвиК денес ретко дека такви емоции ќе доживееме инспирирано од Јутуб а ми се гледаше филм
Ви истата емисија што ја збори @JollyGirl друг играч ги вложи сите бодови во прашање од литература. Му се падна на кој слог во македонскиот јазик се паѓа акцентот кај трисложни и повеќесложни зборови. И си кажа на вториот... #срам ме фати
Кнедла во грлото ми стои. Не можам да ги пуштам солзите затоа што околината не ми дозволува, но знам дека само што ќе ја затворам вратата ќе се исплачам. Се надевав дека нема да дојде тој ден кога ќе мораш да одиш. Од сега со нетрпение го чекам денот кога повторно ќе те видам и ќе ми речеш дека сум најубава твоја. Ништо не сакам друго, само сакам Господ да ми те чува. Среќен пат најмил мој, ми недостасуваш.
Станувам утрово расположена и полна со енергија.. веќе четврт ден кај што ми почна сезона на вежбање. Сите мускули ме болат и ме затегаат и иако треба ден за одмарање да биде, желбава за движење не ми намалува.. што е и до некој степен нормално за мене поаѓајки од фактот дека секогаш одам од крајност во крајност. Туку.. ми прелета мисла, така нерасонета со ѓезвето в рака.. поаѓајки од фактот дека последниов период од две недели бев во некое тмурно расположение и неволна за било што.. "Зошто светот осудува и отфрла се што не е насмеано и расположено за муабет во било кое време, посебно при ширење на нови познанства?" И ми текна дека и тоа е некој вид дискриминација на се што не се вклопува во тој калап на насмеани сонциња ready to bounce of happiness!" ..што повеќе или помалку е изглумено во поголемиот број на случаи. Секоја чест на оние позитивните на кои тоа им иде од душа! Тие две недели ко за некое чудо излегував почесто во обид да ми се расчистат облаците што ми висеа над глава и бледо зјапав наоколу и креирав психолошки профили на луѓе базирани на малкуте информации што ги имав за нив, говорот на телото, бојата на гласот дури се смеат, експресиите на лицето дури разговараат и отсутно повлекуваат дим од цигарата додека го чекаат келнерот. Некои погласни, некои потивки.. и вниманието ми го фати гласното вештачко смеење што се повторуваше едно безброј пати во тој саат ипол каде што бев седната, на две маси оддалечени од мојата. Група студенти. Еден раскажува, другите благо ке се поднасмеат, третава цел кафич го крева на нозе од смеење. Очигледно вештачко и иссилено. Зошто, си викам? Зошто таа потреба да се глуми среќа? Затоа што одговорот е ваљда, не си доволно интересен и посакуван за дружење ако не си нонстоп насмеан и полн енергија, што е неизводливо да бидеш 24/7. Ми текна на една случка кај што седев со другар во парк, не бев нешто расположена и онака седевме.. доаѓаат двајца негови познаници и седнуваат до нас, се разврзува муабет.. јас на неколку пати се вклучив колку да не излезе дека се недобредојдени во наше друштво и толку беше. Не ми се правеше муабет едноставно, не дека ми беше нешто многу тешко, туку онака без енергија бев, ми годеше воздухот и тоа беше се'. По некој месец ставам статус на фејс нешто филозофски склопено ми се чини беше и ми коментира еден од дотичниве со кои седевме, па муабетот се разврзува на чат потоа. И така длабоко си се размуабетивме на секоја можна тема, си пофилозофиравме и на крај ми вели.. "Па ти супер човек си била бе", јас прашалници.. ??? А као претходно што бев? .. и ми објаснува типот дека сум делувала многу незаинтересирано и пасивно кога сме седеле заедно. ПАСИВНО. Значи во тој еден саат ми ставија печат со иксче дека немам што да понудам при дружење, и оп една голема етикета како повлечена личност. Повлечена како да е нешто лошо. Во таков контекст го среќавам тој збор речиси секогаш. Па нели секаде се пропагира оригиналност, да бидеш свој, да се делиш по нешто од другите, па дури и тоа да е твоето променливо расположение и способноста да бидеш доследен на себеси и притоа да не се чувствуваш потиснато од очекувањата на светот да глумиш екстатичност кога можеби и не ти се прави муабет. Нонстоп се труби "слобода на изразување", јас би рекла да вметнат и "слобода на постоење", без да се наметнува притисок за забавување на околината околу тебе со постојано "смеење"(кога уствари и ништо од муабетот не ти е смешно) и муабет ради реда колку да се потполни тишина. Толку од филозофирањето луѓенца мои, одам јас да си ја надополнам плејлистата со некое плус мотивирачко песниче за вежбање и стапувам во акција. А вие бидете ми поздравени и останете доследни на себеси и вашето расположение. Fuck the world and its expectations. You do you.
И дрското едно време беше во мода, ама не значи дека секаде прилега. А вие се уште си мислите дека први сте без влакна на јазик, ама не бива со сила бре луѓе. Не е природно. СДК метеопат, си патам од метеово Ноќеска не спиев добро, глава ме боли, се чувствувам онеспособена. Фали некој штраф. Шетам низ двор, испитувам да не се осмели некое дрвце да цвета толку рано, па да останеме без плодови и годинава Ми се садат работи, ми се јаде домашен домат. Ми се лежи на трева со очи вперени во чисто сино небо. И звукот на созреано жито кога ветерот го бранува, чиниш те милува. Ахх ми се наежи кожата од сликата, убавини. Родители, следен пат кога ќе видам ваше дете да шета куче врзано со јаже на улица, ќе дојдам на вас дома ќе ви го ставам околу врат, во ред? Па нека ве прошета вашето дете малку така, да видите какво е чувството.
Навистина е дрско и пред се далеку некултурно кога ќе слушнам муабет на мажи како го исмеваат татковството и љубовта спрема домот, фамилијата, жената и децата. Пред се кога ги мешаат поими меѓу родителство и бејбиситерство, односно зборовите како "златна папуча" или фразата "само тој има дете" или "ете го се залипил по дома и изигрува домаќинка" или пак "тој нема цицка, жена му има". Ниско, долно, подло. Не си фраер ако дремеш по кафана и кафичи со коњакот и цигарата во уста и исмеваш све живо покрај себе. Олош си. Несовесен. Фраер си ако умееш од чуства, од емоции, од љубов према фамилијата. И не, не се мажите бејбиситери и златни папучи. ТИЕ СЕ РОДИТЕЛИ. Тие се луѓе што знаат и се разбираат од фамилија и семеен дом.