Колку е убаво кога некој е љубезен со нас без некоја особена причина. Таквите личности ни го разубавуваат денот, и не се ни свесни за тоа. #МалитеНештаВсушностСеГолеми
Ако нешто ме вади од кожа, тоа е кога ќе чујам дека некоја работа мора така да биде затоа што „тоа е традиција“ или „таков бил адетот“. Да ви кажам една работа у доверба, вака меѓу нас – поголема глупост од традицијата нема, а поглупа причина за правење на нешто од традицијата е тешко да се замисли. Традицијата била корисна во некои минати времиња, кога животот на луѓето низ генерациите мање-више бил ист и немало некаков значителен прогрес во сферите на животот, па „народната мудрост“ останувала непроменета во подолги временски периоди. Тогаш, токму традицијата била таа која на луѓето им давала некаква потпора и им го олеснувала животот. Од друга страна, денес, кога животот на само две генерации луѓе се разликува речиси незамисливо, и кога за само 100 години е направен невиден напредок во речиси сите сфери на човековото живеење, традицијата може да биде само пречка, нешто што го отежнува животот, кочница на напредокот. Интересно е како традицијата се применува и почитува селективно. На пример, денес никој не ја „почитува“ традицијата на орање на нива со волови и со плуг – сите тоа го прават со помош на механизација. Оваа традиција е целосно напуштена, поради тоа што е физички исцрпувачка, подолготрајна, помалку продуктивна и понеисплатлива од нејзината современа алтернатива. Едноставно, орањето со волови во денешно време е од секој аспект застарено и сите сме го прифатиле тоа како нормален тек на работите и како резултат од напредокот остварен на тоа поле. Од друга страна, многумина сакаат да не убедат дека во другите сфери на животот – социјалната, на пример – треба да почитуваме некои „вредности“ и обичаи, кои потекнуваат од добата на орање со волови, и кои се исто толку применливи во денешниот свет – само затоа што биле традиција. Да не ме сфатите погрешно – не сум ја за тоа традицијата целосно да се избрише од постоење – сепак, обичаите се обележје на еден народ. Но, постои разлика помеѓу зачувување на традицијата и нејзино применување во пракса. Можеме и денес да го читаме Марк Твен и да го почитуваме како еден од највлијателните писатели на XIX-ти век, но сепак да бидеме свесни дека зборот „nigger“ е навредлив. Можеме да ги гледаме холивудските филмови од 50-ите и 60-ите во кои жените се прикажани како хистерични, а мажите им удираат шлаканици за да ги смират, но сепак да бидеме свесни дека тоа не е во ред. Можеме да ги познаваме традициите на нашиот народ, но сепак да бидеме свесни дека за нас, како современи луѓе, тие се неприменливи.
Понекогаш чувствувам како времето да застанало, се се враќа во забавено темпо, легнеш, станеш, одиш на работа издишуваш, се враќаш легнеш и така одново и одново. Не живееш, дишиш. Времето не е саат, саатот го измислиле луѓето, времето е ден и ноќ за некого посебен момент, за некого важно време. Дожд, сонце, снег сите годишни времиња тоа е време. Времето се одвива во забавено темпо само некои се научени да мислам дека лета брзо.
Пфф, па оно колку било лесно, а ја пак смотана Итс изи, се дешава терористички напад во Франција-так мењаш профилна у боите на Француска, насилство врз жени-так една убава оранжова нијанса ставаш, сега Маџедонија на мени- оп знаменцето во ќошот Бреј, апликација за се Го спасивме светот благодарение на Фејсбук елитата Так, иде некој шеик, ја пакува Сунчица и правац за на Бора Бора, у еден правец Е тек тогаш уште поубаво ќе биде
Додека дремев дома и се радував оти конечно дојде времето од денот кога нема да правам ама баш ништо, па почнав да размислувам како у ствари треба да започнам да правам нешто, малку по малку, ама се решив да почнам ,, од утре ,, ,некаде прочитав : ,, За да ја пронајдеш љубовта на својот живот, прво треба да имаш живот. ,, Well, fuck my ,, life ,,.
Меѓу многуте слики за добредојде на март какви што гледаме на почетокот на секој месец, денес скролајќи прочитав и дознав дека овој е еден од оние датуми кои се одбележуваат симболично на социјалните мрежи, а кои секако треба секој ден да ги „славиме“ - имено, светски ден на комплиментите. Па, тоа ме инспирираше на размислување и шкртнување два-три... океј, лажам - филозофирање во околу 200-300 збора to be more honest. Велат денес искреноста (за која патем сликата доста варира во зависност на човекот кој ја перцепира) не е пречекана на голема врата... но јас повеќе би рекла дека љубезноста и комплиментите, често поради тоа што неправедно и генерализирано се гледаат како нешто спротивставено на искреноста - не се пречекани на толку голема врата како што заслужуваат. Лично, на луѓе што ги познавам и ми значат - во живо секогаш избегнувам да им „плеснам“ во лице дека не ми се допаѓа нешто во што вложиле труд и им претставува навистина задоволство. Додека пак, кога некој ќе ми ја допре душата и умот со воодушевување - не штедам на убави зборови со кои би воздигнала, пофалила и израдувала некој во моја околина, без разлика на тоа колку долго го познавам... едноставно, отсекогаш одвнатре ми идело тоа, поекспресивна сум во издигнување на позитивното. За првото ме имаат наречено дипломат , а за второто се пронаоѓам во многу извртени толкувања на лицемерието, од страна на луѓе толку навикнати на ароганција и дрскост што за нив општо убавите зборови станале научна фантастика... Луѓе, научете повеќе да ја „плескате“ убавата вистина во лице. Распрснете ги како конфети убавите зборови на тие што заслужуваат. Не одминувајте без некој кажан комлимент нечија убавина, и онаа надворешната... а уште повеќе онаа убавина и квалитет одвнатре, изразена преку однесување и творење. Затоа што има многу луѓе што заслужуваат да им го кажеш она што сакаат да го слушнат, како би се инспирирале и би продолжиле да го прават поубав светот и поквалитетно времево во кое живееме. Убавина/интелигенција/креативност/постигнат успех; даден и слушнат комплимент за истото; инспирација, мотивација; позитивна енергија од двете страни... - бидете што почесто дел од овој циклус.
Леле ама се пронајдов. Два дена по ред станувам во седум и пол да гледам Game of thrones иако сум втора смена. И кога им велам на луѓето дека буквално станувам само за got не ми веруваат.
Има и подобри писатели од мене,му се насмевнувам на ветрот.Се сеќаваш тогаш?Кога светот беше тмурен а небото имаше мермерна боја?Тогаш ги напишав првите зборови.Првите зборови на младоста. Ќе ми веруваш ли,денес кога носам душа развлечена низ целиот свет,кога ќе минат години,утре. Кога утрата ќе бидат потемни од ноќта,кога ветрот како денес ќе ти ги раскаже сите оние денови кои не стигнав јас.
Идемо у ЕвропиииСега сфатив дека стварно е убава женава, дури и кога била млада, нема маанаОд кој агол да ја гледаш сјае
Pred nekoj den na doktor. Doktorot: (vika po prezime), kako ste, koja e potrebata denes. Axa by the way typical Slavic surname od kade ste? Moeto dete: od Makedonija Jas: znaete kade e? D: a da , sum bil jas doktor na poveke mesta vo Evropa mnogu sakav da go posetam Skopje, neli glaven grad e na Makedonija? Jas: Da, da D: sum bil jas vo eden grad vo Makedonija na bukvata T pocnuva Jas: se mislam koj li ke bide grad na T i kako od puska Tetovo D: kuti doktorov nekolku sekundi, ne bese Tetovo i nekoj cuden zvuk na razmisluvanje vadi D: po kratko razmisluvanje silno, glasno i jasno Thessaloniki Mi padna smesno ama kuti trpi, ne odgovoriv nisto, verojatno svati deka epten ja utna. Vo sustina mozda i ne ja utna, na karta si pisuva oblas Makedonija ama sigurno ne ja videl zelenata linija koja oznacuva granica.
Добро утро фемино со сите твои убави луѓе и оние не толку фини. Убавина хммм... одамна престанав да ја користам како мерка за физички изглед. Убавите луѓе се топли, пријатни, мили луѓе. Ти прават убаво да се чувствуваш. За таква убавина зборувам секогаш. СДК чувствувам дека годините во борба со предрасудите процутеле во плодни мисли. Чувствувам дека умот ми е далеку повеќе отворен. Веројатно станува јасно колку некои "проблеми" се тотално небитни, а луѓе ги натовариле на грб секое утро и ги влечкаат со себе како училишни торби. Не можат без нив. И ги гледам, и се тоа... Чиниш ќе го решат глобалното затоплување, војните во светот, а тие само селски оговарачки. Па сакаш да помогнеш, а во исто време... А сепак, и покрај се, се чувствувам колку поголема, толку помала. Сфаќам колку работи не знам, сфаќам колку работи не гледам. Сфаќам дека далеку сум, една мала точка на крајот на тунелот, една дамка на прозорот, на очилата прашинка... толку ситна во споредба со тоа што можам да го направам од себеси. Ќе најдам разбирање за сите вас, некако тешко ми оди за себеси. Сакам да ме накисне некој дожд. Размислувам дали работите што ги посакувам имаат цел да направат да се чувствувам барем малку повеќе жива.
Ima luge koi krsat srca. Ima i takvi koi sostavuvaat. Vtorite se prekrasni. Prvite ne vi se potrebni.
Збеснав.... како што знае да заболи забелешка од некој што ти значи нешто, ништо не боли.... нека оди се упм....