Сакам да кажам дека апсолутно више ми е преку глава од бистрењето политика. Више се изморив, и претходно напишав, ама сега више е дефинитивно. Испрани мозоци, сегде околу мене. Да не знае човек во што и кому да верува. Секој различно збори!
Една е сестра Решив сите книги шо ми се на таванот, шо ги чував со години, пола да ги фрлам зошто ми се. Си вратив толку спомени од детството, на секој предмет се насмевнував, со часови останав таму и го најдов од сестра ми споменарот И викам и го прочитав како се смеев хахаха и и го фрлив И зошто и го фрлив ме напна и сега морам да одам да го земам
Спонтано да се надоврзам на муабетиве од погоре... Ако имам син, и му носат глупи пиштоли и пушки за да си игра, дискретно ќе ги фрлам, али да имам ќерка, и да и донесат од оние глупине сетови за готвење или за перење и чистење, од глава ќе им ги акнам. За мене пушка и пиштол не се играчки, или пак оние бебињата што цицаaт и мочаат... Да, тенџерчиња и колички, обични куклиња, па и сетовине за чистење може, али без разлика на полот. Ама на кого да му објасниш, кога машкоста на син ти зависи од бојата на врвот за елка , или пак од тетратката со пиле на неа. ( true story ). Али како викаат браќана срби, боље ќерка курва, него ли син педер...
Ако за нешто сум болно љубоморна, тоа е на оние личности кои само што ќе ја стават главата на перница-заспиваат, додека јас морам да се борам со сопствените демони кои владеат со моите мисли, ме гушат, не ми даваат мир, ме навраќаат во минатото, ме плашат за иднината.
Затоа што сме луѓе - грешиме и ќе грешиме. Затоа што сме смртници - не сме совршени и не можеме да бидеме.
Мене иритантен ми е делот на оние бебешко плаво и розеви нијаси. Се знае која боја за какво бебе е. Ма бре моите деца во жолто, крем и кафеаво ке ги облекувам.
Е многу ми е убаво. (марфи бек офф ) Да можам да си ја отворам душава и на сите да ви дадам по една темјанушка. Расцвет во опојни мириси за навек. По малку среќа за секој ден. За сите.
И ја сум пресреќна зошто моја братучетка после 7 год брак ке имаат бебенце.Никогаш не губете надеж и само верба во Бога.
Мислиш дека си добар човек? Мислиш дека си добра личност? Запрашај се колкумина пролеале солзи поради тебе. Запрашај се колкумина биле растажени и навредени од твоите зборови и постапки. Потоа помисли кај колкумина си предизвикал/а среќа и благодарност. Спореди ги тие бројки. Тие бројки ќе кажат каква личност си.
Денес на дневен ред од нешта низ социјалните мрежи што бодат очи и покажуваат дека со културата на народов нешто сериозно не е во ред - ја издвојувам доста познатата Фејсбук група „Ѕид на сообраќајниот срам“. Значи... како прво, мене лично, кога сум излезена надвор, освен да се сликам (сама или со некого) или да сликнам секакви моменти од природата привлечни за очи ... како што никогаш не би помислила да извадам телефон и уклучам камера за да фатам рандом непознат човек во било каква глупава, чудна, непристојна ситуација - исто така никогаш не би ми текнало да сликам/снимам нечија туѓа кола и направен прекршок, посебно не на сред улица и од сопствената кола во движење - за на крај тоа да го постирам на интернет. #евенезнам Ама нејсе, настрана тоа - нешто друго ми падна многу посериозно во очи и тоа во многу негативна смисла. Океј е што луѓево обрнуваат внимание на сообраќајна култура, ете дури и се нафаќаат на таа за мене неразбирлива навика за сликање и постирање такви ситуации со цел, да речеме, на некој начин да ја подигнат свеста - ама за жал, во многу од постовите во таа група приметив дека на доста од членовите им фали онаа основната, човечка култура на изразување. Кај многу од луѓево, во дескрипшн на сликите од туѓи прекршоци што ги ставиле или во коментари - се изначитав квалификативи како кретен, идиот, стока... па и на коливе со регистрација од друг град одма омаловажувачки коментари, во стил дека по дифолт е очекувана таква некултура оти се работи за „провинцијалци“ од други помали градови дојдени во Скопје. Мислам, не возам и немам некое големо познавање конкретно на сообраќајот (во групава ме стави една другарка и земав баш да видам што се пишува, пошто 10000 пати претходно ми се има појавувано на почетна), ама не дека и јас не фаќам сеир на некои нешта, на пример еве grammar nazi сум и знам често да ругам неписменост... но секако без лични навреди. Поентата ми беше - луѓе, нивото и стилот на кој критикувате туѓа неинформираност, невкус или некултура во некоја област - најмногу зборува за вашата лична основна култура.
Aко правото на авторитет кон помлада личност ви дозволува да го понижувате нејзиното достоинство и да бидете глуви на нејзините зборови само бидејќи сте постари, тогаш авторитетот веќе преминува во нискост и егоизам. Авторитетот кон помладите запира онаму каде се наоѓа нивното достоинство и право на збор.
Ги повикувам бутиците кои ги рекламираат своите грациозни модели да научат дека црвено и розево не оди. Значи тотална утка.
Моментот кој се трансформира во моменти кога имам многу да кажам, па ги преиспитувам приоритетните теми и околности за на крај да ги истуткам зборовите како парче хартија и да ги фрлам во дното на корпата. Некои подлегнуваат на процесот на рециклирање како презреан плод кој го променил вкусот низ времето, ама некои се силни и отпорни и знаат да ме вратат на црвен сигнал во минутите кога сум одлучила да го вклучам зеленото светло. Жолтата сијаличка не преживеа пред да се откажам... Ќе ја прегрнам упорноста и ќе и се доближам од другата страна на преминот. Никој не вели дека е лесно, но ќе си ветам дека вреди.
Ако тренерките, патиките или било кој дел од спортската облека ти е во црвена боја, тоа НЕ ЗНАЧИ дека треба да ја комбинираш со црвен кармин!!! Тренерка, патика, исцртана црна веѓа, тапирана коса и црвен кармин! Тоа е таа идеална комбинација за неделна прошетка!
Сакам да кажам дека не можеш нормална патика да си најдеш по спортскиве продавници и аутлети. Значи не трчаат сите, не сакаат толку спортски патики. Аманте од кај ги носите од кај ги пустите?!? За цените и не сакам да зборувам, мислам машка патика New Balance ништо посебна 12880 денари. Па некој со тие пари бре 4 члено семејство гледа. И после зошто луѓево си порачувале од интернет? Па фала богу не секој може да си го приушти тој луксуз!
Што, некој ја силувал?! Е од ваков ,, хумор ,, за малоумни дркаџии ми се оди у ве це по голема нужда... Оти нели неговото дете стварно штркот ќе го донесе, а жена му ќе умре невина. Не дека може скришум да си биде мераклика, и да нема образ барем јавно порно глумица да биде, и да не го лаже маж и. И коа веќе сме на исмејување порно глумици, зашто нема вакво нешто, а порно глумците?! Они немаат деца и жена? Или нив стварно штркот ги донел? И кај си мастурбира на глумицава, па уште и ја плука оти он мастурбирал на неа. Стварно?! Па да не беа порничиве, 80 посто од вас ни цицка немаше да видите, али ај...