Денов некако тежок ми испадна, без врска, успеав со пешачење да си залепам некои рани. Заглавив малку во сообраќај во општинава, со слушалките на уво едвај приметив дека не се ни движи автобусот. Напред колона, а пред колоната погребна поворка. За дел од секунда ми помина низ глава зошто сеуште луѓето тоа го прават, за да си го прегризам сама себе јазикот. Некои работи секогаш ќе болат, без разлика колку време и да помине. Ноќеска ја сонував тетка ми. Едно дете со голем камен, како дел од карпа чиниш беше, едвај го држеше во раце, фрли кон неа и ја погоди. Чудно само раката и беше повредена иако каменот ја погоди во гради, онаму од каде што започна се. Можеби постов не ми е за тука, можеби на крајот и ќе го избришам без да го испратам. На првата автобуска станица, на бандерата стоеше Во спомен ликот на човекот што заминал. Бил 12 години помлад од татко ми. Го фатив тате за рака кога ме сретна по улица, го ислушав и како ми раскажува за некоја турска серија што ја загледал. Татко ми тивко патеше сите овие години, секогаш одбегнувал конфликти, со тетка ми заедно си пиеа кафе и пушеа цигари. Кога почина тетка ми после долго време борба со болеста, каде што болеста упорно победуваше и освојуваше нови полиња, беше еден многу чуден период. Рековме ете, дојде смртта на врата да и олесни, затоа што тоа не беше повеќе ни мојата тетка. Знаете, тетка ми имаше доста тежок живот, и денес гледајќи ја таа поворка така ми падна тешко, затоа што тетка ми не успеа да види нешто повеќе и подобро во животот. Зошто не можеше да тропне животот на нејзината врата, а не смртта? Зарем не заслужи да види барем некоја убавина? Да ги види своите три внучиња? Да стане со горда глава, да излезе од темнината во која живееше? Не е фер. Никогаш нема да биде фер. Денес навистина многу ми недостасува. Денес некако посебно боли.
Кога некој сее разни муабети за мене почнав да се гордеам со тоа. Значи дека вредам повеќе од неговиот живот,што толку се занимава со мојот.
Некни @Bender Rodriguez расправаше овде за традицијата. Али од малово не можев се да исчитам.. Луѓе ок е традиција ај. Навистина некогаш си треба на човек кураж, разонода, забава и стари вредности али немојте бе луѓе со вашите традиции да им правите заканувачки опасности на бебињата. Да се носело во 3 куќи, ќе го мачкале со брашно по образите?! What?! Јас не го бацувам ти брашно ќе го прскаш. Јајце да му се кршело или не знам како.. Секира, нож и не знам какви конци да сум ставала под креветче.. Врв на се беше ова со менструацијата да се ставало од валканото во водата каде што се бања или не знам како слично беше. ПА ДАЛИ ВИЕ СТЕ НОРМАЛНИ?!
Решив да не ми смета присуството на брат ми кога медитирам во природа, па тој стана тивок и уживаше заедно со мене. Решив да не се плашам од бубачки кога седам на тревата, и тие повеќе не ми се доближија да ми досадуваат. Решив да ја игнорирам болката во грбот при положба за медитација, па таа исчезна и ми стана удобно. Решив да не се грижам ако сосетката прави врева бркајќи си ги кокошките и притоа ме гледа и се чуди што правам, и доживеав чувство на слобода од туѓите мислења како никогаш порано. Река, ветре, сонце, небо. И поуспешна медитација сум немала. Потоа, решив да ги игнорирам ставовите на домашните за истополовите врски и бракови и да не речам ништо. Само молчев и останав на висока вибрација со чувство на прифаќање и неосудување на никој и ништо. Со чувство на љубов. Потоа пак, имав силни менструални болки какви што ги паметам само еднаш, пред можеби година, кога цела ноќ плачев и не можев да спијам, преколнувајќи го својот пол и своето тело. Овојпат, се заблагодарив кога престанаа. И пак со љубов го продолжив денот. На враќање за дома, гледајќи низ автомобилскиот прозорец, замислував како Универзумот ми праќа светлечки топки енергија, како мали сонца, за да ми ја ублажат болката што се закануваше дека пак ќе се појави. Но, ништо од таа закана...
Ќе аплицираш на све и свашта, па ќе те фати страв да си примен сегдека. Се пријавуваш и ако ги добиеш, не знаеш што со нив. Како,кога? Па размислуваш шта би било кад би било, откако ќе откажеш. Својствено,искалкулирано. А така ти се чини. И се е некако привидно. На крај добиваш потврден одговор, не од сите, не од сегде. И имаш време, време за се. Оти време не постои, само по себе. Се е поврзано и хомогено. И соработуваме, успешно.
Викендов немав проекти за работа, имав само за учење обврска и пак ми беше пуст. Дури сонував како шефот не ми враќа на пораките да ми даде нови проекти за денес, се будам отварам лап топ и му пишувам, ноуп го нема да ми одговори... пишувам одма кај другарка, правеле муабет сабајлево би тука... и така преплашена си прам и еве гоооо Стварно не верувам уште дека сум толку зависна од работава или веројатно од париве, или можда сум зависна од обврски. Истражував викендов за универзитети во Италија после дипломирање да пробам натаму сакам.
Кога се дружам со "забегани" другари 24/7 ми го прават денот фантастичен. Кај им текнуваат такви досетки и идеи јас не знам. Си ги сакам
Денес ми е пета годишнина со Фемина. Врската со форумов ми трае подолго него ли сите љубовни врски во животов. Шта речи...
Понекогаш имам чуство како да ги запоставувам некој луѓе од премногу обврски, растрчаност и решавања на некој проблеми. Но никогаш не би ги заборавил и ако не повеќе би им упатил од сесрце топол поздрав.
Животот е краток, смејте се, правете што сакате и ако некој ви каже нешто ќе ви го скрши мирот и спокојството, средниов прст за тој и слободно нека си лижне од него.
Мислев дека самотијата е лесна. Самотијата никогаш не ме плашеше. Секогаш, и како дете, во иднината се гледав сама. Никогаш не ми било проблем да уживам во животот сама и на свој начин. Не сум нарцис ниту личност која се смета себеси за центар на универзумот, туку едноставно сум таква. Никогаш не ме плашела помислата на празен стан после работа, на пиење кафе сама, туку едвај чекав и чекам на таквите прилики. Но, сега сфаќам дека јас уживав да готвам за неа колку и да ми беше напорно, и да барам филмови, и да ја чекам после работа за прошетка. И секогаш ќе имам чувство дека со неа не изгледав доволно филмови, дека не се шетавме доволно, дека не ја скокоткав доволно, дека немам направено доволно со неа, толку многу работи што сакам да и ги кажам, а не можам... Толку имав потреба од самотија што понекогаш ме нервираше ако во денот немам простор и време од барем два саати за да бидам сама. Ме задушуваше да бидам покрај толку луѓе. И мислев дека ќе биде лесно, ама не е баш така. Јас пак ја сакам самотијата, ја обожавам, но не ми е толку убава и скапоцена кога знам дека таа нема да си дојде за два - три дена или една недела. Сега се што имам е време и се чини дека не знам што да правам со него... Чудно е како блиските личности ги земаме здраво за готово...И не, мене не ме мачи грижа на совест, јас немам згрешено ништо. Бидејќи и 1000 животи би ми биле малку со тебе, и во тие 1000 животи не би можела да те изгушкам доволно...
Сакам да кажам дека .. Се сретнав со 3 девојчиња. Со едната пред 4 години се дружевме доста, со другата пред 10 години а притоа сме се заборавиле и со 3тата не се знам. И сега при поздав, со едната треба да се гушнам. со другата high five а со третата hand shake да се запознаам. И целото тоа по ред колку изгледа глупо сега кога гледам од страна ХАХАХА #интересно Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Уште како мал многу ја сакав музиката,секоја песна си имаше свое значење,свои спомени,добри или лоши. Лошите ги заборавив останаа само убавите спомени,за лошите не вреди да се врти човек позади,кога животот оди напред,а ако сакаме да се чувствуваме убаво некои лоши работи мора да ги заборавиме(иако е невозможно) Мојот омилен хит од детствотоforever Добра ноќ
Ама како може да ме изнервира кога возрасни луѓе ќе ти дојдат на работно место и ќе те изгледа ко од Марс паднат, без да ти каже "Добар ден" и "Пријатно", ништо не може! Па нема круната од глава да ви падне бре, чисто од култура се кажува немора заради почит! Тмурни, прости!