Тоа е затоа што човечки е да имаме потреба од некој до нас, колку и да се правиме храбри и колку и да сме осамени сепак на крајот на денот сме само ранливи луѓе кои имаат потреба еден од друг. За било кој важи ова
Жени, толку години по ред го прославуваме меѓународниот ден на жената, сте се запрашале ли што всушност постигнавме или постигнуваме секојдневно за да ги заштитиме своите права? Феминизмот не е еднаков со мразење и омаловажување на мажите. Во светот луѓето, не само жените, луѓето многу страдаат. Не дозволувајте некој да се наметнува врз вас, емотивно, психички или физички. Да, за еднаква плата при еднаков труд. Да, за лично определување при формирање на семејството. Силно да, против семејното насилство. Против секаква дискриминација, да створиме подобро општество. Никој нема право да ве навредува, омаловажува и искористува. Сакајте се себеси и почитувајте ги и другите луѓе. И учете ги своите деца на љубов, а не омраза. Toa, верувајте, е најбитното баш во оваа ситуација во која сме сега. Не бидете дискриминатори.
Кога би ги мразел тие што те мразат, бројот на мразители се дуплира. - Таневски *Луѓето не се способни да мразат, можам само да мислат дека мразат,тие уствари многу љубат само не знаат за тоа.*
Некогаш сакам толку многу да кажам ама зборовите како да не ми излегуваат од уста... сакам да кажам, а не можам.. Дали животот ме научил дека е подобро да не кажувам баш се што мислам и чувствувам или само не знам да се искажам како што сакам... Не знам! Ама знам дека ми иде да врескам на цел глас, сите да ме чујат..да разберат што чувствувам... А сепак, глас не можам да изустам..ни зборови имам ни сила...
Животот отвора безброј хоризонти и можности. Сте приметиле дека секогаш од лошото може да извлечеме нешто добро? Сѐ се случува со причина, можеби Бог само не насочува каде да се движиме, оти не е секаде безбедно. И кога не е добро секогаш има други можности, мене барем во моментов ми текнуваат други планови, други можности за напредок, активности, како план Б. Добро е да се има секогаш, не знаеш каде те носи животот, но со позитивна мисла може да те одведе каде што сакаш. Ако желбата е посилна од мотивацијата тогаш стануваш незапирлив.
Во моментов само сакам да гушнам некого силно за се што ме боли да помине. Кога веќе немам кого во реалноста да прегрнам, ве гушкам вас виртуелни другарчиња мои.
Кога не сакам да помислам на солзи, доаѓаат како поканети. Се ронат ли ронат. И со повод и без него А кога намерно сакам да се исплачам и да заборавам на се, ми водат инает. Наместо солзи во мене навира бес. И сакам да го видам, ама и не сакам Ако го видам знам дека ќе ме освои пак со тој негов проклет поглед. А од друга страна пак...болно ми недостига. Спојлер: ! FUCK!!!!!!!!!!!!
Не знам дали сте свесни .. Хорхе со неговото писмено обраќање ќе го крене цел свет на нозе у пичку матер .. Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Interesna tema..mi teknuva edna nastavnicka vo osnovno ni Rece:"Deca ne mi kupuvajte cvekinja,soberete pa nesto zlatno kupete mi." I nie so toj detski pamet navistina lance zlatno i kupivme..Sega ke znaev sto da i kazam.
Кога во животот имате личност што ќе направи да верувате дека чуда се случуваат, тогаш веќе сите оние банални нервози и негативности не допираат до вас. Сега кога ќе се сетам дека се плашев да го отворам срцето за да не ме повредат пак, си се смеам самата на себе. Тоа што дозволив да ми се доближи тогаш кога ми беше најтешко, бев најранлива, со незараснати рани, тоа само направи побрзо да се излечам од старата болка. Сега да се вратам 365 дена наназад, пак исто би постапила. Го живеам она за кое сонував долго време. Тие две очи, а во нив целиот мој свет.