Сакам да кажам дека ... Како за чудо во шоуто "Среќни луге" на Драган Вучиќ во играта "Читај ми од усни" бев именуван без претходно мое одобрение за тоа. Во оваа игра, девојката која требаше да ме погоди мене, за жал не го направи тоа, наводно се тврди дека не ме знаела оти сум бил анонимен на форумов и наместо Читател и се виде Чизма. Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Светов станува премногу гласен, премногу се зборува без да се размисли, премногу се осудува без да се сфати, премногу се исмева без да се помогне. Ми треба тишина од ваквата бучава.
Подари на некоја случајна женска личност, во име на празникот и мајка ти. Ке видиш како подруго ке се чувствуваш.
Многу често размислувам околу тоа колку сакам да трчам и колку би можела да трчам со денови без одмор. Мислам дека имам и пишувано на таа тема. Гледав еден филм вчера, ништо посебно, интересното беше што филмот заврши со еден вид интервју со една млада девојка која трча. Трчала 10 саати на ден, 6 години по ред, како и успеало? Вели дека имала чудни мисли и се исчезнало кога почнала да трча. Ете така изгледа и јас си го барам лекот. Но... можеш ли цел живот да трчаш бегајќи од тие чудни мисли? Може и ќе станеш некој маратонец, зависи од нивото на чудотија Во животот е многу важно да трчаш кон одредена цел, отколку да трчаш подалеку од некој проблем.
Не зборувајте пред да сослушате. Размислете пред да реагирате. Простете, пред да осудите. Обидете се, пред да се откажете. Забавените постапки се добиено време за да го преиспитате своето јас, наспрема нечие наметнато јас.
8-ми март ден на жената, и мајката, купив поклон за мајка ташна, и ружа, за сестра цвеке, а јас денес си се почастив самата со цвекиња, што да правам љубов кога ми се најголема, башка и цвекарка завршив си ги сакам највеке, што вика мајка само пари за цвекиња даваш, ете парите денеска на цвекиња отидоа и ги потрошив, ама ако знам дека сум ги потрошила за она што го сакам највеке. Така да денеска денот ми беше преубав, се чуствувам убаво во душава. А и ми се случи една случка што кај нас на улица има комшивчиња како да кажам сега циганчиња се мали дечиња во години колку внучка, ми вика каде ке одите викам еве со внучка да и купам поклон на сестра ми вика и јас сакам да и купам на мајка ми цвеке за 8 ми март, ја прашувам што сакаш да и купиш вика ружа вештачка видов на пазар 15 денари, ама немам пари, очите ми се насолзија кога ја видов така душичка мала, ја земав со нас и купив една ружа жива за мајка и, башка и направив честитка дома за мајка и, и ја дадов и реков скри ја ружата да не ти ја види и утре изненадија ми рече фала ти многу господ здравје да ти даде, душава ми е полна со радост, и срека денеска, многу, така ме учеше татко, стално ми викаше, керко помагај на сите, и тоа ке го правам секогаш, се додека сум жива. Ете толку имав да кажам
Odnesi cveke na vecnoto pocivaliste na majkati. Veruvam deka ke se izraduva. Veruvam deka dusite na bliskite pocinati se vo nasa blizina,deka ne cuvaat od gore,od neboto.
Она кога ќе прочиташ дека термини за шминкање за табло и матура се со закажување и се во ограничен број?!
Мојата е исто почината Нема ни цела година Купив цвеќе денеска и керќа ми ме прашува за кого?Велам за мајка ми. Ми вика па твојата е мртва како ке и го дадеш? Ете така ...ке и го оставам каде почива а она ке прати ветер кој ке и го однесе мирисот на цвеќето до горе до небото и велам. Така и ти..купи цвеќе и посети ја мајка ти.Жива или не она е твојата мајка засекогаш и мн те сака
Честит 8-ми мaрт нa сите oд пoнежниoт пoл уствaри oние нaјсилните,нaјхрaбрите,нaјистрaјните, женички,теткички,мaјкички,бaбички, a и нa сите oние штo се чувствувaaт тaкa. П.С. не сaмo oвoј ден сите некa Ви бидaт испoлнети сo мир,спoкoј, пoчит и внимaние, и дa слaтки изненaдувaњa. Убaв пoминa нa сите кaј и дa сте, сo кoгo и дa сте. Вие сте глaвни.
Срцето побрзо ми чука, ми се потат дланките, губам апетит, страв ми е, се плашам. Ме плаши помислата на потполно сама некаде далеку. Но, ова е животна шанса и ќе морам да бидам храбра.
Мајка ми и татко ми се моите херои. Имам 23 години, и денот не ми е целосен ако не им кажам дека ги сакам. Осми март пред три години го пречекав во болница, со мајка ми покрај мене. Не само осми, ниеден друг ден не ме остави сама. Знае дека сум силна и самостојна, ама никогаш нема да престане да ми биде потпора во животот. Што и да се случи, секогаш ќе ја имам. Ама имам среќа да се родам во семејство што безусловно ме сака и поддржува. Што ми дозволува да си го креирам животот како што сакам, и моментално сум многу среќна. Сама немаше да можам да почнам, а кога ќе размислам, најтешките работи сум ги направила сама. Не ми дале ништо без труд, туку ме научиле како. И смешно ми е кога некој од страна мисли дека ми е прелесно, ама јас знам колку борба ме донела тука. А прелесно ми е сега, бидејќи знам како. И прелесно ми е, бидејќи имам необичен спој на скроз различни луѓе за родители, а сепак, прекрасни. И не ми треба осми март за мајка ми да знае колку ја ценам. Ама им треба на многу луѓе. Бидејќи не се работи за екстремен случај на феминизам, туку факт е дека за жал, се уште немаме еднаквост. Јас би знаела.
Девојки, Жени Среќен 8ми Март! Не честитам на многу ниту па купив подароци но би било иронија да не го спомнам празникот овде на форум ФеминаМислaм дека доволно беше машка доминација - време е за еднаквост, let's start from sex and on Исто користам прилика на @dzeliii да и дадам поддршка и да испратам прав од храброст cause I know that feeling па само ќе ти порачам - Ќе биде се во ред Адиос амигас
Се прелистува ли бе луѓе во ова време фемина инстаграм?! Крокодили ми пливаат во стомакот,а само сакав некоја идеја да добијам за осмомартовски ручек... Секоја чест на домаќинлукот!
Не гледам Тв. Ретко колку ете дневник да видам што се случува, сега и тоа избегнувам. Подобро да не знам. Ама по навика си стои уклучен. Него рекламана со Игор за Форца и песнана во позадина "Во броба" кожава ми ја ежи. Колку и да ми е паметот на друго место, махинално се вртам и слушам. Нека ја укинат аман.
Се чувствувам како да живеам во минатото, како да сум заглавена во периодот кога бев трета-четврта средно и од тогаш повеќе не растам, не правам ништо ново во мојот живот, се' ко да e аt a stand still. Најлошото во тоа е што на некој начин тоа и ми се допаѓа. Како да живеам во некој друг, идеализиран свет, наместо во реалноста и посакувам навистина повторно да се наоѓав таму, во тоа време. Јас таман да заспивам во 5 сабајле на одмор, и другарките да се вратат од журка на која јас не сакав да отидам и да ме будат за да се провозиме низ градот и да одиме негде. Ми недостигаат тие авантури, кога се' се случуваше спонтано и испаѓаше најубаво, а сега некако сите сме исполнети со страв и со прашања што ако се случи ова или она, ама размисли уште еднаш, тоа не е сигурно, ова не е безбедно... Да, како што растеме стануваме посвесни за работите околу нас, и дека не е се all sunshine and rainbows во светов, но кога не размислувавме воопшто си поминувавме многу поубаво и никогаш ништо лошо не ни се случуваше. Од друга страна, има работи што не ми се допаѓаат а сепак ги носам од тоа време. Музичкиот вкус, кој не ми се мрднал за една педа од пред неколку години, да - и тоа го сметам за лоша работа, и замарањето со личности кои краток период биле дел од мојот живот тогаш, а сега додека јас сум им последната работа на памет, јас се оптеретувам со тоа да не одам некаде зошто ќе ги видам, па што ми направиле, па како ќе ми ја упропастат вечерта... Лошо. Друга работа што очајно сакам да ја вратам е НЕА. Да, технички таа сеуште е тука, но заедно сме заглавени во оваа ситуација во која вечно патиме по "некои минати времиња" ,но колку и да се обидуваме да ги исценираме повторно, тоа ќе биде само една лоша копија на добра претстава, нели? Одам кај неа дома и секогаш е истото, ќе седнеме, првите 15 минути ќе кажеме нешто ново ако има, а најчесто нема, потоа сме тмурни, разочарани и седиме додека не одлучам да си одам. Сепак, уживам во нејзиното присуство, и да не проговорам ни збор со неа мене тоа не ми пречи, но ми фали тој адреналин, таа младост која како преку ноќ да ја изгубивме. Сакам да имаме пак по 15-16 години, да одиме во град и да се начукаме од само два коњаци, да пееме по улици, да седиме на клупите позади Соборна, да се запознаваме со луѓе, да сме дружељубиви, насмеани. Да одиме на одмор заедно, таа да е среќна, повторно да почне да излегува, да се забавува. Времето пребрзо поминува, а тоа ме плаши. Моите до пред некое време имаа навика да ми речат, премногу си мала за тоа, не може да останеш до толку доцна и слично, а сега наеднаш сум голема и велат, зарем не ми здосадило да одам на журки и да останувам до толку доцна... За жал, сега можам да излегувам секој ден по цел ден, ама искрено немам желба за ништо. А порано беше привилегија да се излезе во петок, и да се вратам во 11 ипол најкасно. Не, не мора да се врати времето. По се изгледа, не е времето тоа кое ми фали. Очигледно, ми фали личноста која сум била јас во тоа време. Да, нормално е да се расте, тоа е природниот тек на нештата, но ми фали мојата безгрижност, лудост, насмевка, авантурите, пијанчења и журки кои веќе никогаш нема да се повторат. Носталгија.