Утрово на моето работно биро ме пречекаа три црвени рози, една од мојот директор а две од колегите кои ми се во канцеларија. Ги имам најпрекрасните и највнимателни колеги! Среќен 8ми март дами!
Бродовите не потонуваат заради водата околу нив,тие тонат заради водата која ке влезе во нив. Не дозволувајте тоа што негативно се случува околу вас,да влезе во вас и да ве повлече надолу. И во едно да го честитам празникот 8 март денот на силната жена.
Не се сеќавам дека некогаш во животот сум посакала да бидам машко. Горда сум на својот пол и сосема задоволна. Честит празник дами.
Ме расплакавте уште рано наутро со вашите идеи,што и како да направам,ви благодарам многу за советите прекрасни се. Девојки,мајки,жени,дами,среќен 8ми март,бидете секој ден здрави и живи и ширете љубов.
Жално е што сеуште има голем број на луѓе што само за 8Март ја почитуваат жената,ако може да се нарече почитување. Уште пожално е што 80% од испаднатите жени што ќе ги видеме денес само оваа ден во год. ја имаат за себе.
СДК 2: ..како што отровот е дел од лекот, така и љубомората е дел од љубовта... ..ако е во нормална доза..
СДК дојдов да се издувам малку. Ми се пцуе. Вакви болки одамна не сум имала, не знам што дрога да земам. Срање. Евритинг ис срање. Треба да напишам некое писмо, допис, ватевер за денов ама ми доаѓаат некои екстремни феминистички мисли да напишам, а не е лично, треба да претставува правно лице, и знаете што? Не пишувам бе, не пишувам. Што сакаат нека прават. Ееее јагиерњгнгнх Прочитав од сабајле нешто као скрши и ги крилјата на жената, таа пак ќе лета... со метлата Добро, смешно е малце Кравче днска е за на ремонт. Или за во кревет. Денес не сакам ни дожд да ме наврне, ни мравка да ми застане, ни цвеќе не сакам да мириснам. Е добро де, ќе ми помине до после, ама да си олеснам, стварно лоши болки
Честит 8ми март жени! Сакам да си кажам овде. Крајно ме нервира игнорантноста на женскиот пол на нашите простори. 8ми март е национален ден на жената. Не на постарите госпоѓи, не на жените кои се мајки конкретно. Туку на целиот женски род! Кога ќе речат „не сум јас жена не славам 8ми март“. Не треба да славиш прво и основно, ама и тебе ти е празник и барем земете едуцирајте се на гугл зошто е денес денот на жената и што тоа значи. Жените пред нас се бореле за ние да сме тука каде што сме денес, да можеме да гласаме, да учествуваме во општеството рамноправно, да сме докторки, адвокатки, менаџерки. Ова е празник на сите жени што се родиле, сите жени што постојат и сите идни генерации на жени. Честитајте им го празникот на вашите ќеркички, на тие најмалите уште од сега. Нека знаат дека вреди да се бориш за своите права, поттикнете ги да се борат за рамноправност и да се амбициозни. Не чекајте само тие вас да ве даруваат. Едуцирајте ги за да израснат во силни и самостојни жени!
Среќен нека ни е 8 март, на сите нас, припадничките на поубавиот пол Сакајте се и почитувајте се прво самите, баш такви какви што сте. Искрена насмевка нека ви ги краси лицата секој ден, не само денеска. Останете силни и борете се за своите соништа. Јас денеска имав прекрасно изненадување. Се надевам дека и вие имате ден исполнет со љубов и топлина во срцата.
Среќен 8ми март на припадничките на понежниот и поубавиот пол Совет околу тоа како на фб да и честитам на една личност...Се надевам ќе соберам храброст Некоја пораче да ми пиши околу ова.
Го знаете она чувство кога сакате да бегате во непознат правец а не ви е јасно од што бегате и зошто? Лошо е кога постојано живеете во солзи а на никого не му е гајле. Воопшто не сум среќна, и тоа најмногу боли.
Прво да ви кажам СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ форумџики.... После долго време пак ни се сретнаа погледите. Не дека не разговаравме и не се погледнувавме претходно туку овој пат ни се сретнаа погледите како што беше на почетокот, периодот кога и двајцата не бевме свесни за тоа што следува... мали, недозреани суштества неспособни за љубов, па и сега сме такви само што навистина дојдовме на крајот од патот. И ми се буди една дилема..дали ми недостига тој или само чувствата кои потајно ми ги будеше настрана од сите глупости што ги правевме за да ја избегнеме вистината. Помина доста време и се навикнавме на фактот дека бевме толку слични, а од друга страна толку различни што не' дотолчуваше идеата дека ќе бидеме нечија туѓа сопственост, а меѓусебно и не се поднесувавме. Нешто што никогаш не било целосно наше, ама сепак го имавме...најмногу од сите и јас него и тој мене иако никогаш не бевме заедно. И што ако толку пати разговаравме за тоа кога никогаш не направивме нешто за да профункционира? Можеби и ни се допаѓаше идеата што и покрај се' и покрај сите што поминуваа ние останувавме, останувавме во сенката ама секогаш бевме тука. Колку време помина? Месеци, можеби и година откако мислев дека заврши, дека не останаa ни малку чувства за тебе, до вчера не знаев дека сеуште му чувам место во срцето. Ама конечно го пуштив...го испратив со насмевка и му го чувам најубавиот бакнеж што ќе му го подарам некогаш далеку...со целото срце како да сум нашла нешто што одамна сум го загубила.
Не би рекoл декa е чистa случaјнoст штo се пoдaрувa цвеќе нa денoт нa женaтa. Не сaмo нa oвoј ден, туку и нa oние oбични денoви. Зaтoa штo женaтa е тoкму тoa - цвет. Цвет кoј требa дa се негувa и пoливa сo oгрoмни дoзи нa љубoв и внимaние секoјдневнo. И aкo тoa гo прaвиме кaкo штo требa, сме јa пoстигнaле целтa. Имaјте убaв ден дaми мoи, a @joy1 и @ЕденЧлен , вaс ви прaќaм еднa виртуелнa гушкa зa муaбетите oд вчерa. Девoјки, СРЕЌЕН ВИ 8ми МАРТ. И мaлку црн хумoр не е нa oдмет.