Среќен 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол годинава многу здравје, среќа радост, и успех на сите полиња
Наместо честитка за денешниов ден, мало потсетување за тоа што всушност е Осми март. Осми март не е ден на мајката, на сопругата или на наставничката. Осми март не е ниту празник – затоа што зборот „празник“ подразбира празнување на нешто. Осми март е меѓународен ден на жената, ден на кој се одбележува почетокот на борбата за еднаквост на жената во општеството. А таа борба е далеку од завршена; битката е далеку од извојувана. Од ден на протестни маршеви, барања за еднаквост и укинување на половата дискриминација, каков што бил замислен пред речиси 100 години, 8 Март денес кај нас е пародија сам на себе. Кај нас еднаквоста се слави со подарување на цвеќе на жената (со што, патем, само се потенцира половата поделба), се организираат исклучиво женски туристички и шопинг тури, кафаните вечерва се преполни, а маркетите нудат попусти на апарати за домаќинство и, евентуално, ствари за лична нега и разубавување – пошто нели жената има 2 функции у животот – да чисти по дома и да изгледа убаво. Битното е дека речиси секаде на некој начин се слави. А причини за славање реално и немаме многу. „Возиш/пиеш/плачеш како жена“ сѐ уште се смета за навреда, жените се дискриминирани на работното место – особено во инженерската струка и во други „машки“ професии, на интервју за работа веќе се вообичаени прашања од типот „Дали си мажена?“, „Кога планираш да раѓаш?“ и сл., и постојано се работи на ограничување и регулирање на правото на абортуст – секако, на штета на жената. Децата денес не знаат која е Клара Цеткин но, за жал, ќе мора напамет да го научат овој ужасен и деградирачки рецитал. Денес, израдувајте се на честитките и на подарените цвеќиња – ако одите во кафана, на шопинг тура во Софија или на туристичко разгледување на Будимпешта, убаво поминете си, но не го заборавајте вистинското значење на овој ден. Не ги заборавајте правата кои ги имате, како и оние кои сѐ уште ги немате, а би сакале (и треба) да ги имате – затоа што, на вас и само на вас е да се изборите за нив – не очекувајте дека некој маж ќе го направи тоа наместо вас. Среќен Осми март, драги дами.
Една е мајка. И честиташ 8 Март (а така прави и кога и честитаме роденден), и пожелуваш се најдобро, да биде жива, здрава, а таа ти враќа со: - Фала, вие живи и здрави да бидете, се што сакате да ви се исполне. Чувствувам како мене да ми е роденден. Колку и да се караш, несогласуваш (понекогаш и малку досадна ) пак ја сакаш. Не за џабе велат, една е мајка. Воедно, Среќен 8 Март дами.
Среќен 8ми март феминки,бидете среќни денес и секој останат ден од годината Ние сме жени и заслужуваме рамноправност, секогаш борете се за тоа,не само денес
Meѓу многуте сфаќања коишто, прилично нескромно да се изразам - забележувам дека ми еволуираат со текот на годините (а можеби и со запознавање нови личности на кои се восхитувам), е токму гледиштето што го имам за 8 Март. Бендер совршено кажал многу суштински работи за денов (патем, нема нешто што е за поголем респект од мажи со вакви ставови околу феминизмот ), ама и јас во темава да додадам нешто подлабоко околу ова. Прво, секоја година во околина ќе слушнеш или прочиташ на социјалниве мрежи по некоја жена што ќе каже/пише дека не го празнува празникот, дека тоа за неа во целост е бесмислен ден. И тоа не во смисла на критика за отсуството на свесност за вистинската поента - туку чисто во контекст на целосно хејтање на одбележувањето на овој датум, како што се хејтаат нови трендови. Е па, со тоа што како жена ќе напишете дека не ви значи ама баш ништо 8 Март - знајте, тоа не ве прави кул, неконвенционални, special snowflakes и слично, не. Тоа значи или дека немате поим од историската позадина на овој датум, или пак уште полошо - знаете, а не го почитувате тоа добивање на човечки права за цел женски род на кој припаѓате. Друга работа, за рециталот што на фб ја изреволтира цела прогресивна Македонија... размислувам подлабоко и сфаќам дека всушност, во склоп на предметот македонски јазик во најмалите одделенија, сите сме учеле и пишувале вакви песнички по повод 8 Март. Фала Богу не биле со ваква трагикомична лексика и со вака срамно изразен фокус на улогата на жената само во чистењето и готвењето, но да - традиционалниот образовен систем отсекогаш ја праќал горе-долу оваа порака при одбележувањето на овој ден во основното образование. Затоа, јас ако имам деца и ако на професионален план во иднина се остварам баш во таа фела за која учам на смеров (во просвета) - ќе се потрудам од мене деца уште од најмали нозе да го учат значењето на половата како една од најбитните сфери еднаквост, посебно девојчињата уште од почетокот на воспитувањето да си ги знаат своите права. Честит 8 Март, во оваа тема наместо со цвеќе - со нешто во склоп на deep муабетов.
Драги мои женички, нека Ви е честит осми март! И да не ја заборавиме суштината на овој ден, бидете борци и да продолжиме да се бориме за своите права и полова еднаквост! Сакам да споделам нешто во чест на празников: Спојлер МОЕТО КРАТКО ЗДОЛНИШТЕ (Eva Enkler) Моето кратко здолниште Не е покана Предизвикување Покажување Дека нешто барам Дека нешто нудам Или дека “ловам“ нешто. Моето кратко здолниште Не те моли да посегнеш Не сака да го искинеш на мене Или да го слечеш. Моето кратко здолниште Не е правна причина За ти да ме силуваш Иако порано било Нема да “држи вода“ тоа Во денешните судови. Моето кратко здолноште Верувал ти или не Нема никаква врска со тебе. Моето кратко здолниште Има врска со откривањето На моќта на листовите на моите нозе, Со свежиот есенски ветер кој патува Угоре по внатрешноста на моите бутини, Со тоа што јас дозволувам На се’ што ќе видам Или покрај што минувам Или што чувствувам Да живее во мене. Моето кратко здолниште не е доказ Дека сум глупава Или неодлучна Или пак мало девојче – недооформена личност. Моето кратко здолниште е мојот пркос Нема да ти дозволам да ме исплашиш. Моето кратко здолниште не е фалење Ова е тоа што сум јас Пред ти да ме натераш да се покријам Или да го ублажам ефектот. Навикни се на тоа. Моето кратко здолниште е среќа. Можам да се осетам одејќи по земјата. Овде сум. Жешко ми е. Моето кратко здолниште е ослободување Знаме на армијата на жените Ги прогласувам овие улици, било кои улици За земја на мојата женскост. Моето кратко здолниште Е тиркизна вода Во која пливаат шарени рипчиња, Летен фестивал во ѕвездена темнина, Птица која пее Воз кој пристигнува во непознат град. Моето кратко здолниште е див вртлог Полн здив Егзотичен сос Моето кратко здолниште е Вовед Благодарност Возбуда. Но пред се’ моето кратко здолниште И се’ што се наоѓа под него Е МОЕ.
Сакам да кажам дека .. Денеска е 8-ми Март, убав ден. Среда, среќен ден. Поради тоа сакам со ова мислење да посветам внимание за групата на луге на кои најмалку им се посветува внимание на овој ден т.е. на оние кои што денеска им е роденден. Во тој случај Среќен роденден на оние кои се родени на денешнипот датум Body, Mind Soul ПозЗ3³ ®
Дами , среќен 8-ми Март секој ден да се борите за права , не само денес . Секој ден да бидете сакани и почитувани од посилниот пол , не само денес . Најважно , бидете среќни секој ден , бидејќи секој ден е посебен , не само овој
На сите припаднички на понежниот пол им го честитам денешниот денбидете силни, самоуверени, горди и достоинствени, борбени како и секогаш за своите права и рамноправност на секое поле и никогаш не заборавајте ја својата вредност тоа е најголема грешка што може да ја направи една жена. А до момците кои купуваат најразлични подароци би им рекла дека има жени и девојки на кои им е доволна само прегратка, бакнеж, порака за добро утро и добра ноќ и тоа се тие ситници кои значат и имаат поголема вредност од било кој друг скап подарок. Најбитно нешто што треба да го запомнат сите е дека жена се почитува и сака секој ден.Секојдневно ако ја опсипувате со нежност и внимание ќе цвета како најубав цвет, во спротивно со секоја лага, болка и разочарување ја убивате полека и последната капка љубов и убавина во неа. За крај сакам да кажам една здравица за денешниот денкоја гласи Секогаш да имаме што да облечеме и пред кого да се соблечеме. Се зезам, знам претерувам со шеги.
Не лажат дека сме рамноправни. Секаде, секогаш тоа се гледа. И не е еден ден доволен, а од утре се по старо, да се знае кој е маж у кучи. Не само дома секаде, но сепак убаво е да се види на момент како треба да изгледа животот на жената. А не треба многу. Ќе и дариш цвеќе она ќе направи градина, убав збор ќе претвори во злато. Оти е жена, најмилото и најсилното суштество. Мислиш ќе се скрши, ама цел живот ќе носи товар и ќе голта кнедли, милион пати ќе се дигне од дното. И најважното дарува живот. Ако ова не е причина да ја сакаш и почитуваш запрашај се дали си маж. Јас денес ги славам и благословувам Клара и Роза, оти да не беа тие немаше да имаме право и на образование. Вака ние жените сме успешни, креираме, твориме. Честит празник и на вас мили феминки, се надевам денес срцата ви трепераа на сите од радост...ние жените сме и ќе продолжиме да владееме. Да се бориме за нашите права секогаш и секаде.
Не лижете таму кај што сте плукале - во суштина е многу добра поговорка. Супер би било ако одредени личности се водат по неа.
Драги мажи,ние жените сме ПЕРФЕКТНИ, затоа што не ЌЕЛАВИМЕ, имаме ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ден, можеме да облечиме СИНО и РОЗЕВО без проблем, сигурни сме дека нашите деца се НАШИ, имаме ПРВЕНСТВО во случај на бродолом, не плаќаме сметки во ресторани, ако сме изневерени ние сме ЖРТВИ, ако изневериме вие сте РОГОНОСЦИ, ние можеме да спиеме со другарка без да не осудат како ХОМЕСЕКСУАЛКИ..., можеме да обрнеме внимание на ПОВЕЌЕ РАБОТИ во исто време, жената на амбасадорот е АМБАСАДОРКА, а што е мажот на амбасадорката? Жената на претседателот е ПРВА ДАМА, а што е мажот на претседателката? И на крај ние сме способни да правиме се што мажите го прават и тоа на ШТИКЛИ!!! ))) ЧЕСТИТ ПРАЗНИК 8-ми Март НА СИТЕ ЖЕНИ <3 <3 <3
Честит Ден на Мајките Според мене 8-ми Март е Ден на Мајките, уште од малечка така го знам и сега не си го променив мислењето. Туку нешто што го забележувам во последниве неколку години е тоа дека стана некако како традиција децава (и помалите и овие поголемите) да им честитаат празник на мајките на ѕид на Фејсбук со постови од типот: Најсреќен 8-ми Март мамичке. Да си ми здрава, жива, секогаш насмеана итн итн. Те сакам најмногу на цел свет .. И на тоа следува во коментар: Душа мајкина, те сакам и јас тебе. И потоа следуваат едно 5 стикери во коментар за да се искаже таа љубов. Зошто? Зошто бе луѓе се заборави на вистинското искажување љубов? Зошто сите мора да видат што си и купил/а на мајка ти за 8-ми Март и веднаш си го сликал/а и си го ставил/а на Инстаграм, Фејбук или на некоја друга социјална мрежа? Зошто сите мора да прочитаат со кои зборови и честиташ празник на жената на која е прашање дали и посветуваш 1 час во текот на денот, бидејќи си зафатен/а со лајкување на слики и следење на туѓи животи? Покажи ја љубовта на друг начин. Ги има милиони. Направи и кафе, купи и цвеќе, разговарај со неа за нејзиното детство, потсети ја на времето кога таа била безгрижно дете и разбуди и ги сите убави спомени од љубовта која таа ја споделувала со нејзината мајка, одвои време за прошетка со неа, раскажи и за твојот свет, пушти ја да влезе во него како тоа што го правиш за оние „пријатели“ кои ги имаш само како бројка на твојот профил. И накрај прегрни ја. Доволно е. Само толку и веќе знае дека ја сакаш до бесконечноста.