леле си открила една некој може 10 открил па не се " пофали " треба да се фалиме тука голема работа си направила ама ајде деца интересно ви е
Драги мои,од мене толку. Ми беше мило што дружевме,разменувавме мислења,тепавме време,и така натаму,ама....дојде време стетоскоп да замине и тоа засекогаш.Ова е мое последно мислење благодарение на провокациите на членката која нема попаметна работа од изигрување детектив . Благодарам на сите за се.
Стетоскоп, баш ми е жал што мораш да го оставиш профилот, сепак тука сме за да се искажеме анонимно. Се надевам ќе те читаме од друг анонимен профил
Незнаев кого попрво да цитирам,незнам што толку се крена прашина околу мојот пост.Јас никого не навредив,си кажав само тоа што случајно значи без намера. И најискрено се извинувам,ама си ја знам личноста и приватно, така да и она си знае за мене на форумов. Мала шала на нејзина сметка Не очекував ваков бунт па и навреди од ваша страна. До стетоскоп,значи не си ти драга немај гајле
Стварно е многу глупо кога не знае некој да си ја држи устата затворена и не знае да испоштува нечија приватност, без разлика дали вон виртуелниот живот се на ратно поле или не се. Многу глупо и детски од ваша страна што ви е интересно да подбуцнувате некој кога ќе му го откриете идентитетот. Тврдам дека тука секоја членка препознала по некој, дека некоја членка ме препознала мене или јас сум препознала некого па во лична порака сме си кажале, или воопшто не сме си кажале. Стварно нема смисла, ама излишно е да се коментира.... сите членови тука подеднакво ги почитувам кога е во прашање нивното право за коментирање на форумот, и Вики и Стетоскоп што се моментално у „конфликт’’ , ама стварно нема потреба од вакви работи
Денес моето опсесивно-компулсивно однесување дојде многу до израз. Едно време го контролирав ама не можам веќе. Кога фатив, сите плакари ги преуредувам. Сега се ми е подредено по тип (на облека), по боја, големина и дебелина Сега се на ред книгите по азбучен ред да ги наредам
Во врска со детективската истрага, двете страни претерувате. Па што ако Вики пишала дека открила некоја, таа не наведе која, веројатно беше шала коментарот за Стетоскоп. Јас барем не гледам ништо злонамерно со коментарот. А ти Вики што се објаснуваш? Навлагате во непотребни дискусии.. Секој кој пишува овде треба да е свесен дека со информациите или сликите кои ги споделува може да биде откриен. Премногу пмс драги дами, премногу. Не е ни чудно што машките членови полека но сигурно го напуштаат форумов..
Јас со дечко имам раскинато зошто не се викав Марија, они за глупости се нервираат. На неговите им рекле дека треба да се ожени со жена што ќе се вика Марија и нели немаше поента да градиме врска... Или беше лејм изговор за раскид, полесно ми е да верувам или еве не знам, преслатка Богородице (Маријо?! ) Ама после увидов дека е мртов сериозен...а и одеше кај Иван Исцелител, така што дефинитивно беше сериозен, зошто па и сериозно му помогна и за крајниците (екхм... ). Ако почнам да мислам кои други филмови ми ги тераше, а јас као се праев глупа дека упецуем,поједеше ме туџа срамота и ми оди сега шамар да си удрам. Ама дете,16-17 години, пф, дечко. И е моментално еден од попаметните у државава...и така, животот е процес, луѓето се менуваат, (да-не?!). Ама ете, нече среча поштеног човека. Туго несречо. Кога ви велам има посериозни работи, вие не, па не. Па уште и будала се уште се изненадувам за се нешто, кога ова ми се има десено. Ало Франкфурт??? И уште пар такви догодовштини вредни за една велелепна книга, што бесплатно би ја делела како конкуренција на Лајла Грејс. Сречен ден! Ќао! https://www.youtube.com/watch?v=Ljg6g7BAdQo
Понекогаш навистина не можам да разберам како некои луѓе можат да бидат толку неодговорни. Кога ќе речат дека ќе направат нешто, aвтоматски значи дека треба стопати да ги потсетиш за тоа. Дури на крај ќе ти стане непријатно, иако сами ти го ветиле тоа. И да, полошо од тоа да одбиеш некоја личност во било каква ситуација, е да ветиш нешто и да ја натераш таа личност да смета на тебе, а потоа да заборавиш на тоа. Ако не можеш нешто да исполниш, едноставно кажи не и завршена работа...
Луѓенца, јас ќе си припукнам од убавини! Бебето на другарка ми е најсовршеното нешто на светот, најсовршеното мало, кревко, нежно човечуле што го имам видено! Колку повеќе го гледам и го држам во раце тоа мало човече, толку повеќе се заљубувам! Не можам да ви објаснам колку е минијатурно, нежно, ситно, со едни крупни сини очи, со едно бело косуле на главчето нежно како мовче, со едни толку мали, неверојатно мали ноџиња... Аххх... Колку ли само среќа им донесе, колку убавини, им ја даде привилегијата да ја почувствуваат посебната врска меѓу дете и родител, да ја имаат таа чест да го одгледуваат и да се грижат за него Вистински благослов Не сум била дечар никогаш. Не ми се случило во живот да се вртам по рандом бебиња на улица, да се притресувам и да ги гњавам, да ги гушкам и стискам. Оние деца од моето потесно окружување нормално си ги сакам и ми се мили, наши си се ама за рандом деца едноставно никогаш не сум се заморувала нешто посебно. Дури и ме нервирало (и сеуште ме нервира) кога ќе видам растрчани деца низ ресторан, кафуле, кафеана... Не им е таму местото, дете не се носи секаде и тоа е факт. Не сите што за викенд излегле на ручек или вечера да се опуштат и релаксираат се должни да трпат нечиј детски плач, врескање и трескање од земја, додека мајките мува не ги лази (секоја чест на исклучоци). Ама синот на другарка ми толку ми навлезе под кожа, не можам да опишам. Мирен е, дури и премногу. Не ни плаче кога е гладен, туку само кенка Сонце мало, не можеш да не го сакаш Сигурно улога има и тоа што сум многу блиска со другарка ми, ама не дека е нејзино. Навистина кога го гледам малото почнувам да посакувам и јас едно такво. А особено ми е мило затоа што другарка ми имаше комлицирана бременост со многу ретка аномалија која се јавува при истата, но сепак на крај се' добро се заврши. Тоа ме прави уште посамосвесна и позаљубена во тоа мало совршенство! Овој па мојов ме зафркава дека ми стоело да го држам во раце и да сме си направеле и ние едно Биче, биче, еден ден, ама не е време уште. Нејсе, да не замарам. Имав потреба да искажам колку е прекрасно да си мајка, да си родител, да се грижиш за твојот наследник, да му пружаш љубов и себично да ја впиваш неговата кога ти се смешка со таа мала беззаба уста и те гледа со тие очи како небо сини
Кога ќе речам дека мразам дожд,не зборувам напразно... Денеска ме фати таков порој додека се шетав низ град,што ме направи жива вода. Таман се избањав после тоа,си излегов надвор на тераса да си испијам кафенце,кучето мое решило денес да изиграва бегалец и да ми скокне врз чистите тренерки,а тој целиот од кал. Не знам дали е до времето или едноставно малерот не се откажува од мене Да се плаќаше сонцето,ќе се продадев верувајте А засега,најубаво да си седам дома,со книгиче и под ќебенце,оти очигледно мојот организам не знае да функционира со влажните временски услови. www.youtube.com/watch?v=tIdIqbv7SPo
Врне врнеее....Тмурно е..... Ама за филмови одлично еееее..... Не ми смета мене времето никогаш за расположението какво сака нека е мене супер ми е ...Секако сум си дома си гледам филмчиња и тако даље.... Амаа битно тревичката ке ми никне , цвеќенцата се жедни за водичкаааа мхх мхх
Сакам да цитирам една песна на Пабло Неруда што случајно ја најдов на нет и истовремено да и ја посветам на една личност <3 НЕ заборавај да бидеш среќен Бавно умира тој што не патува, тој што не чита, тој што не слуша музика, тој што не наоѓа задоволство во себе. Бавно умира тој што ја уништува сопствената љубов, тој што не прифаќа помош. Бавно умира тој што станува роб на навиките, поставувајќи си секој ден исти ограничувања, тој што не ја менува рутината, тој што не се осмелува да се облече во нова боја, и што не зборува со оние што не ги познава. Бавно умира, тој што бега од страста, и од нејзината топла емоција, онаа што дава сјај во очите и напуштените срца. Бавно умира тој што не го менува животот кога не е задоволен со својата работа или својата љубов, тој што не сака да се откаже од својата сигурност заради несигурноста, и што не оди по своите соништа, тој којшто нема да си дозволи, ниту еднаш во животот, да побегне од смислените совети. Живеј денес! Ризикувај денес! Направи денес! Не дозволувај бавно умирање! Не заборавај да бидеш среќен!
Едноставно, кратко и јасно, ништо не се добива без труд. Без желба, труд и гледање оптимистички на работите ништо не се постигнува. Било што во животот. На пример за слабеење. Ако не си на диета, ако не вежбаш и не издржиш до крај, ако си продолжиш да си јадеш како порано нормално дека нема да ослабеш. Пред да ја почнам диетава, претходно почнував можеби милион пати и секогаш не издржував ни ден и се прашував себеси зошто да не можам да успеам? Затоа што секогаш кога и да почнев си велев јас не можам, јас нема да успеам... Тие зборови многу ми одмогнаа и вистина ништо не успеав. Ама откако си реков себеси, ти можеш, секогаш одам чекор погоре. Откако почнав да верувам во себе, да се трудам се оди нагоре, а не надоле. Исто да речеме за тест по математика. Вистина, тест по математика и не е некоја голема работа. Ама сепак значи многу. Зошто? Јас секогаш математика добива 2, ретко 3, тоа беше чудо за мене. Зошто беше така? Затоа што гледав песимистички на работите, си велев јас не можам 5-ка да имам. А вистината беше бидејки не се трудев доволно, зошто не верував во себе. И нормално, седнав, учев, долго време, вежбав, повторував и добив 5-ка. Денес е тестот по математика, утре е нешто друго поважно, нешто на работното место. Ако човек не се труди и не е оптимист, ако не верува во себе ништо нема да успее.
Во вакви дождливи денови,одново и одново кај мене се појавува идеја да напишам книга за мојот живот,со сите луѓе и нелуѓе кои се тука,биле и заминале,сакани или не,наметнати или сосема случајно се нашле во него. И добро знам дека романот ќе започе со опис на самата себе ,кога имав 4 години,носев фустанче празова боја и секој ден стоев на истото место во дворот од каде најубаво се гледаше улицата по која требаше да се појави татко ми кој се враќа од работа. Слики се нижат пред очи....поаѓање на училиште,матура,дипломска,среќа,солзи,тага,болка.... Сфаќам дека сама нема да можам....премногу емоции за да можам да запишам се на хартија....неможам... Но,еден ден,можеби...кога ќе отрпнам,кога ќе немам никаква попаметна работа,кога емоциите ќе ги повикувам ....ќе седнам и ќе напишам се... Не дека ќе биде бестселер,туку онака...да читаат внуците и да се сеќаваат ....на еден живот ,на една личност која цел живот води борба со самата себе.
Нема поубаво чувство, после неколку дена хибернација лајк а беар, еден добар тренинг и асално потење на газот. Не можам да дишам, носот и ушите ми се затнати, ногата сеуште подотеченка и модра, ама убаво ми е, искрено, никогаш поубаво. Станав зависна од вежбање, еднаш во денот и ме радува тоа. Пред некое време во блиско минато, ме мрзеше да одам некаде подалеку и се нервирав кога колата не беше слободна, сега се нервирам кога нема да можам да вежбам или надвор врне и не можам да се истрчам, who would say. People can change. Everything is possible.
Се разбудив со стомакот на Адриана Лима, ќе и легнам о стомакот на Мелиса Мекарти. Не било на арно да се јаде многу. Цеел ден.. Еј, има торта, еј, има баница со спанаќ, еј, има друго благо, па уште нешто, и така, цел ден јадам.. Па дури ни троседот не го напуштив додека јадев. Срамота. Од утре на диета. Не, стој! Можеби од утрешното утре. Или од некој друг ден. Не, никако да се освестам и да си ги изедам рацете наместо блачките.. Дури ни "Ханибал" не може да ме освести. Го гледам, и си велам:"Ај и јас да си апнам нешто". Ај отидов во кујна. Поздрав до сите љубители на благото.