8-ми Март беше официјален ден на жената. Но и наредните денови се женски денови. Мајка ми девет месеци ме носела во нејзиниот стомак не еден ден,а ќе дојде време и некоја жена ќе носи девет месеци наше дете,исто и сите жени.Затоа дами/жени/мајки/баби респект Мајка ми вика ти и сестра ти сте најголем,најубав поклон за мене,како и секоја мајкашто би рекла на своето дете
Да бе, чекав 8-ми Март еден маж и по некоја жена со таков маж до неа, да ми рече, ја ево Сунчицо, денеска си жена, можеш да се напиеш На овај ден можеш да идеш и до Прага и во кафана, да добиеш подарок и да се дотераш Ја бре Дополнителен мрчаторски пост: Дали кошулите со цветовите се новите чоукери?
Замислете колку е тажна таа жена (мајка, баба, сестра) што само на денешен ден добива внимание од блиските. Замислете колку се со балкански менталитет оние учителки, што ги тераат на сила децата да им купуваат поклони и плус ги учат дека Осми март е ден на мајката. А замислете каков мозок имаат оние тинејџерки што направиле елки фЛизури, облекле фустани со шлиц и биле кај Маца на шминкање,..па моментално се пуштаат во живо на фб, кај што играат оро со средовечни жени. Замислете дека 93% од луѓево не знаат првилно да го пишат името на празников (па дури и по сите портали и тв емисии). И за крај замислете колку оваа жена си ужива во животот без помош на дроги
Хоум пејџот ми е: Барса Барса Слика од прослава за 8 март Барса Барса Барса Слика од прославата за 8 март Жената се сака секој ден - статуси Слики од поклони Барса Барса А, со двојазичноста шо прајме?!
И жени ќелават, жени се повеќе осудувани за неверства и не знам што е мажот на претседателка, бидејќи колку претседателки си видела? Ама првенство во случај на бродолом имаме, корисна работа, еве ќе си знам нареден пат кога ќе ми се случи.
Добро утро фемина Јас имам долги години стаж на мрчење, ама дали мрза ме фати, дали ми умре интересот за други луѓе, дали што како... не се замарам. Што сакате правете. Само да не правите штета на другите де. Во свој двор колку сакате ѓубре фрлајте. Друга работа, многу битна е што понекогаш знам да се залетам за нешто како да е најубаво на свет, а тоа не сум јас. Како мојот моментален лак за нокти. Виолетов. И ги гледам прстиве како туѓи да се, колку неприродно. Отишле пак пари без врска. Од вечер пак назад на една од моите многу нијанси на црвено. Се сретнав со една школска од основно пред неколку години, ми вели што со црвениот лак ку*вински? Молам? А кој тоа како прво им дава на боите професии? Полови? Ај мрш. И така. Гледам кинески серии фантазија, историја, испреплетени ствари, одлични костуми, сценографија и на крај ми даваат сцена од војна и гледаш двајца се борат со мечови, а другите војници од страна стојат и гледаат На другата сцена еден куп војници се борат во парови Не дека сум била во борба, ама не сум знаела дека се е толку организирано на борбено поле Кафето ми е при крај, денот веќе фатил замав. На работа, на труд
Оваа констатација баш во срж ја утнува поентата на празникот. Нема што да се објаснува, се работи за право на избор и можност секоја жена да го постигне својот потенцијал и да е еднаква со мажот, а дали е мајка, сопруга, девојка е нејзин приватен живот.
Надвор од секаква политика,топло ви препорачувам на сите да ја слушнете (прочитате)приказната на Фатиме Фетаи.Инспирација за секоја жена.
Вчерашнот ден ми го разубавија моите дечиња кои ме разбудија со насмевка и ми го честитаа празникот. Подоцна, бев во холот во нивната градинка и ја гледав нивната изведба на песнички на тема мајка, и за момент бев пак онаа 5 годишна Бубале која во истиот тој хол пред 25 години наутро со тешко срце и велеше на својата мајка 'догледање'. Понесена од емоциите и од целата глетка, капнаа неколку солзи А кога се вратија од градинка, ме растопија
Едно од најубавите чувства на светов е кога миленичето затрчано уште од врата те пречекува кога се враќаш дома, скока и се радува. Насмеана од 6ка до 6ка влегов, го обожавам. Ми го разубави денот.
Сакам да кажам дека .. Скоро од сите брендови на кафиња во Македонија имаат наградни игри. Најчесто во рекламата се сретнува дека секое второ е добитно. Мајко му стара, изгледа ние секое прво го купуваме ........ Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Го читам насловот на статијата за Фатиме Фетаи помислив леле сигурно имала тежок живот, којзнае што трауми преживеала, со што се изборила кога нејзин најголем проблем да ти бил тоа што таа млада се омажила и семејство си створила.headbang: И така ми доаѓа да напишам икс други инспиративни приказни за личности кои се избориле со сиромаштијата, работеле напорно за да платат партиципација, имале икс здравствени проблеми, семејни проблеми, со солзи во очи полагале, се избориле за своите амбиции и соништа беа пари на мама, тате, бате, сопругот, сами го створиле својот пат, без некој да ги поттурне запознале видни личности и се избориле за позиција и почит. Иритантно е тоа што некој добивање на дете и извршување на домашни обврски го сметаат како некаква пречка за кариера додека на светов има многумина кои баш тоа им е најголема желба. Во животот на децата не треба да се гледа како пречка туку како Дар од Бога за кои треба да се биде благодарен. Сето тоа е составен дел од животот, камо среќа секој да си го доживее момент кога ќе го прегрне најсакано нешто во свои прегратки, ќе го чувствува неговиот мирис, ќе го гледа неговото растење... итн. Поената на муабетот ми беше дека има многу поголеми предизвици и искушенија од оние на Фатиме Фетаи кои некој друг ги поминал за своите амбиции.
Овие што глумат познати личности на инстаграм и на youre story се поздравуваат со публиката hellooo!!!
Кога станува збор за идиотизми јас го држам врвот, сношната таа да да баш таа што блескаше но не за мене и што стално ме става на сеен на фб без никаков повод на мое хеј пишано, конечно доби повод да продолжи да мисли дека сум идиот, на нејзиниот ковер од Стивен Хокин за тоа како тоа ние сме напредна раса на мајмуни од малечка планета и од просечна ѕвезда, но можеме да го разбереме универзумот и токму баш тоа не прави посебни, доби одговор дека, ако гледаме на тој начин ете и Гоку го разбира универзумот и е напреден мајмун па види што прави тој, ја остава Чичи и ака по него само за да се тепа. Се разбира не добив никаков одговор, добив само повторен сеен, не добив дури ниту блок, чудно навистина чудно...
Абре секој четврти ден купувам кафе со награда и никако да ми се падни нешто Што среќа ќе беше изгледа само недобитните ги земам јас Една лажичка да ми се паднеше ке се израдував