Аххх, 9ти Март - денот кога маЌедонските мајки, ќерки, жени ќе констатираат дека за 8ми Март, газдата кај кого работат за минималец, без слободни денови и неплатени прекувремени часови, и ќе бидат избркани од работа ако затруднат, не биле испоштувани ни со еден цвет... Well, fuck their life, then...
Што знам за мене 9ти Март е роденден на брат ми и ден кога јадам торта и тоа неколку парчиња по ред. Нека му е среќен и да е здрав и жив и малку повеќе да живее во реалноста, да не фантазира многу.
Она чуство кога преку ден си заборавил дека треба да јадеш од обврски. На крајот на денот сваќаш дека ти се гади од глад. Земаш пица и јадеш 4 парчиња. Збогум моја дието. Целите денови со глад се рушат за точно 4 минути.
Глупавите кајсии се накитиле со пупки. Морам да истражувам со што да ги заштитиме годинава, затоа што редно време е да се касне една кајсија. Секоја година вака, нема гранче без цветче, ама се лажат толку лесно. Ми се читаат некои книги за опстанок. Ако се најдам на пуст остров како да добијам чиста вода за пиење, како да запалам оган, од што можам да се хранам, а од што да се отрујам и слично. Ќе испадне дека се спремам за нешто човек мора да биде спремен на се Со паметните телефони, станавме поглупави. Мајка се решила кокошки да чува Знам дека ќе ја замори, ама ете, нека и биде. И така вмровските кокошки на комшијата нон стоп треспесинг на наша територија, барем наши нека клукаат Виновна сум затоа што пробував кучето да им го насскам ама лом ни направија. Не бре, не сум толку лоша, не става кучево мое свашта во уста не се секирајте Вести на други теми, петок е.
Многу ги сакам овие денови, па и плус дека ми се погоди петок Никогаш, ама баш никогаш не ја потценувајте моќта на вашите мисли, и способноста нешто ако посакате, тоа и да го добиете. Конкретно за денеска, многу брзо си го добив, за десетина минути Уште да знам како да си го сфатам, случајност или не, да превземам некаков чекор или не, а пропратно се соочувам со- хаос, бура! Ама вакви случки кои ми измамуваат насмевки...нека ги има
Поминаа скоро 11 години од матура. Ептен брзо летнаа. Пола клас се омажи/ожени, другата половина уште се зелени во памет. Jас сум во вторите. Од цел клас, со две другарки константно се дружиме и ден денес. Е едната од нив, краj на април или почеток на маj, ке се мажи. Се радувам како за мене да е. Убав ден на сите.
Денес ќе полнеше 66 години. Нема ни година откако замина, а наместо да ми станува полесно, се' потешко ми е. Кога би знаел само колку ми фалиш, гордост моја! После долго време седнувам тука да се олеснам, да се испразнам од оваа планина тежина што ми надвиснала над глава. Последнава година ми е врвулица од емоции, од крајност до крајност. Од најубаво до најболното нешто што постои. Жал ми е што се отуѓив од овде, од моето катче каде што можам да си кажам се' што ми лежи на душа, но животот реши да ми приреди шоу какво што не ни замислував. Сепак, човек не сфаќа колку е силен додека не помине низ најлошото и не излезе на крај со крената глава. Животот продолжува, сега е време да се посветам на нас, на нашата иднина, на нашето време што допрва доаѓа. Го имам Него, го имам моето семејство, минус неговиот столб, но сепак... Имам се' што ми треба, и повеќе. Си ветувам дека отсега почнувам нов живот, се посветувам на убави работи, на позитивни нешта, на мнооогу љубов, на блискост со оние кои го заслужуваат тоа, а ги запоставив несвесно... Ви посакувам убав петок на сите и мило ми е што сум повторно тука. Овојпат сум тука за да останам
Пред 5 недели ме фати едно лудило кога видов дека сум се поправила празнициве и кај се лажам од пред 3 години кога нагло се здебелив дека ќе фатам диета, па и плус кг сум стаила...и решив да не ми фаќа орбитреков више прашина и да си фатам да вежбам, до летово да се стегнам. И прво мислев ќе се откажам ко секад по 2 дена ама овојпат стварно бев упорна, исфрлив све нездраво од исхрана и почнав прво да вежбам по саат на ден, а сеа зголемив дури на 2 саата. Ослабев 6кг и ем симнав тие килата од празнициве, ем сеа се вратив на тежина од 2014 година. Многу убаво е чувството коа те среќаваат луѓе и ти викаат „еј си ослабнала, убаво ти стои“. Иам уште стварно работа, за да стигнам до килата и телото кои одамна ги сакам и па да бидам слаба ко малечка, а секако добро тело значи и здрав организам ама овојпат стварно ќе успеам, знам. И самото тоа кога гледам во огледало, колку листовите на ногата ми се стегнати, како мускул сум напраила на рака, како сум ослабнала, ме мотивира да вежбам се појше и појше. Убаво е кога правиш стварно промени за себе
Сакам да кажам дека .. Ете ви ја владината програма, нема менување на банкноти, не мора секој да учи албански, нема казни ... успешен ви беше спинот, собравте внимание, протестираат за џабе оние што појма немаат зошто .... Спавате ли мирно Вемеро nevermore, Шител и компанија ? Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Љубовта е присутна и после најтешките години поминати заедно , како што си ветивме и во добро и во лошо ... Изненадување за мажето мое Среќен роденден
Ponekogas mnogu ocajno sakam da si go pocnam zivotot od pocetok. Onaka da restartiram se i da se vratam vo najmalie godini, mnogu raboti propustiv i mnogu bi smenila. Nekogas koga imam premnogu vreme za rasmisluvanje mi se vrtat ovie misli niz glava i nekako ne sakam da si go prifaram faktot deka za nekoi raboti e docna i sto i da pravam nema da se smenat.
Можеби ако ние женските не си лепевме меѓусебе етикети како "курва" туку-така, машките немаше да не понижуваат со истите.