И 8ми и 9ти Март поминаа, а на 10ти и во секој друг ден најважно е да знаеме дека зборовите не значат ништо, а делата, е тие покажуваат се! Да знаеме за да ја зачуваме нашата нежност, нашата љубов, сјајот во очите и нежноста на телото токму за овие, за овие вторите..........
Знаете кога ми е косава најубава? Навечер, пред спиење. Кога не очекувам да биде убава, кога не ми е грижа, кога ја пуштам самата да одлучи, кога ѝ давам слобода. Изгледа преубаво само тогаш кога ја ослободувам од моите глупави очекувања, замисли, планови и стравови. И односите со луѓето се подобри кога немаме очекувања. Не очекувај омраза, ниту љубов. Само давај. Не грижи се дали ќе ти се врати. Можеби ќе успееме да го практикуваме ова еден ден...
Седиш во нашиве локали шмркаш кафе,шмрк сок,и во моментот слушаш шкрипат гими,и влага сега фацата на градот Скопје мирнооо Уре брат шуу си фраеришќе љично,гумине ги запали бре..
Ај леле, колку негативен кам бек напраив вчера Не знам шо така да речам, да ве израдувам ама имајте ми убав ден.
Некои мажи ги сакаат жените само поради секс. Зошто тогаш се изненадени кога некои жени ги сакаат мажите само поради пари?
Покрај доброто здравје најпотребно на еден човек му е љубов и надеж. За подобро утре,за подобар живот,за насмевка на лице,за убавини во душа.
Родителите ги учат децата дека парите не се сè во животот и дека не носат среќа, а од друга страна сметаат дека децата треба да се задоволни и да молчат само затоа што финансиски ги обезбедиле. Чувствата сепак не се важни
Никогаш немој да имаш целосна верба кон никого,секогаш очекувај све од луѓето,само така нема никогаш да се разочараш.
Зошто секогаш мора некој друг да ни е крив? Некој друг да ни ги побркал работите, поради некој друг не сме успеале, сме се искарале зошто тој/таа така кажале, направиле, а ние сме невини душички и на мравка не газиме? Полесно ли ние да окривиме некој друг место да си ја пронајдеме грешката во нас? Признавам, порано и јас секогаш наоѓав други виновници Сега, тргнувам од себе, дали ја сум можела да направам, кажам, изреагирам подобро, дали ја сум придонела до ескалација на ситуацијата. И полесно е, побрзо тргнуваш понатаму и внимаваш да не се повторуваат исти или слични работи. Еден живот е, не сакам во лутина да го пројдам. Љубов нека е, љубов ми е
Од денес престанав да стискам лајк на неписмени постови, а Фејсбук, а Твитер, а Фемина, аа па! Сваќа, мие чинии или магистер, а уште пишува подршка, е вала нечете! Ми се губи целата поената на постот, па колку и да е паметно напишан!
Не ми се јасни бутициве. Кај си прават бесплатна реклама на фб, па уште цените ги држат во огромна тајност мислиш којзнае што ќе кажат. Што им е фората со цените да знам
Чудно, колку само кратко трае среќата, колку еден сон, ќе преспиеш еднаш, ќе ти помине, а што е со проклетата тага, безброј пати да се разбудиш не поминува.
Дистанцирањето од некои личности не значи секогаш обид за избегнување. Кога меѓусебните контакти ќе ја достигнат точката на вриење оставете да оладат и продолжете. Времето ќе ги подреди настаните и ќе покаже дали сте ја надминале кулминацијата или ќе се соочите со нова доколку покрај себе имате личност која не заслужува шанса. А има и такви на кои не и им е потребна...
Некој ме гушна ладно и ми рече: "Не жали,тоа не беше вистинско бебе". Некој друг топло ме прегрна и силно ми ја стискаше раката додека плачев. Конечно ја увидов разликата помеѓу луѓето.
Треба да направат туторијал за тоа како се пие ракија... Еве више пола саат како до пола ми е у чашата. Се чудам на другиве како пијат така со леснотија.
Некогаш тишината е попријатна и од најубавата музика, а некогаш со рацете околу вратот како пулсот на срцето, стега и опушта. Како да вежба. Некогаш самотијата е како ладовина во жешко лето, некогаш како темнина те проголтува. И сега? Го вртам образот на многу работи, кога пред очи ќе ми застанат. И така, еднаш, два пати, повеќепати... се прашувам душо моја, какво шоу гледам, хумор или грубост? А јас молчам, чувствувам дека сама себеси сум си го одзела одамна веќе правото да зборувам. Ме пецка. Тишината, самотијата. Таа претстава што не знам дали беше глума или вистина. Тоа што престанавме да се прашуваме... Среќна ли си? Како да е најстрашното прашање на светот.
Кога си насмеан и расположен,сите околу тебе се туркаат да грабнат дел од тој зрак што го шириш околу тебе.Демек тебе ти е најлесно,ти немаш проблеми,таква си се родила...Ама штом малку се смрачиш,уморна си или почнеш да плачеш,сите се тргаат од тебе.Некои зашто мислат дека си силна и дека ти сама можеш се,некои дека ти е само моментален умор , некои зашто не сакаат да бидат во близина со таквите како тебе,некои зашто не сакаат да се заморуваат со проблем како што тие ги заморуваат другите со нивниот проблем.
Ili pak , da dopolnam @lunicka , ako si raspolozena site te gledaat pod oko, nesto vo stil,arna e ovaa, sto e tolku raspolozena,garant e na antidepresivi. E, ako te zabelezat deka ovcite ne ti se na broj,deka nesto te maci,abe so sila ke se smeat i provociraat.