Моментот кога цртаните ги гледаш со поинакви очи. Ми текнува порано кога бев мала, кога ќе станев на сред ноќ исплашена, одма земав 2-3 сликовници во кревет, пуштав сијалица и читав...Петар Пан, Црвенкапа, Снежана и 7те џуџиња...Читав, пловев низ фантазиите, се смирував и си продолжував да спијам. А сега? Сега кога ќе ми се случи да станам исплашена, сфаќам дека тоа е ралност... Страв, болка, копнеж...Се е реалност и се е дел од светот. Ниедна книга и сликовница не може тоа да го замаскира тој страв.
Кога ќе се научат дуќаниве да си пишат цена на сликите? Цена во инбокс! Божем државна тајна дискутираме. Барајки фустан за на свадба поише пораки на фб иам пишано за еден викенд отколку изминатава цела година. Ми го губите времето непотребно. Подобро да одев да шетам низ дуќани....
Збор два за бившата на партнерот. Можеби ако е тука, ќе се препознае *** Никогаш не сум се интересирала за бившите девојки на мојот партнер од една едноставна причина. Минато се. Но ти си поинкава. Не ти го знам ни името, но сакам да те запознаам најмногу од се на светов. Сакам да те запознаам за да те прашам неколку работи: - Дали си свесна каква трага имаш оставено врз него? - Дали некогаш си помислуваш како му е нему после се што си му направила? Не, верувам дека не знаеш. Епа дозволи да ти кажам. Тој има изградено ѕид околу себе толку голем што колку и да се трудиш не можеш да го скршиш. Јас барем мислев дека ми успеа, на почетокот беше толку сладок што дури и не ми се веруваше дека некогаш ќе наидам на таква личност. Беше човек на кој од очите му блескаше љубов и среќа онаква каква одамна не почувствувал. Беше спремен после долго време да сака и на многу начини го покажуваше тоа. Но, за кратко. Како минатото да му излезе пред очи и оддеднаш се смени. Му се вратија старите сеќавања од една љубов (кон тебе, да) и повредите кои си му ги нанела. Беше исплашен да не биде повреден пак и штотуку отвореното срце го затвори уште појако. Длабоко во себе знам дека ме сака, но се плаши да признае. Јас сум таа која успеа после многу долго време да му влезе под кожа. Можеби тој е човекот на мојот живот, но како да го убедам дека постои можност да биде среќен и најважно од се заљубен. Можеби на сето ова ќе кажеш дека сте биле деца, ама знај една работа, машко кога сака спремен е на се. Спремен бил на работи кои не заслужуваш да ги знаеш. И ете, сакам да те прашам, дали сега си среќна во животот додека тој сеуште го лечи скршеното срце? - Што помислуваш кога ќе се сетиш на него? - Дали помислуваш на болката која му ја остави? Јас нема да го повредам, туку баш напротив сакам да му помогнам конечно да заборави на таа болка и да биде среќен. Но како?
Одамна немам чкртнато нешто тука, а баш ми треба да се искажам некаде.Ќе биди долго.. Периодов ми е турбулентен ептен, измешани чувства, ситуации, лоши, добри, секакви.Пробувам да урамнотежам малку ама не оди никако. Јас сум личност што ептен се приврзува за било што.Луѓе, животни, предмети и тешко ми е кога ќе останам без нив.Не треба да сум таква, знам.Сум доаѓала до ситуации кога сум тагувала по некој обичен предмет што сум го изгубила, да му кажував на некој друг ќе ме сметаше за чукната.Ете, таква сум. Пред 1 месец ми кидна мачорчето од дома.Мислев обична шетња ќе му биди и ќе си се врати за 1 ден како што праеше и обично.Кога го донесов за прв пат дома, за сите дома освен за мајками беше едно огрооомно ЛОШО изненадување.Минав низ доста плачки, караници, ми држеа лутина и по неколку дена не правев муабет со никого дома баш заради тоа малечко суштество кое го засакав како човек, другарче.Доаѓав дома од школо, мртва уморна и нерасположена али штом ќе го видев инстантно расположението ми се враќаше.Со животниче дома никогаш не е досадно , толку ми го исполнуваше времето и толку се приврзав за него, не знам, не можам да опишам.Јас го хранев, јас го капев, јас најмногу го тормозев од сите, јас најизгребана по дланките бев од сите дома, јас плачев скришум кога си го повреди едното ноџе и не можеше да оди 1 ден..И замина од дома.Не се врати три недели.Мислев ќе дојди, каде и да одев се вртев да не го видам негде, врата од влез постојано отворена за да може кога сака да дојди, куќичката и песокта до последно на истото место му стоеја, и стварно, за прв пат во животот мислев позитивно.Ама не.Брат ми го виде умрено баш неколку дена, така исфрлено од некои што го нашле, како партал одма до мојата зграда.Добро е јас што не го видов, ќе се срушев таму.За цело ова време додека беше отсутно се развртував по изгазените мачки на улиците(да да, имаме многу внимателни возачи секоја му чест) и се молев само јас да не го видам моето некаде во таа состојба.И осеќам жал, ама многу повеќе осеќам инает и лутина, бидејки тоа кутро сакало да си се врати дома, и некоја си проклета кола се нашла во тој момент да помини и да го изгази.Да излези пред мене тој шо ја управуваше очите би му ги ископала, ете до толку пос*ано се осеќам.И си жалам по него како по човек, си гледам слики негови кај што му правев фотосесии, видеа од неговите лудории и збеснувања, баш истиот ден кога дознав дека е мртво најдов под кревет едно 10тина лифчиња и топчиња со кои си играше и ми доаѓа да плачам.И не ме разбира никој, ајде бе ми велат животно е, не е човек, доста застани.Оф оф оф.. Си барам по страниве ново маче да си земам, од оние што подаруваат, ама ако донесам уште едно мало ѓаволче дома, е дури тогаш има да ме исфрлат.Првиот пат поминав лошо, ама овој пат еве не знам..Добро е што сеуште немам најдено, се само кучиња даруваат, лошо ќе биде ако најдам, оти ќе си земам.Правам тоа што ќе наумам секогаш.. Ми претстои убав период, екскурзија во Италија, роденден,свадби, пролет иде, ангажирана сум со диети, здрава храна, 300 чуда, уште да не сум мрза за вежбање и ќе биде топ.Ослабена сум, вчера облеков тесно и кога видов како ми стои останав на огледало да се гледам 10 минути, а доцнев. Си правам планови, ми претстои убав период во животот, редно е да свртам нова страна, морам.
Сакам кажам незнам пишам Ај ќе си ќутам Што е бе сакаш да се тепаш а Не е битна големината на телото,најбитна е храброста.
За годинава, си посакав леснотија. А колку е тоа остварливо за личност која има Венера во Јарец? Сакам астрологија, затоа што за мене е некоја посебна мапа за мојата свест и потенцијали по кои се движам... По правецот кој е најлесен за мене, менувајќи ги своите кодовите, доаѓајќи во допир со моите стравови, дури и преку нив. Ги откривам сите подзаспани делови во мене, и одново ги оживувам. Ви посакувам и вам леснотија и покрај тоа што сега можете да читате од лицето на небото, да летате во чудните предели на свеста и високата свест. Го разбирате јазикот и говорот на душата и светот, можете цврсто да одете по земјата и во еден единствен момент да можете да препознаете што е тоа пред вас и да гго освестите моментот.
Хах... реков планер ќе направам. Очигледно спонтано ништо не ми оди. Собираш сила, собираш и на крај си ја пакуваш во торба и ја креваш во плакар. И така седнав, ама еве ме. Март, што да ти понудам друже? Земи еден бубрег и прати ме некаде далеку. Си разговараме. Времето не чека, и тогаш кога часовникот застанал. Зборувам глупости нели? Заборавив да си испеглам алишта за на работа. Луѓето се напорни. И убави. Јас ли сум специфична? Не...да... Во суштина сите сакаме барем една иста работа. Спиј за да пораснеш. Колку подолго спиеш толку повеќе ти се спие. И кога ќе се разбудиш сеуште спиеш и е тешко да се отрезниш. И сонот е еден вид дрога по се изгледа.
Моментот кога другачка ти (30год) ,со која сте биле блиски, а те види онлајн на фб се исклучува, чим се ставиш офлајн се уклучува демек ке и пишеш како си одма баш на неа. И моментот кога после тежок период , средена и срекна ке види слика две од тебе кај си била и со кого и оп одма те бара да дозане од кај ти тоа Who are you people ????? Имаш малце лош период и одма досадна си као демек, а уствари немаат они многу поим што и како
Статус везе : overworked and underfucked. Добро, лажам! Не сум ни во врска. Тоа уствари ми е опишан животот, па кога некој ќе ме опцуе ко во стил ,, оди е*и се ,, , си велам - ах, камо те срече! И така...
Со него кршиме стереотипи. И онаму каде што прашината беше високо крената и онаму каде сеуште е. Рамо до рамо до крајот на светот. Од почеток... па се до крајот на времето. Никогаш не сум била поисплашена и посигурна од сега. После него, ниедна пранга повеќе не може да ме окова. После него, сум будна. Веќе не ме плашат жедните и љубопитни погледи од страна, се додека тој цврсто ме држи за рака чекорејќи кон светлината на сите нови утра. Сега знам дека всушност ние сме биле тие што ги плашеле ним цело време. Оној немирен страв што ги мава плитките и затворени умови од умовите отворени кон нови, заеднички идеи. Сродени срца кои бијат како едно, во за ним, несфатлив ритам. Секако дека таа музика ве плаши. Нотите на таа слобода се изгубени некаде длабоко во вас, меѓу познатиот комфор и општото прифатено мислење за што треба да биде, а што не. А што знае обичен смртник што е слобода, додека дреме окован во сопствените убедувања на тремот на минатиот век? Покрај себе, да имаш човек кој секојдневно те инспирира е благослов. Слободата на умот, на верувањето, на мислата и свеста е бесцената. Без надворешни авторитети, без наметнати предрасуди. Само јас и тој. Неговата љубов ми отвора нови хоризонти. Единственото нешто што ме врзува е емоцијата. Врзана цврсто за него... а послободна никогаш не сум била. Додека последниот часовник ја отчука последната секунда...ќе те љубам.
Треба да станувам рано, а сум пуштила музика да ечи, немам ни намера да си легнам за брзо.. I need help Утре ќе бидам као мува без гла ко шо тргнала работава. Нема везе, ќе се снајдам, си викам..
Добро утро! Да, понеделник е, ама утрово и денов впрочем ми се прекрасни . Ниту тмурново време нема да ме совлада, нека пукне! Се разбудив порано од вообичаено, направив мерачко кафе и смути за двајцата и си седнавме во мир и тишина да си ги испиеме. Светот е веднаш подруг кога имаш време за ситните работи кои ти причинуваат задоволство, како што е обично пиење кафе со сопругот. Кога сме веќе кај него, вчера ја прославивме првата годишнина од брак Не ми се верува дека помина цела година, како вчера да беше целата онаа брзаница и тутканица пред свадбата. Колку само бевме возбудени и едвај чекавме да се земеме, сакавме само да завршиме со тоа и да бидеме заедно засекогаш, како да сме во некоја тазе врска, а не 14 години заедно Бракот е најдоброто нешто што сме го направиле за нас, и се каеме што и порано не сме го направиле. Многу е поубаво во заедница со човекот што е љубовта на твојот живот, многу е прекрасно да градиш дом, да оформиш домаќинство, семејство со љубениот. Пресреќна сум, пресреќна со него! Да не беше тој, не знам како ќе ја поминев изминатава година, кога ми се случи најголемата трагедија во животот. Тој е мојот камен на кој можам да се потпрам, мојата поддршка, мојата љубов! Додека сум жива ќе го сакам неизмерно и ќе се трудам да му возвратам барем половина од тоа што тој го прави за мене Забегав, муабетот ми беше за понеделников Мислам дека ги мразиме утрата и понеделниците особено затоа што секогаш во брзање стануваме и се подготвуваме, како да нема утре. Само 15 минути порано навиен аларм менува многу, ми требаа доста години за да го сфатам ова, мора да признаам Anyway, имајте убав ден, убав понеделник, успешна недела и сакајте се, тоа е движечката сила што не' одржува во живот! Без љубов, не сме ништо
Броењето денови било најмачното нешто, каде што во меѓувреме го дополнуваш со мисли како ќе биде, нов почеток на животот , друга држава, култура народ, како ќе се снајдеш и сл. Товарот во однос на она што ќе го оставиме тука поготово оние кој премногу ни значат, на кој премногу им значиш. Двоењето од сопственото гнездо и од семејството кое те опкружува со љубов за кој си звезда водилка во преостанатиот живот.
Во саботата со дечко ми правевме 4 години, бидејќи не сме во можност да прославиме заедно ме изненади со букет цвеќе. Секогаш знаел да ме остави без зборови. From Dubai with love ❤️
Сум бил и на дожд и на сонце,се смеев и плачев,животот ми стана театар секој нов ден е различен,некој ден ми е комедија некој трагедија.Но животот го сватив и прифатив како борба,ни еден ден не се откажав од самиот себе и од оние кој ги сакам,никогаш не се откажав од сонот мој,никогаш не реков НИКОГАШ,реков сега и СЕКОГАШ ке се борам до крајот на животот,за мене,за иднината.Животот знае на многу погрешни страни да не однесе,но не плашете се Господ ги дава најтешките борби на оние кој можат сето тоа да го издржат.