Не си свесна колку е полесно кога те оставаат, ке свртиш нов лист, одиш понатака, за инат за себе, за да пукне! Ама кога оставаш, е тука е поинаку совеста ке те јаде онака полека педерски, мир во душа нема да ти даде Верувај Мирна совест, мирна глава
Ветрот бил уметност. Уметност, жими не знам што. Не знам, можеби и не умеам да го сакам или доживеам ветрот онака како што го поимаат останатите. Еве, навистина не ми е јасно која е таа уметност во тоа кога косата ми шета лево-десно, горе-доле и во сите можни правци; прави лупинзи ко да се наоѓа во центрифуга, а обидувајќи се да ја скротам (скротување...хахахахаха, што беше тоа!?), изгледам ко да симулирам фристајл пливање на суво. Но тоа не е сè, после оди па најди го патецот. Тоа што изгледам ко да ме бркале волци е друга проблематика, врвот е гратис цик-цак патецот. Уште да беше пак 1999-та и топови, ќе бев најмодерна во зградава. Дајте дождови, ќе седам дома со притисок во минус, ама барем ќе имам убава фризура.
Какви све психопати постојат во нашево ни државиче,оффффффф Господ само да не чува и подалеку од нив.
Секоја една жена во животот мор да помине низ три фази: Прва фаза - кога ги нервира родителите Втора фаза - кога го нервира мажот Трета фаза - кога го нервира зетот/снаата
Сакам да кажам дека ... Искрено немам нешто посебно да кажам, али додека веќе почнав тогаш ќе ви го кажам wifi пасвордот на комшиите .. Password: Satellite26 Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Некои луѓе како да ни доаѓаат како награда во животот, за се` она што сме преживеале и претрпеле со некои други. И тогаш сфаќаме дека ништо не е случајно
Дами и господа, да повториме некои работи... - Не си личност која искрено почитува туѓи лични избори, ако аплаудираш на храброста на девојка која родила и основала семејство на 18-19-20 години... а наредниот ден со осудувачки и оговарачки тон коментираш за друга жена дека нешто ѝ фали или во најмала рака е бесчувствителна - зашто нема деца, не е во брак или дури е и сингл на 30, 40 или било колку години. - Не си искрено против општествените стандарди за убавина ако за навреда го сметаш само епитетот „дебела“ и сите други поодвратни епитети за луѓе со вишок килограми, а во исто време некого викаш „сучка/стапче/чечкалица“ или дури и без срам директно го гњавиш со прашања од типот „ти јадеш ли нешто “ ? - Не си поборник за еднаквост и против насилство ако ти е одвратно само кога машко ќе удри женско, додека истовремено ако некаде слушнеш или прочиташ за случај во кое женско крева рака на партнерот - тоа ти е оправдливо, па дури и комично и пресмешно. Не бидете лицемери кои им даваат double standards нота на вакви здрави ставови и принципи!
Бев обичен сведок на понуда која живот значи. Емоцијата и кукавличокот го направија своето. Родител ќе ти даде совет ти, логично, нема да го прифатиш. Ќе те поддржи безрезервно, но знае во себе дека еден дека ќе го спомнеш, ќе се каеш шепотејќи..... требаше....
Оноа чувство кога имаш цела недела дешавки како промоции на книги, разноразни (бесплатни) предавања, повици за вечерно излегување.... и втора смена на работа. До 22. Ех животе, раскантана пеглицо.
Чуството кога одиш и одиш, гледаш и гледаш низ рафтовите.. Одел за предмети за бања, кулинарски одел, украси, дом.. Доста ми е да гледам и да избегам од секојдневието, да мечтаам додека гледам одреден предмет и замислувам каде би стоел во домот. Трошката надеж и радост е во малите нешта, само е потребна мотивацијата.
Veke podolgo vreme razmisluvam da se vklucam kon dvizenjeto "minimization". Dali i jas mozam, kako ke se izvede, na kolku ke zastanam, kolku e dovolno za da opstois.... Nema sto da razmisluvam, pocnuvam i samo ke se pokaze kolku e dosta za obicen zivot. Mi se smuci da rabotam za da odam vo prodavnica i bezveza nepotrebni raboti da kupuvam. Koga ke razmislam kolku sega bi imala ili kade bi prosetala ako ne gi kupev site onie raboti koj so ceni na niv otidoa vo donacii. Prodavnici netreba da bidat mesto za zabava, ima mesta kade lugeto treba da se zabavuvaat, najmalku vo prodavnica.
Гнасен, вели -Што е злобен, лош-. Ете такви гнасни луѓе се почесто читам на интернетов. Од ништо никаде, ќе се додаде некој гнасен коментар од некој гнасен човек и ќе ти се згнаси на душа. Мене дури глава ме заболе од самата себеси, не па некој што ќе земе да ме чита Гледам во едни парчиња оставени на масава, згрешени... ќе креираме демек нешто. Се мислам дали да ги поправам, па се мислам грешките кои ги правиме дали се поправаат, или со едно извини ги решаваме, а тие остануваат во истата форма до крај на животот. Па се мислам, можеби и едно искрено извини сепак ја менува нивната форма. Ама не е парче материјал, ниту дрвена плотна, ниту крива линија на хартија. А можеби ќе им најдам и нова примена. Не е моја работа, ама ја правам да биде моја. Ама барем е мој живот Вие луѓе... бидете добри. И не бидете толку полни со предрасуди. И мислете бре два, три пати пред да кажете/пишете нешто Ова и за себе важи. Среда. Вели се смета за ден кога се создадени сонцето и месечината. Тоа ако сте религиозни. Мене повеќе ме загрижува фактот што пишува дека е четврт ден во неделата. Се прашувам дали недела е еднакво напорен како и понеделник. Можеби имаме два еднакво измачувачки денови во неделата за кои не сме свесни. Ама во недела барем нема аларми Ај доста со глупости имајте убав ден
Бон-тон претставува збир на општествени правила за убаво однесување. Понекогаш се чини дека луѓето забораваат на правилата за убаво и пристојно однесување, па затоа секогаш е убаво да се потсетиме на некои бон-тон правила кои сите луѓе треба да ги почитуваат. Еве дел од нив: Никогаш не одете кај некого дома без да се најавите. Кога сте излезени, никогаш не го ставајте телефонот на маса. Со тоа покажувате дека овој уред игра важна улога во вашиот живот, дека ви е здодевно и дека едвај чекате да го земете телефонот и да проверите што се случува на социјалните мрежи. Не канете некој да излезе со вас доколку планирате цела вечер да се допишувате со некого преку пораки. Маж никогаш не ја носи чантата на жената. Сепак може да го однесе нејзиното палто до местото каде што се оставаат палтата. Ако се шетате со некого и таа личност застане да се поздрави со некого и вие треба да се поздравите, дури и ако не се познавате. Вашите чевли секогаш треба да бидат чисти. Избегнувајте незначајни муабети по телефон. Ако ви треба некој за да разговарате, подобро да го правите тоа очи во очи. Ако некој ве навреди не треба да вратите на истиот начин. Само насмевнете се и заминете си. Мажот секогаш треба да оди од левата страна на жената. Војниците се исклучок од ова правило, затоа што секогаш треба да се подготвени за поздрав. Возачите треба да запаметат дека прскањето на пешачиците е немормално однесување. 9 работи кои треба да бидат тајна: возраст, заработка, семејни расправии, религија, медицински проблеми, љубовни афери, подароци, чест и срам. Во кино или театар, треба да се движите кон вашето седиште свртени со лицето кон оние кои што седат. Мажот оди прв до седиштето. Маж никогаш не треба да ја допре жената без нејзина дозвола. Ако некој ве повикува непристојно, како на пример: „Еј ти!“, не треба да се свртите. Златното правило за парфемите е умереноста. Ако се уште можете да го мириснете сопствениот парфем и вечерта, иако сте го ставиле тоа утро, тоа значи дека сите останати се веќе уморни од него. Добро воспитан маж секогаш ќе покажува почит кон жена. Во присуство на жената, мажот може да пуши цигара само со нејзина дозвола. Без оглед на тоа кој сте: директор, академик, постара жена или студент – кога влегувате во просторија вие треба да бидете први што ќе се поздравите со сите. Почитувајте ја приватноста на комуницирањето. Родителите не треба да ги читаат писмата на своите деца. Паровите треба да ја имаат истата почит еден кон друг. Не се обидувајте да бркате трендови. Подобро е да се облекувате фино, дури и ако не е баш според трендовите, отколку да изгледате лошо во најнов костум. Ако ви е простено откако сте се извиниле, не ја почнувајте повторно таа чувствителна тема. Избегнувајте прегласно зборување и смеење, како и зјапање во луѓе. Не заборавајте да им се заблагодарувате на вашите сакани, роднини и пријатели. Вие не ви помагаат затоа што мораат, туку затоа што сакаат. Ценете ги. Како што рекол Џек Николсон, американскиот глумец: „Пристојноста ми е многу важна. Како да подадеш чинија. Да не се дереш од едниот до другиот крај на собата. Да не отвориш затворена врата без чукање. Да и дозволиш на жена да помине. Целта на овие бескрајни едноставни правила е да го направат животот подобар. Јас многу внимавам на моите манири. Бон-тонот е важен. Тој е едноставен и разбирлив јазик за меѓусебна почит.“ Ајде да се почитуваме
Сум дожовеала безброј убавини кои земниов свет ги нуди, ама како чувството кога стиош пред некого и си искрен и реален, а навечер ја ставаш главата на перница и мирно со чиста совест потонуваш во сон - нема поубаво, нема!!