vcera tetka mi bese na gosti kaj mene i ja si ja rokam Adele send my love to your new lover i set fire to the rain i tetka mi takva lele ovaa prvava sto ja pustase e mn ubava mn ubava melodija i jas da teto vika aj pusti mi ja pak i ja pustam pak i vika za sto se raboti (zenava e postara i od selo ne razbira bash bash angliski) i ja takva *speechles* i takva jas pa za raskinuvanje i sl. (ne znaev so da i kazam 5 min mi trebaa i toa da i go kazam) nz kako da dolovam vo koja akward situacija bev stavena
Некогаш кога нема што да правам, си читам пораки на форумов... Еднаш одамна на еден друг форум, со други луѓе .. истото го правев.. Се додека еден ден пораките станаа повеќе од пораки... Некогаш несвесно се зближуваме со некои луѓе повеќе од што треба.. и најчесто заклучоков не фаќа неподготвени... И од тој момент ти станува јасно дека треба да бираш - лево или десно... Што и да одбереш, секогаш ќе те копка што би кога би ја одбрала другата опција ... И после тој избор, на сите останати ќе дуваш од страв да не се изгориш, затоа што факт е, ретко кој не се изгорел... Ќе кренеш ѕидови околу себе и нема да дозволиш никој да ти се приближи.. Конкретно јас, после тој избор, научив и на ладно да дувам а од топло да бегам како од ѓавол ... Ама и бегањето не е вечно, не може човек вечно да бега... може се додека не те собори некој. И тогаш, животот ми мавна уште една шлаканица и ми рече - ти реков?! Нели ти реков дека ако не сакаш пак да се чувствуваш исто, да си ги чуваш ѕидовите околу себе?! И така Дасти ќе оди да си се скрие како полжав во својата куќичка.. Таму каде ѕидовите останаа недопрени.. Дасти нема нерви, нема желба и нема потреба да биде повеќе од она што е - мало човече во морето со ајкули. Касната, тепана, ранета... од животот Џабе испишав реферат кога само сакав да кажам - пазете кој ќе ви влезе под кожа на форумов Навиката е страшна работа...
Денеска успеав после 5 тешки и мачни години да ја научам мајка ми да симне песна од интернет и да ja зачува на компјутерот. Сега само уште да ги исчистам сите 100 илјади вируси кој ги симна со се песните.
СДК.. Дипломирав Конечно заврши и оваа фаза од животот Без алкохол не иде, за сите по една чашка од мене
Толку ми е правлно и добар избор ова, така ми е мене... доста се откажував, што фајде од тоа ... знам како вонземјанин ќе ме гледа некој хахха ама не можам да мирувам, ме уби мирувањево. Осмех и одиме наред
Тие што ве мразат, не ве мразат Bас.. Всушност, се мразат себе си затоа што Bие сте тоа што тие сакаат да бидат!!
Народот стигна до ситуација каде што партијата и политиката им го испрала толку многу јако мозокот,што убедуваат дека во државава било убаво да се живее,и дека платите биле одлични.Имав конфликт со една колешка на работа,каде што ме убедуваше и се караше дрско со мене,дека со 200 евра плата се живеело во државава,што е најтрагично жената има 56 години,возрасни деца кој и седат дома и се без пари,а имаат и факултет завршено.Епа послем вакво нешто,дефинитивно се распаѓаме и како народ,и како држава.Да се задоволуваме со 200 евра плата,а 150 евра сметки?Забегано крајно и безобразно.
Најтешко е да се искажат најсилните емоции. Понекогаш е подобро да ги оставиме само очите да зборуваат..
Совршеноста е една. Кога сите би биле совршени - сите би биле исти. Несовршеноста е уникатна. Никој не може да биде несовршен како некој друг. Сите сме несовршени на свој начин. Во тоа се крие вистинското совршенство.
Се зборува за војна. Некои се плашат, некои се спокојни и сигурни дека до тоа нема да дојде. Се надевам и јас дека нема да се случи, но свесна сум дека опасност постои. Мразам војни. Знаете ли вие колку е тешко некој свој да имате што е на бојно поле? Знаете ли како е тоа кога чекате некој, кога размислувате дали ќе се врати? Знаете ли колку боли тоа? После 16 години, сеуште ме боли и ќе ме боли. Татко ми се врати жив и здрав, но сите тие денови во исчекување беа ужасни. Нема да кријам дека сеќавањето на тие денови толку длабоко удира и боли, што моментално ми доаѓаат солзи на очите. Знам како е да чекаш некој свој. Знам и затоа ги мразам војните. Кој не го почувствувал тоа, никогаш нема да сфати. Нека не се повтори.
Потрагата по подобни личности кои ќе ги исполнат нечии очекувања е залудно потрошено време наспрема преиспитувањата на сопствените карактерни особини насочени кон детектирање на личните недостатоци. Не може да бараме нешто што го немаме. Привлекуваме такви личности какви што сме самите ние.
На 4ти март бев на општински натпревар по биологија. Отидов со 80 посто научен материјал, ама ми се погодија прашањата освен некои. Очекував да имам барем над 60 бода, па и 70. Ама ај што чекавме цела недела за едни резултати, па и кога ги објавија завчера, се изненадив. Гледам 59 бода, и со тие од мојата генерација сме тука сите со поените. Ги поставиле и точните одговори. Ги отворив... Гледајќи ги одговорите, сфаќам колку се баш да речам глупави тие од комисијата во друштвото. Ми велат дека фагоцити не вршеле фагоцитоза, ми велат дека Т клетки не убивале инфицирани клетки, ми велат дека синаптички комплекс бил составен од два хомологни хромозоми. Ова може да е точно, ама јас тој термин прв пат го видов и нигде го немам сретнато така. Потоа велат дека кога има зголемен прилив на крв, нервно треба да се изрегулира за да се забрза срцевата работа...Нека ме поправи некој ако јас грешам. Прво беше екстерното, сега натпреваров, ајде и матурата нека стават некои затупени да ги прават прашањата со бесмислени креирани во нивните глави. А 90 % мислат дека биологија буквално се учи на памет, се буба демек. Луѓе кои се занимаваат со наука, кои се одговорни во иднина да ме научат, си го рушат угледот, покажуваат зошто всушност нема овде развиено наука, што не е само нивна вина. Покажуваат и зошто тој на ПМФ фалат студенти. Епа ќе фалат. Истите овие луѓе се професори на факултетот. Цело време зборуваат за економските факултети, правните, ФИНКИ, не знам уште кои, какви можности имаат студентите, каде сè можат да се вработат со тие факултети. Ние ентузијастите што сонуваме да бидеме научници сме гревчиња... Изрeволтирана сум, зошто некој на овој начин ми го потценува знаењето, буквално ме тера да бегам од она што ми е навистина желба да го изучувам, само за да не се соочувам со некои што јасно ми покажуваат колку сме уназадени и за жалење.
Шетав денес, ко рандом патник лабаво со тренерки и патки. Си ставив и очила. Видов сонце и наполнив батерии за цел живот ми се чини. Жолтите цвеќиња на сите страни, одгледани со многу љубов, не можеш а да не забележиш колку се совршени, нежни и мили, блескави и завртени кон сонцето.. кротко ја впиваат неговата топлина и љубов. Баш и ние луѓето сме такви.. исто како и цвеќињата, желни за топлина, љубов и грижа. Сите тие чуства споени во едно го даваат најпрекрасниот лик, насмеан, блескав и незаменлив. Згрижен .. Тоа се познава.. се познава од далеку! Љубовта на една жена и еден маж се познава од далеку.
Разговарав со човек што нема апсолутно никаква поддршка од неговите најблсики за ништо, а посебно не за неговата секусална ориентација. Пред некое време сфатил дека е бисексуалец. Не е ни хомо, ни хетеро...Туку е во некоја глупа средина, потполно несфатен од сите... Пробал да зборува со неговите и добил кометари: - Татко му: Абе оди ко секој нормален човек фати девојка и не кажувај глупости... - Постариот брат: Што збориш бе? Оди плесни некоја девојка и ќе видиш како ќе засакаш само женски...Сакаш да го даваш или да го примаш? Значи...Како да зборуваш со такви луѓе? ВО Македонија нормално дека секој родител сака детето да му се омажи/ожени со човек од различен пол...и да има деца...тоа е СОНОТ на секој Македонец, а не е битно дали човекот е сТреќен во тој брак...Инаку што ќе речат комшиите? Лошо е да немаш поддршка од најблиските. И за работа, факултет, брачен другар...Кој заслужува да биде исмејуван и несфатен од најблиските? Зар некој може да ги контролира чувствата?