Постојат луѓе кои молкум покажуваат колку им значите. Не се форсираат, експонираат, расфрлаат со зборови наоколу дека сте единствени за нив, дека им значите премногу, дека се би направиле за вас.. А постојат и луѓе, чијшто секој втор збор е потенцирање што се би направиле за вас. Тоа теоретски. А за поголема иронија, тоа се токму луѓето кои навистина ви значат вам... ** Nije ti svaka bila u rečima. Neka ti je bila i u srcu, ali si ćutao o njoj. Ja znam i ti znaš, da se prave ljubavi ne spominju nikada i nikome. -BALAŠEVIĆ Во ваквите врнежливи денови, ме обзема некоја носталгија. Имам налив на емоции, измешани. И тажна сум, а и среќна. Се присетувам на минатото, а и на сегашноста. А во такви моменти, едноставно обожавам да го читам Балашевич. Колку само се пронаоѓам во неговите мисли... А за конкретново, има право човекот. Душава ми е како пустина. Има траги, нечии стапала поминале низ неа. Го молам ветрот да дува силно, и да ги избрише трагите. Да биде пустината како претходно, беспрекорна. * Тоа се траги на луѓе кои оставиле длабока лузна. Луѓе кои оставиле видлив белег. Луѓе кои предизвикуваат се уште емоции и солзи во очите. Луѓе, кои се тешиме дека се заборавени. Луѓе, кои не се ни блиску до заборавот..и никогаш нема ни да бидат.
Се изнамачив додека мајка ми да прифати дека кога ми се пријадува благо слаткото од лубеници и сливи кај мене не се смета за благо, сега ќе морам да и кажувам дека ни смоките ни чипсот не се. Офф тугооо.
Прекрасна ноќ помината со другарките. Бидејќи врне, одлучивме да седнеме во кафич, а не сме за таму, не поради возраст или годините, туку поради однесувањето Седнаме надвор, нарачаме нес и мн. ни ги погодија песните (Drunk in love, Show me, The Monster, Counting stars, Wake me up) па им се радуваме на песните, пеаме После 2 од другарките станаа и останаме 3 и едни кинези седнаа на маса до нашата и јас ајде ќе преведувам што си зборат (а не знам кинески) И викам „Викат гледај ги вие двете на телефоните а таа третата смотана“ (за мене), „Не, не е смотана. Симпатични се колку години имаат?..... Аааа оризо тука ногу убав Зборат си за какви пиштољи имат. А сега преведуват што си збореме. Пфф, не збореме за тоа, не знаат македонски... Па да бе, едниот од нив глумец бил, знам го од "So close". Ааа омилена певаљка БијАнсе им била Едниот вика сега ќе дунам со цигарето и ќе станам like a boss“ а другарките се смеат После отидеме кај школото (има стреа) и тверкираме и пеаме песни
Сакам да се искажам, а не знам од кај да почнам. Колку работи премолчуваме? Колку само работи остануваат не кажани, избледуваат внатре во нас, се додека еден ден не ги снема т.е заборавиш. Кај е храброста? Кај е гордоста? Колкаво е егото? Се' да се прегази, се' да се каже, да се знае кој што чувствува, кој што мисли. Живеам за тој ден.. Во очекување сум.. а многу време ќе останам вака. Се додека не го заборавам и тоа. Ужасно е, трагедии, лошо време, лош народ. Бура од емоции, без солзи, сакаш да плачеш а нема ништо. Празна си, нема ништо во тебе. Нема ништо за што вреди да се живее. Сама на крај, сама и осамена. Со лажна насмевка.
...го сведовте животот на пари, љубовта на секс, човекот го гледате според физичкиот изглед и се прашувате зошто сте несреќни ?!! *** Стварно веќе не ги разбирам денешниве девојчиња.. или е во мене проблемот или во нив! Дошла во минич на црква,утредента ја збори пола град, а она во фазонот „па нека зборат,ми љубоморат затоа„. На што да ти љубоморат,на твојот плиток ум,на што ?! Се сликала со цигарот в уста и пишала „па еднаш се живее„. Има 14 години и се жали дека веќе цел месец нема испаднето со никого,кризи ја фајкале.Какви кризи мори на 14 години?! Раскинала со дечкото и ајде 10 статуси у минута како тој нема да најде подобра,не ја заслужувал тој е идиот,ѓубре и утредента гледаш ставила слика со него на проф. и пишала „Љубов моја,те сакам највише на цел свет!„ И после јас сум била заостаната! Заостаната затоа што немам испаднато со секој со кој што сум имала прилика ? Затоа што не излегувам со штикли и затоа што не се шминкам ко да имам 30 години? Затоа што имам 30 а не 300 лајкови на сликите, затоа ли сум заостаната ?! Не знам веќе што да кажам ... секако ќе бидам погрешно разберена !
Не ми е јасно зошто одеднаш се почна да ми оди толку наопаку... Да направам комбинација и да ја уплатам на лото, ќе ја извлечат истата наопаку
Би сакала да кажам толку многу работи, би сакала да се исплачам убаво, би сакала да го вратам времето и да сторам за него и со него се што сум одбегнувала. Би сакала да не се случеше таа проклета сообраќајка, би сакала да се радувавме денес, а не да сме обвиткани во црнина сите. Не знам дали два пати сум го гушнала до сега, ама имав потреба да го кренам од сандак и никогаш да не го испуштам од раце. И оделото кое му го спремав за погреб, да го биравме за свадба. Проклет си животе! Прерано ни го зема. Почивај во мир Г.! Прегрнувајте ги блиските, не знаете колку шанси ќе имате за тоа.
Се изморив трудејќи се да ги разберам луѓето! Веќе не можам, не успевам, колку и да вложувам, да се трудам, јас не успевам да ги сфатам... И тука се поставува прашањето, дали некои воопшто заслужуваат да бидат наречени ЛУЃЕ ? Во мојот живот на рака се бројат оние на кои можам да им ја дадам титулата луѓе, титулата ЧОВЕК. Вие што пукате од љубомора, нели ви е смачено? Нели ви е досадно? Искрено досадни сте, со вашата завист, со вашата злоба... Па аман од фрустрации, аман од лечење комплекси, прифатете се еднаш веќе какви што сте, почнете да се сакате самите себе, да се почитувате... Доколку нешто не ви се допаѓа кај вас сменете го, па не сте Дрво, да му се сневиди, можете да се движите, да се надградувате, да се борите за подобар живот... Наместо да се јадете од љубомора, затоа што некоја имала убаво тело и да тролате за нејзе, идете у теретана, вежбајте, посветете внимание на исхраната БОРЕТЕ се да го добиете посакуваниот изглед, наместо да се трудите да му наштетите на некој што е подобар од вас, потрудете се околу самите, да го достигнете па и преминете неговиот успех. Успесите и среќата на другите не треба да ве фрустрираат и полнат со гнев!! Размислувајте за своите зборови и постапки...животот е во суштина толку краток... зарем не спиете помирно и не се чувствувате подобро кога ви е чиста и мирна совеста? Кога сте причина за нечија насмевка, среќа? Зависта и лошотијата не ве водат на прав пат драги мои, напротив, уште толку ве туркаат надолу... Жално и страшно... Некој на ногата ќе те згазне, па ќе се извини и ќе му биде жал, а некој ќе ви столчи и повреди и душа и срце и чест... и пак никому ништо...
Аноук, џабе, не се ни обидувај да ги разбереш, само ќе се измориш, ништо друго.Луѓето не можеш да ги смениш и да сакаш не е можно.Може со денови да им збориш за ова, џабе ќе биде, бидејки тие се убедени во своето мислење, така да и на арапски да им збориш, па ќе си тераат по свое, ти едно, тие друго.Тоа е нешто за кое самите треба да се свесни, момент кога нема да им е потребно друг на некој начин да им ги укажува нивните грешки.Мораат тоа самите да го направат.Затоа не се ни обидувај, се обидував, увидов дека е џабе, иако си терам иста песна
Цела вечер ја одседав дома, што беше прилика добро да ги разгледам темите на форумов. А и нешто козметика последно време.. Што знам, ке се разубавувам изгледа! И почнав да ценам козметика и парталчиња според квалитет и потреба, а не купи туку така затоа што било за ниедни пари. И направив список со потребни работи што би требало за летово. Другите пари, има да пиеме, да се забавуваме, и да се множат денови за паметење! Добра ноќ феминки!
Здраво... Мислам дека страдам од тежок случај на кошаркопатија. Минатата ноќ не можев да заспијам заради тоа. Цела ноќ си мислев како да бидам подобра, си премотував сценички од натпреварот што го гледав. Ми доаѓаше да скокнам од радост. Но, на крај се изнервирав што не можев да заспијам, па останатиот дел од ноќта бдеев и цртав кошаркарски дресови. Нешто не е во ред со мене. Ќе си пукнам. Ќе експлодирам во облак во форма на кошаркарска топка(печурка-облакот е преценет).
Што убаво ми започна деноот Сеуште спиев доаѓа сестра ми ме буди да ми раскажува како си поминала синоќа Колку ми е убаво што сме толку многу блиски и што во мене гледа сигурност и голема доверба Си се дотеравме уште по сабалјечки излеговме на кафенце па на гласање Муабети муабети муабетиии.... никогаш доста А на вас ви посакувам убав ден и ве поздравувам сите со песничката со која што сум заразена веќе подолг период http://www.youtube.com/watch?v=8B93tgRxMuE
Ме гриза црвот на сомнежот... Сакам да направам промена. Драстична промена. Но ќе биде многу болна. Во мисла сум се уште. Како ќе биде понатаму... Сакам, а нејќам. Стискам заби, а во себе вриштам. Никогаш не сум ги сакала ваквите моменти, кога треба да се донесе некоја одлука. Одлука од животно значење. Уште сега ја чувствувам болката. Ќе бидам добро.. ..а знам дека и ти...
Уфф утре ми е роденден :geek: Го знаете она чуството на измешани емоции од возбуда,среќа,тага.. Возбудена и среќна сум бидејќи ќе бидам една година постара но воедно и тажна бидејќи полека го однемува она мало безгрижно девојче ќе станам и позрела (што очигледно ми фали ).. Но како и да е имајте убав ден и утре пак ќе пишам
Денес саканиот заминува на факултет, за три дена пак ке дојде дома. Направив муабет со него за сите тие беспотребни филмови што ми се прават, и убаво ми дојде. Уште еднаш осетив колку многу ме сака. Душичка моја. Воедно уште еден месец, и секој ден ке биде тука. Едвај чекам!
Прекрасен априлски ден. Зеленило, свежо пријатно време, со повремен пролетен дожд, се е свежо, се диши. Гугутките, душичките мили пак ми дојдоа на балконот да ги наранам. Позитивни луѓе цел ден, истомисленици, одговорни. Се полнам со пизитивна енергија и се чуствувам исполнето со секоја завршена обврска. Мотвирано, расположено, позитивно, смирено. Прекрасен ден, кога доаѓа грајот на медиумската меѓупартиска војна. Конечно сите ќе престанат да зборуваат за политика и ќе престанат да се преправаат дека не знаат кои ќе победат.(Сите знаат .) И ќе можиме на раат да уживаме за 1ви Мај и убавото сончево време што ни го носи Мај.
Легнав во 05:00 ,се разбудив во 11:00 и уште не можам да разберам како се наспав?Како успеав бе за толку малку време,а некогаш не ми се доволно ни 8 часа спиење.Можеби затоа што имав бурна ноќ. Инаку станав што станав,појадував,али ова утринсково кафе многу касно бе,што не може да се нарече баш утринско. Како и да е,убав ден,само знае да заврне на моменти.Ме нервира тоа,дај нека се оправи времево веќе. Се чувствувам чудно и јас не знам како и зошто,но во целост сум задоволна. И даа мојот омилен ручек денес.Мјамм има партали да ја направам чинијата.
Лична си лична Македонијо. Се сеќавам на зборовите на оваа песна.Утрово додека чекав автобус ми дојде да ја запеам. Воздухот чист и свеж.Тревата зелена а капките роса како дијаманти се преливаа на првите сончеви зраци. Ридовите онака зелени наликуваат како од бајка.Реката и ако е матна од дождот,тече како по ноти напишани од најталентиран композитор. Хоризонтот? Нема уметник кој би ја насликал таа убавина, ни поет кој би ја опеал. Мислам и се прашувам дали ја заслужуваме оваа земја? Се повеќе млади ја напуштаат. Некои одат дури и во непознато.Во мрачни,студени,опасни земји.Ризикуваат млади животи. Зошто толку убава земја, како нашата не може да создаде услови за нормален живот? Утрово помислив Оваа гледка би била рај за странец кој живее во облакодер.Кој посетил само плажи, но не видел вакво нешто. Се надевам дека сите што ја напуштија оваа земја ,што планираат да ја напуштат и оние кои живеат по светот,дека ќе раскажуваат за нашите природни убавини. За рајот кој е невиден.