Јас сум тип на човек, што буквално за ништо може без престан да смее И некогаш ко дете сум со понашањето,што секако на моите дома на живци им оди. Е зошто ? Зарем е подобро да седам намуртена,депресивна? Значи од ништо си правам филм во глава и си се смеам, и ме праат дека сум #Божесачувај, а јас уствари си праам добро на себеси со тоа. Само на дечко ми можам да му се "клештам" така и ништо да не ми каже, оти го расположувам и него така Денес цел ден сум така, по нерви им шетам на моиве ама смешно ми еееее!
Кога некој ќе ме праша како се осеќам, велам евентуално... А под евентуално, се подразбира ,,Umoran od noci slomljen od zivota ,, , што би рекол Шабан...
Пред некој ден се сретнав со една познаничка која ја немав видено долго време. Не да ме праша како сум, фати да ме критикува дека сум ослабела, па дури и ме навреди. Ајде бе и викам, дечкото твој не вика така. Кога ми направи една фаца, полу-кисела десет минути си се смеев после кога си одев дома. И така што ви викам, сите момци како мачиња ми предат Среќен да и роденденот на другарка ми, да е здрава и жива и повеќе да ме слуша
СДК дека јас дадов се од себе. Останатото е во рацете на Бога. И ќе биде онака како што треба да биде. СДК2: Мене не ми треба многу за да се насмеам и не многу за да се расплачам
Некогаш носев розеви очила и светот го гледав во бои на виножитото. Бев заслепена од шаренило и убавина на боите. Некогаш порано не верував во она што ми го говореа другите, не верував во зборовите дека другарките не ми биле баш добри другарки, не верував дека дечко ми ме изневерува со нив. Бев заслепена од љубов, бев исполнета со чувство на добрина и секогаш велев јас не правам ништо лошо никому нема причина тие тоа мене да ми го прават. Со години немав храброст да си го признаам сево ова, се додека еден ден години подоцна не сфатив дека дојде крај на мојата заслепеност и верба во добрина на другите околу мене. Затоа што некогаш не верував години подоцна па дури и денес на овој ден животот ми удира силна отрезнувачка шлаканица и сум сведок на секоја моја пропаст, на секое предавство од оние од кои сум опкружена. Кога ќе ме повредат не знам соодветно да реагирам, не сум како порано дете плачливо во соба кое се затвара и плаче. Имаше денови кога немо набљудував на се што се случува, не испуштав крик а очите ми беа полни со солзи додека светот се рушеше како кула од карти. Сега сум вистински ѕвер , ранет повреден ѕвер кој испушта оган од устата и не бира средства и начини на кои ќе ги уништи и ќе им возрати на оние кои предизвикале болка и солзи! Не знам поинаку да се одбранам од суровоста на другите кои ме навредиле, понижиле освен со груби зборови говорејки ја вистината во очи за тоа што навистина мислам за нив! Се изнагледав неправди, лоши работи, ме повредија, ме уништија, ми ја затруа душата , изгубив верба во себе, во своите очи, во она што го гледам, ми создадоа несигурно тло, останав дете со скршено срце и соништа, дете кое никогаш не созреа, никогаш не порасна и секое предавство го сфаќаше трагично и болно. Години наназад се крши лебот на исто место на ист начин само други се актерите, а Божја правда за моја болка и солзи исплатени никого не го стигна.
Никогаш не заборавајте дека туѓиот успех, не е наш личен неуспех. Не гледам причина зошто некој би имал причина да гледа попреку и да не си дозволи да се порадува на нечиј успех, а и понекогаш малку поддршка не е на одмет, особено во такви моменти. Навистина не ги разбирам таквите од описот погоре; ги поимам како најголемите себељупци и себичњаци, оградени од било какви емоции наменети за другите. Па и да не станува збор за некој близок, зарем не претставува дополнителна мотивација сведоштвото дека трудот не е фикција и резултира со нешто продуктивно !? Некои прашања заслужуваат да останат реторички, мислам дека доволно ми е од скржавци за цел живот.
Доживеав кратка хорор приказна Сама дома, цела куќа празна, грицкам смоки, кога во еден момент слушам звуци како исто и некој друг грицка... Се вртам цела пребледена, гледам на подот ми паднале смоки, се гоштева мачорот.
Seriozno......? Neso ne si odat po red rabotite.... Wtf? Kolku moze da se ide so glava vo zid? Just asking
Слушам вели You don't have to wear your best fake smile. Треба многу пракса и искуство за да ја усовршиш лажната насмевка. И упорност. И толерантност на болка. Боли фацата кога лажно се смееш. Боли и кога од срце се смееш многу, но од ова првото и душа знае да заболи. Едно двегодишно девојченце ме учи повторно како звучи кога се смееш од срце. Кога имаш мал човек дома, веројатно целото внимание е насочено кон него, па не стигнуваш да се запрашуваш глупави работи, да ја бараш смислата на животот и да се самосожалуваш. Ги вртам страните, земјите кои сакам да ги прошетам, чиниш секој час различна ме освојува. Изгледа како да сакам да побегнам. Од себеси не се бега, луѓе. Имав еден искрен разговор. За прв пат споменав работи на глас, кои долго ми тежат. Се чувствував многу непријатно. Сум заборавила како е да се отвориш некому и да си олесниш. Ми треба време. И планер. Да... тоа требаше да го направам. Во ред е... се ќе биде во ред.
Она чувство кога посакуваш да има бар една мала искра надеж да останеш , да имаш волја да се бориш , а ја нема никаде таа пуста надеж ....нема више никаде таква причина .... Остануваат само трњето од овенатите рози , горчината од лошите искуства, предавствата од најблиските , изгубената доверба во лугето ....преостанува само да се наполни празниот куфер и да се избега некаде и никогаш да не подгледнам назад ..... Иронија е кога човек ја има најубавата насмевка , а секогаш е облеан во тага и солзи .....
Сдк ми се врти,телефонов ми бега од раце,сигурно сум пуштен на центрифуга шуу,оп Пријатели и непријатели убав викенд мисли нека ви бидат позитивни,за убаво да ви биде на душата Што би рекол оној мали џеј Сунце љубави Сакаш кафеее? Нејчу кафе пијана су какао
Sdk prekinav utrinski seks na macki of da znaev nemase da idam bas po taa ulica. I bas se osetiv of ni tie denes ne se slobodni I vo glava mi projde nemoj da ides mojoj ulicu nemoj..... Odnosno dali rasipaniot seks na macki denes nosi 7 god. Nesreka iako ne se crni hehejehe
Kaj mene 2 sabajle, a nie razdvizeni kako 2 na pladne. Im "velam ajde da si legneme", a oni "kaj ti se brza".
Читам во една група една жена нарачала нешто и не ја подигнала нарачката и нормално следи напад од 10.000 жени. Не дека ја оправдувам што не ја подигнала нарачката, можела да пише дека и излегло нешто работа, ама овие останативе 10.000 жени не можам да ги разберам. Сите како под калап да се направени истиот коментар од сите: "Пиши го името од девојката што те зезнала" o Дали се сериозни? Што дека ќе го знам името? Мора да им е многу досадно во животот штом ги интересира некоја непозната девојка. Многу се замараме со туѓи работи затоа и никогаш нема да идеме напред.
Многу сакам кога се буди природата. На првите цветови и цутови се радував како мало дете, на песната од птиците, на првото пролетно ветерче што си играше со мојата коса... уживав во сето тоа, но кога ја видов првата пчела (или оса што и да беше) е тогаш ми се стемни пред очи. Инсектите се единствени што можат да ми го расипат убавото расположение напролет. Летаат на сите страни, па уште кога ќе ми се закачат во коса... Спојлер ми имаат влетано во око, во нос, во уста..
Секогаш се зафркнувам при облекување во зависност временските услови. Па така еве ме на 3 степени со кожна јакна, дожд и ветар. F*ck you време.