Периодов се чувствувам умствено отупена и душевно отепана. Преуморна сум дури да се искажам... Знам дека времето ќе ми испече зборови, исто како што знам дека пред да ми стане добро, ќе ми биде лошо како никогаш досега.
Сакам само да ми заврши тортурава. Немам ни сила ни воља повеќе. Само пропаѓам, продолжувам, никако пауза. Лошо ми е. И да, се жалам. Сега ми е стварно гадно. Угоре високо, удолу длабоко. Често посакувам да не сум. А тоа не е добро... Не е. Ум и среќа само. Друго нема да ме оправи... Боже, колку е тешко.....
Жени - мајки, борци, љубовници, измеќарки, дами, сопруги... Која е таа сила што само една жена може да ја има? Која е таа моќ? Тишина... Чувство на гнев, страв, љубов, недостиг... Чувство на самотија. И само една длабока воздишка која останува да се памети...
Утро! Отвараш очи, заслепувачка светлина низ прозор,голтка кафе, и следува моментот кога ти станува јасно дека она што блештело во ноќната темнина станува невидливо на денската светлина.
Толку ми е досадно што да имам пиштол сега, би си пукала во лево колено Колку нешто да се случува....
Многу сакам во животов личности со кои имаме спротивставени ставови во одредени области и со кои, изнесувајќи ги истите, доаѓаме до прилично жестоки судири, но штом тој разговор заврши, повторно сме истите, се почитуваме еден со друг и таквиот став не влијае врз нашиот однос, односно не си замеруваме и не оставаме простор за лутина меѓу нас. Разликите не мора секогаш да не делат.
,, Ide mi u životu, ide mi, ali mi fali ono malo ljubavi...,, И пари, поштена работа, слободно време, секс...
СДК дека ми е доста од унаказување на родното Скопје. Како може еден „скопјанец“ како Коце толку да си го мрази родниот град и да го уништува! Сега и кејот сакаат, па мислам стварно!
Никогаш, ама никогаш немојте да се доведете во ситуација да не можете да станете од кафеана затоа што сте пијани - особено важи за женски особи!! Не сте свесни колку лошо и срамно изгледа.
Од една страна пишти радио Роса, некој пее, се весели и мава ракија по ракија. Мислам, океј со ракијава ама радиово ми мава во мал мозок. Од друга страна брмчи правосмукалка, затоа што викендот не е за одмарање, за чистење е. Од трета страна мириса на кромид и хардкор запршка. Притоа некој се придерава чат-пат, неандерталски извуци и призвуци достојни за многу години нананзад, ама за 21 век во градска средина, би рекла прилично примитивни. Се слуша течење на вода, народ се бања. За неделава толку, здравје следната повеќе. Ако ова не е недела - не знам што е! Гррррррррррр!
Добро бе колку треба да си недораснат или под дејство на средства за уживање за во ниедно време од ноќта да рикаш како магаре зад згради ? Не знам дали има неизживеани луѓе, ама со постапките изгледа ги има во голем број. Кај не можеш да заспиеш, па и цел ден ти е пореметен. Само памет за таквите и лечење под итно.
Клин со клин се вади, рече кравче и си тури ракиичка за доручек Сега ќе ви кажам јас лек за мамурлак, турете сода бикарбона и оцет на стаклото од рерна и рмбајте. Одма освестување Ова ли беше првиот ден од неделата? Се осеќа Сакав да ви кажам уствари дека сончоглед не се јаде дома, внатре. Сакав да кажам и дека многу чуден народ живее на светов, ама и на чудниот народ ние сме им чудни, па дали тоа не прави сите ненормални, ама бидејќи сите сме ненормални, тоа значи уствари дека ненормалното е нормално, или пак да бидеш нормален си специјален. Да ви кажам една тајна? Колку што сме посебни, толку сме и едноставни. Доволно е само некому да бидеме таа посебна личност. Одам да чистам, готвам и пијам два литра кафе. Кафе со лимон или лимон со кафе? Ќе смислиме нешто
Затоа што гинекологот едвај има некаков контакт со интимните делови на жената. Е сега, машко си или жена која не посетува гинеколог?
"Gjavolot" obicno se krie vo "najubavite" likovi PS. Do kraj! https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1127930803996138&id=1063649000424319