@Jordanovska-K ме збуни за момент, си велам од кај сеа се најдов јас да ме малтретираат по планини ама да, апсолутно си во право. Физичкиот умор носи умствен спокој. Ех Норвешка... убавино. Скапа убавино.
Го трошиме сиот живот подготвувајќи се за иднината,не сваќајќи дека единствениот начин за да бидеме среќни е да го прегрнеме секој миг во нашиот живот. Добро утро феминки! Нов ден, убав ден
Ај добро утро Убаво утро, понеделничко да, ама сончево, топло... Почнувам да ја чувствувам пролетта, конечно! За прв пат после 3 месеци, после оваа луда, ладна зима, го фрлив капутот и си облеков кожна јакна. Друго, омиленото собно цвеќе ми овена пред некое време, па го ставив во ходник, кај што ми се скалите, да го фаќа повеќе светлина и guess what - пак процвета! И после речете дека не дошла пролет! Ма се радувам, цветам и јас со цвеќињата, му се смеам на сонцето и си се топам од убавини. Уште само наместо на работа, да можев утрово да облечам патики и директ на Водно, ама... Да не претеруваме, ако сакам да одам на Водно пред работа, треба да станам во 5. Не могу бре! А така ми се оди... Инаку, секогаш одиме на Водно да трчаме, нема подобра вежба од трчање на угорница Арно ама, секое одење е следново: тој пред мене трча со кучето, јас се трудам да ги стигнам, трчам по нив како улава и после не можам да се соземам... Убавини Ама, затоа за надолу сум прва! Позитивната работа е што се оди пешки до Водно од нашата дома, живееме тукуречи на планина , а пак си барам изговори. Морам да се наканам да одам барем два пати неделно, морам! Тоа ми е новата цел за оваа пролет! Убав ден на сите и искористете го сонцето до максимум
Има човек кој знае што сака, истовремено знае дека нема никакви изгледи да го постигне тоа,ама упорно се труди, т е. # Велат, животот пишува драми. Да, точно. Но,за трагедите, најчесто сме одговорни сами!
Не би рекла дека е тоа полошо. Кој се труди и трпеливо чека резултат, нему му се отвораат вратите. А овие што не знаат што сакаат не е возможно колку се напорни. Првите не се штетни за луѓето околу нив за разлика од вторите.
Среќен сум што не сум роден богат,мојте родители имале само парче леб и ефтина гардароба да ми купат,среќен сум што ме воспитале кога ке пораснам да заработувам повеќе од нив,и да си пружам све во животот што неможеле они да ми го купат, ми давале љубов,грижа и воспитување.Среќен сум денеска,што сум здрав и жив,среќен сум што ми дала мојата МАЈКА толку многу љубов,што имам на залиха во моево тело,среќен сум што имав родител како моја МАЈКА,среќен сум што сам заработувам и имам многу повише од целата фамилија што печали,среќен сум што можам све да си дозволам без никого да молам.Среќен сум што сум среќен
И деновиве верувајте не знам ни јас сама која сум, а има и мигови во кои не знам ни како се викам, ама знам, верувајте сега знам кој е кој во мојот живот... ете така, што викаше баба ми во една дремка се прередија......
Сфаќам колку избрзав за некои работи.. Но, во ред е. Пробувам да не го сфаќам животот премногу сериозно и да продолжам понатака. Се плашам дека човекот со кој што сум , не ме заслужува. Мразам да мислам така, но колку и да верувам дека ме сака, некогаш спротивното е толку очигледно... А ти се трудиш да мислиш поинаку, сакаш да веруваш во нешто друго, не во тоа што всушност е. Со тек на време сфаќаш дека треба да бидеш реален и свесен и да престанеш да ги толерираш луѓето и да ги оправдуваш. Затоа што ако некој те сака ќе дојде на пет минути, за да те види, да те гушне...Ако некој те сака ќе направи се, за да те увери во тоа... Ако некој те сака, ќе се труди додека те има, не откако ќе те изгуби.. И убаво е кога некој те сака... толку е убаво што мразиш да е поинаку и не сакаш да веруваш дека тоа се променило. Сакаш некој да те сака.
Некои работи толку совршено одат заедно, што дури и не можеш да ги замислиш едното без другото зашто непоимливо е така. Безвременски, ко петок и сабота. Ко четка за заби и паста. Или како парче пица и Кока Кола... И понекогаш, колку и да недостасува она другото, толку си свикнал на него, што несвесно мислиш дека во секој момент ќе се појави низ врата и ќе ти рече „добар ден“. Или барем јас се надевам, иако знам дека свесно бладам. Од „баба ми и дедо ми“, веќе одамна остана само „баба ми“, а верувајте, уште ми е ко од дамнина; во секоја минута дури си муабетам истории со баба ми, имам чувство дека кај и да е дедо ми ќе пристигне од парк или пазар, ќе го остави качкетот над орманчето кај скалите и ќе се втурне во собата со ќеса полна овоштија, па „скришно“ ќе ми ја полни ташната со јаболка. Па ти осмели се да си отидеш со празна торба, или друг предизвик - стигни до дома неискилавена. Дедо ми и ресенски јаболка, совршената спојка од моето детство.
Од мала не сум ги сакала децата што коа сме краделе цреши или зелени кајсии си ги бирале најубавите секогаш, а бил групно украден плен на купче. Скроз недругарски. Денес... повторно бираме по сличен принцип, наводно работи за возрасни. И повторно не ги сакам тие луѓе. Живот!