Сакам да кажам дека во животот не е се сјајно. Сите имаме во животот повеке лоши денови, отколку добри. Но кога ке ја најдете вистинската личност, онаа која ке ве сака искрено со целото срце, ете тогаш животот ви е поубав, и лошите денови, ги надминувате заедно. Јас верувам, и знам, дека за секого постои некој со кој ке го поминете животот заедно. Сите сме изгубиле некој кој ни бил све во животот, но сите ке најдеме и некој со кој ке останеме заедно засекогаш
Пред некоја година, кога бев во последната година од моите студии, живеев во еден стан во центарот на градот. Бевме четири цимерки и во станот имаше постојана гужва - некој влегуваше, друг излегуваше, трет се бањаше, четврт носеше гости. Од многуте случувања немаше простор да си кажеш нешто во себе - сè се кажуваше и дискутираше јасно и гласно. Во дневната соба имаше голем прозорец кој гледаше кон главната улица, а до него имаше парно. И откако сите ќе влезеа, излезеа, ќе се избањаа, гостите ќе си заминеа, темите ќе се продискутираа и конечно, сите ќе си легнеа, јас ширум го отворав прозорецот, седнував на парното и палев цигара. Немо го набљудував градот кој преку ден лумпуваше, а во тие моменти беше совршено тивок. Особено се присеќам на пролетните денови кога топлиот воздух ми го галеше лицето, а јас уживав во пријатната клима која ги замени студените зимски денови. Без ни малку ветерче, без никакво движење - градот стоеше, воздухот стоеше. Пафкав од цигарата и уживав во долгоочекуваната тишина. Помина време оттогаш. Сега животот ми е побогат, поисполнет и поквалитетен. Но сè уште ја немам почувствувано таа смиреност и безгрижност како кога ќе седнев на парното до прозорецот и ќе запалев цигара по долг ден во еден стан во Центар.
Добро утро фемина Ноќеска на сон, лубеница. Не јадев Некои други луѓе купуваа, и гризеа парчиња, и им се цедеше сокот по брадата И сега? Кај да најдам лубеница? Е, а сте слушнале дека Турција депортирала одреден број холандски крави, во Холандија? Како протест? Ви велам јас чуден народ на планетава. Некоја чудна навика створив, кога пишувам на темава, знам да се загледам надвор низ прозор. И така губам осет за време. И ги поминувам низ глава сите теми на кои сакам да зборувам, и кога повторно ќе се свртам кон екранов само се смеам. Затоа што повеќе не знам и што би кажала. Конзерва, ви реков нели? Имајте убав ден. Првиот ден на пролетта. Денови на зазеленување, на мириси, цветови, плодови и алергии.
Уживајте во малите работи,бидејќи еден ден кога ќе погледнете назад,ќе сватите дека тоа биле всушност големи работи. Добро утро Нека биде убав и овој ден.
Ми недостасува добра комуникација помеѓу мене и моите родители. Пораснав, созреав и сеуште живеам во заедница во која муабетите никогаш не се одвивале тет-а-тет, директно седнуваш и разговараш за сите убави и неубави работи,аргументирано, здраворазумно, без драми и меѓусебни напаѓања и зборови од кои подоцна сите ќе зажалиме што сме ги кажале. Татко ми комуницира за нешта што сака да ми ги каже преку мајка ми, „женско сум била, она била мајка, па она знаела“. Долго време мислев дека едноставно, така тоа функционира помеѓу татковците и ќерките, за набрзо во пубертетот да ми се докаже спротивното и да копнеам по татко-ќерка однос. Мајка ми пак е од оние луѓе кои во нервозата ќе ти изнакаже сешто, ќе те здоболи и испржи секој нејзин збор, за по десет минути да се однесува како ништо да не се случило. Не сум сигурна дали некогаш се поставила од другата страна да ја анализира одредена работа. Јас како човек кој си ја брка својата работа и што не го интересираат туѓите животи, кој со кого бил или кој што рекол, според нејзе сум незаинтересирана. Не ме интересира т.н.Стојка што сум ја видела последен пат пред 6 години, не треба да те интересира ниту тебе. Многу време помина откако сум се охрабрила да им ги раскажам моите мислења, ставови, стравови, што ме радува а што ме мачи. Едноставно, кога и да посакам да разговарам ме гуши една кнедла што ми се појавува в грло. Полека но сигурно во тој поглед се откажувам од нив, и ме боли. Кога ќе почнев да зборувам со нив, како да зборувам на кинески. „Ти се знаеш за животот, ти си најпаметна нели“. Оф, колку не знам... Ме боли моментот кога ќе погледнам родители кои се вклучени во животот на своето чедо, кои без оглед на се што се случува во ова лудо време и стресен живот сепак изнаоѓаат сила за насмевка и убав збор и пофалба, и се обидуваат да ги разберат постапките на своето дете, затоа што не е е*ано исто како во осумдесетите и сега. Не можеш на се едноставно да „туриш пепел и да си тераш и да не му се секираш, што е твое ќе си дојде“. Јас дома гледам само фотеља и биро. Едниот е залегнат во својата индиферентност, вториот е воркохолик и зборуваме директно само кога треба нешто да сработиме затоа што работиме заедно. Ме боли.
Mood: Не можам да му се изнарадувам на сонцево, деновиве само се печам надвор, а и малку боичка фатив.
Ако најголемите одговори, се кријат внатре во нас.... Веројатно јас не знам се, за себеси. А кој знае? Има ли некој познајко од мене за моето себство? Ако ме слуша, нека се пријави, ќе пиеме сок од малини и ќе гледаме во моите длабочини.
Lunaria ист таков однос имам со мајка ми, иста е таква како твојата, и така како тебе се чувствувам. Но, научив да живеам со тоа и да го прифатам фактот дека таа не е некоја личност за комуникација. За среќа си ја имам тетка ми, кај неа си го наоѓам засолништето. Не си сама babe
Кога ме фаќа очај,кога сакам да искршам цел сервис од ѕид,кога сакам да се качам на ридчево и да се извикам на цел глас,кога сакам да ги отерам сите од кај што дошле ...онака сочно... ...јас ја навлекувам насмевкава како најубав фустан...и убаво ми е... се менувам,многу...
СДК Понекогаш во животот жалиме што сме дозволиле некоиј/и да биде дел во нашиот живот, многу жалиме, многу. Не биле вредни тие ни грам, не биле ниту на 0, биле под 0, - (минус)...требало навреме да ги одземеме од нашиот убав ЗБИР оние лоши, негативни и уште со кој збор да ги наречам оние кои не се ни блиску од она УБАВОТО, ПОЗИТИВНО. Штета ,штета, голема штета за нас, а за нив ништо секако, што би им било ним, на оние безчувствителните...тие такви ке останат цел живот...не за џабе се рекло волкот влакното го менува, но 'ќута никогаш, така е и со ЛУЃЕТО.
Да ми кажеше некој дека ќе стојам 14 саати на штикли ќе мислев дека се дрогира. Ама еве, пресврт во животот