Ден кога не ти треба второ кафе е добар ден Денес во чест на времево се почастив со сладолед. Сега ме боли грло. Туго несречо. Па по не знам кој пат дојдов да ви порачам, а и себеси...полека децо, рано е уште Утре, марула салата за освежување
Ај вака да се разбериме, Спорт не е предмет како и сите останати. Вака бурно не сум изреагирала одамна кон професор, ама ми згази на нерви.
Пред некој ден имав интервју преку скајп ... Толку бев уплашена , стресена, па кога ме фати една паника , што ме подсети кога полагав усно на факултет ... Кај еден професор што ми предаваше Социологија требаше да полагам усно , и тогаш ми беше првпат да полагам усно ... Отидов во канцеларијата на проф. седнав на столчето и професорот беше толку накурчен , што ме фати голема паника како да влегов во кланица а не во канцеларија ! Ми поставува прашање : Видови убиства ? Му ги набројувам ... Но на едно се здткав не можев правилно да го кажам ( од страв) и Проф: Ти мор не знајш правилно да го кажиш не пак да го знаеш ! Второ прашање: одговарам во стресна ситуација ,нешто кажав нешто не , главното го кажав едвај и проф: И што сакаш сега мори да ти пишам ? - Јас : Тоа што мислете вие проф. Проф: Ти мор демек си учела а не си донаучила ,еве ти 6 и да ми го избереш мојот предмет следниот семестар ! Земам индекс и бегам што подалеку ! Чекам на интервјуто на скајп да ми заѕвонат и нон стоп се потсетувам на нопакот проф., И звона скајпот и почнавме со интервјуто .... И одговарам јас на прашањата и интервјуистот ме прашува :- Дали си нервозна? Јас: Да .... -Интервјуистот : Нема потреба да бидеш нервозна,опушти се све е ок . И после овие зборови бев Релаксс и го завршивме интервјуто , кое не беше лошо како првиот усен испит ! Заклучок : На овој народ му фали прво и основно КУЛТУРА ! Функцијата не те прави Господ па да можеш арогантно да се однесуваш !
Да гледаш како некој плаче, е тажно и жално...а уште потажно е кога пред тебе плаче постар човек. Во автобус пред мене седеше постар човек...му заѕвони телефонот...му соопштоија нешто и почнаа солзи да му течат. Не пушти ни глас, туку само длабоко земаше воздух и солзите ги бришеше од очи. Кога се врати во реалноста дека е во автобус, се заврти скрос низ прозор и се обидуваше да се сокрие за да не го види некој дека плаче. Прв пат гледам човек на таа возраст да плаче. Иако не го познавам човекот, буквално и мене срцето ми се скрши и тешко ми падна....Најтешки се тие солзи без глас. Камо да беа солзи радосници... п.с. Времето не лечи ништо...Едноставно со тек на време се навикнуваш да живееш со таа тага/товар што те мачи, и си многу посилен отколку што си бил.
И ете така, бол болујем од време на време... И во најсреќните моменти ми се случува да мислам на тоа, и да се почуствувам безвредно... понижено... виновно... Едноставно доаѓа понекогаш... Баш како д-мол што му идеше на Балашевич. Јас не знам да му избегам.. И така си седиме у соба заедно, ја го гледам, а тоа со поглед де ми се смешка, де плаче, де се подбива со мене. Си игра. Ко со мало дете. А мене па, ме погаѓа што и да направи. Оти,не е криво. Да беше, ќе му се лутев и полесно ќе ми беше отколку вака. А сега што да му правам?? Да го бркам, не си оди. Да го чувам, ќе пукнам. Да му/си простам, не сум спремна. И пак во тесно! Је*и га, ќе чекам само да си заминеш. Имаш душа ваљда... Имаш,така???? Дали само и другата страна помислува некогаш на ова. Дали копнее, дали сонува, се прашува или нерадо се потсетува и продолжува? Можда заборави веќе.... Ма кого јас лажам... Ела ајде ќе седиме... Дур не ме ослободиш. Бар на некое време..
Уживањето во шоља кафе дефинитивно зависи од квалитетот, вкусот и мирисот на кафето. Секако, важен удел имаат и друштвото со кое го пиете и шољата во која го пиете. А има денови кога вторите се најбитни, па впечатокот кој го оставате да биде точно доловен ; Ај добро утро!!
Синоќа кога прочитав за нападот во Лондон нозе ми се пресекоа и моментално мислам дека ќе се онесвестев, ми се стегнаа и гради и грло. Му ѕвонам на мојот не се јавува, знам дека тој период е тргнат на работа и ако верувате мислам дека ќе скренев додека не ми се јави. Си помислив на најлошото и си направив 300 филма зошто не онлајн и зошто не се јавува. Среќа добар е, добри се и сите што ги знам таму, ама мислам дека од паника и моментален стрес јас си го скратив животот за година време. Тешко е кога не е блиску до мене и не можам да го слушнам или видам во моментот кога сакам. Уште еднаш ќе кажам, само Господ да го чува.
Вчера разговорот со една личност многу ме охрабри. Ми даде мотив и поттик за понатака. Таа личност, толку многу сум среќна што имав можност да ја запознаам и многу ми помогна. Од се срце му се заблагодарив и ми даде совет кој нема да го заборавам. Камо сите така да се радуваат искрено на туѓата среќа како него. Му ја посакувам цела убавина на светов. После разговорот, кога излегов од просторија ми навираа солзи, од среќа и толку многу убаво се чувствував. По којзнае кој пат сакав да заплачам од среќа. Бескрајно сум благодарна за сите убавини во овој живот! Да, има и такви кои ќе ти направат да се чувствуваш подоле од нив, само за они да се чувствуваат помоќни. Тие истите ќе те понижат и знаеш дека нема да им биде последен пат. Но, ти ќе им простиш, затоа што сепак ги сакаш и се обидуваш да се присетиш на сите добрини кои ти ги направиле. Нели, да не гледаш само на негативните работи,па луѓе се, грешаваат. И ти ќе им простиш, нели, но, тие ќе се навикнат на тоа брзо попуштање и ќе продолжат понатаму. Пак ќе дојде момент во кој нема да ти направат да се осеќаш добро, пак ќе те потценат. Брзо ќе дојде тој момент, знаеш, а сепак поминуваш преку. Се прашуваш зошто... затоа што ги осеќаш за блиски бе, ги сакаш. Да се прашаш дали заслужиле! Да се цениш и ти повеќе кога можат и тие. Да се цениш! Да не дозволуваш да те потценат и да те навредат! Врати им бре, врати им ! Нека се блиски они, ако, постави им граници до кај можат да се .... да не го употребам зборот, ќе ми го расипе постот. Постави им граници до каде можат да одат. Или сврти им го грбот, без да погледнеш назад. Не смееш назад. Тоа Сакав Да Кажам.
Како да стопираш кога си влезен во серија? Некогаш имам чуство дека и светот да го превртам наопаку нема да биде доволно.
Нема ништо подобро она кога ќе се PRE-најадеш најаден на тараса излегуваш седнуваш на клацкалката и палиш цигара и како на Windows-от на сите brain background processИ им прави END TASK! P.S. Jensen Ackles you're my idol!