Синоќа се собравме друштвото од средно, првин во ресторанче па на диско. И луѓе, верувајте одамна не сум си поминала така убаво како вчера! Смеење, радости цела вечер, па и диџејот ептен ни ги погоди песните - ретро R&B, хип хоп песни кои ги слушавме во средно. Колку само може една песна, еден стих да не врати назад во времето, тоа е страшна работа. Се потсетивме на времето кога бевме безгрижни, кога единствен проблем ни беше симпатијата и повторувањето по физика Ех, убави денови беа тоа. И на крајот на вечерта еден школски убаво рече - добри деца излеговме, сите завршивме факултет, повеќето веќе и работиме, море супер деца излеговме! И еве сега пак се најавува собиранка, ама овој пат да прославиме цел клас, 5 години од матура. Кога поминаа, еј! Си лета времето, си врват деновите, а ние - па речиси сме исти, посозреани, со некој килограм плус-минус, ама битно во душата останавме истите кои си бевме и порано И многу ме радува тоа што кога и да се видиме, како времето да застанало меѓу нас. Близината е иста, советите се тука во секое време. Едвај чекам да се видиме пак!
И така јас неможам да се изначудам како на некои личности така лесно им се остваруваат желбите, денеска сакаат нешто - утре го добиваат, да не ме сфатите погрешно јас не им завидувам, туку навистина ми е мило за нив и им се восхитувам А јас ќе продолжам да си сонувам и се мислам дека ќе си остане на тоа Јас сум си крива, што чекам на други... ама ако надежта последна умира
Несакам ништо да кажам , напишав цел реферат ми падна нетот и ништо од мојот реферат не постоеше морав одново да пишувам , епа неможам. Толку многу убави работи напишав ама овој проклет интернет денеска ми ја извади душата ! чао
Што да му кажам на некој што заминува? Дека сакам да остане, дека ми треба? Не, тој е свесен за тоа, а сепак оди...
Се давам во сопственото тело. Не го сакам, не сакам да бидам ова девојче. Не сакам да сум сплескана меѓу толку тајни. Не сакам да си ги гризам рацете поради осаменоста. Не сакам да ја гушкам перницата секој ден. Сакам да почувствувам љубов. Сакам внимание барем од еена личност. Ништо од тоа не можам да добијам. Ништо. Тогаш, посакувам смрт. Посакувам да излезам од ова тело. Скапав веќе овде, сама цели 14 години, сама во најтешките моменти, немајќи на кого да ги кажам своите тајни, пливајќи во море од солзи. Тоа сум емотивната јас. Иако сите ме знаат како бунтовник, јас тонам во солзи...
премногу сум осамена, мојата најдобра другарка заминува заминува и ме остава.. не можам без неа, незнам што би правела без неа, премногу ќе ми недостига..по цели денови сме заедно.. никогаш не сме биле разделени а сега..
Од времево веќе се осеќам како да скапувам. Обично не квичам од лошо време, ама влагава не ја можам веќе. Печурки по нас ќе почнат да никнуваат. Цел ден во кревет... во еден ден да исчиташ цела книга, ај што е интересна, па и да не си инспириран за друго ништо поинтересно? Нова работна недела, нова енергија. Тешката недела заврши. И знаете што? Грав е најодвратното јадење што постои. Со најодвратен мирис кој го чувствувам дури преку 2 улици, дури и во недела.
Кој им е проблемот на луѓето кои рандом во сопствените карактерни особини неизбежно ги вметнуваат одликите - тврдоглав/а; инает ? Како погрешно дошле до заклучок дека наведените се вредуваат како позитивни и доста интересни одлики ? Јас на пример тврдоглавите ги разбирам како детинести и неспремни да се справат со валидни агрументи, неспособни да дебатираат со личност кој солидно би ги побила нивните тези, ставови и размислувања. Како неспремни да се соочат со одредени потврдени информации, ограничени, егоистични и незрели. Секогаш ми е мило да слушнам друго мислење и да го земам во предвид истото, да го разгледам и да проценам дали со тоа што е поразлично од она моето е можеби и поприфатливо. Способноста да сослушам за мене е неминовна доблест која секој човек треба да ја поседува, му оди во полза таквото собирање на информации. Би сакала да знам каква придобивка има тоталната негација и инаетењето без логика ? Ве молам размислете пред себеси да се класифицирате како личност која се инаети или е тврдоглава. Ги одбива луѓето и создава непријателска бариера уште пред да се стапи во било каков контакт. Не би била пријател со таква личност, веројантно ќе треба детинесто да се потчинуваме на нејзина воља, затоа што поинаку не може да биде.
Никогаш ама баш НИКОГАШ не планирајте нешто пред време. Оставете работите спонтано да се случуваат, така е поубаво. А, ако не друго барем на мир ќе сте цело време и нема да мислите што и како, па и кога ќе испадне обратно од планираното, разорачувањето е огромно. Цел ден средувам работи низ дома, сега ги извадив зимските облеки, си ослободив место за летните. Полека, полека го очекуваме летото. Ама со вакво време изгледа малку повеќе ќе почекаме. Само да не плачете после дека не се живее на жешкото, уживајте додека можете во дождот. Филмскиот маратон ме чека. Имајте добра ноќ.
Почитувани политичари (вмровци,сдсмовци,громови, социјалисти,либерали,Албанци,Турци, Срби) не треба да се карате во период, кога од сите страни, не е признаена нашата мила Македонија, туку треба да покажете слога, да покажете дека Македонија може напред, па и дека може и сама без никаква помош од Европа, туку само со слога, љубов и разбирање. Ај чао , имајте пријатна вечер , ве сакам. http://www.youtube.com/watch?v=EdBym7kv2IM
Се работи за мене многу важна работа, за други неважно, но сепак мене ми е важно. Кој би сакал да помогне со совет, мислење би била многу благодарна, нека ми се обрати во лп.
Се чуствувам многу поразлично.Овие неколку недели ме сменија.Да дознаеш толку ужасни работи за твои другарки е навистина болно.Можеби новата бројка ќе промени и многу други работи.Нејсе очигледно времево влијае на моево расположение. Како и да е вчерашниот ден ми помина совршено.Подготовки,спремања,разговори,честитки...Сето тоа ме радува.Многу ме радува И се јавувам на другаркава да и кажам каде да се сретнеме и прво што ми кажува беше: -Цвет или пеперутка? -Каков цвет,каква пеперутка? -Не е битно кажи само едно не ме прашувај Одамна никој не ме прашал што и како сакам.Кога да видам ми земала ланче во форма на пеперутка.Ептен се израдував. Би го носела вечно во името на нашето пријателство.Потоа пак моите беа решени да ме однесат на шопинг да си купам нешто за роденденот.Се на се прекрасен ден. Како и да е треба да се ужива во малите работи.Бидејќи тоа се спомени кои вечно ќе ги паметиме. Имајте убава вечер. http://www.youtube.com/watch?v=2spbZbOPu_w
Мислам дека се сменувам на подобро како личност, со ставовите, размислувањата. Има едно нешто, што малку како да ме повредува. Воочив во последно време - дека сите тие што ми се правеле пријатели, браќа, сестри - било од корист. Но, и тоа иде со животот нели?
СДК дека сум многу повредена од мојата другарка која си ја сметав за помала сестричка на која и ги кажував сите мои тајни,која знаеше работи за мене повеќе од моето семејство Денес бев на свадба (и ваши глави драги феминки )кај нејзиниот чичко..и двете бевме многу среќни оти мислевме дека ќе поминеме еден многу посебен ден заедно..но на крај изгледа дека само јас сум била таа што била среќна Отидов во ресторанот,требаше да се сликаме со зетот и невестата и јас секако отидов да ја гушнам мојата другарка..но таа мене ни муабет не ми направи едноставно ме погледна се заврте и замина Се почувствував повредена ..но си реков дека можеби некој ја има викнато..потоа дојде и само ме поздрави и си замина..и на крај се фатив до неа за да играме и таа едноставно се пушти и замина..по 1 мин ја видов до нејзината брачеда..и се почувствував многу лошо.. И се запрашав-Вакви другарки ли бевме?Вака си ги кажувавме тајните?Вака ли се сакавме?Каде замина сето тоа,а,каде??Или можеби јас бев таа која те сметаше за сестра и другарка..јас бев таа која ги кажуваше тајните..а ти?Ти цело време ме лажеше..не кажа ниедна твоја тајна..Кога викаше дека ме сакаш како сестра..лажеше ли? Се чувствувам многу тажно,изневерено,осамено и несреќно..Сеуште неможам да поверувам дека девојчето кое го сметав за сестра ми заврте грб..зошто бидејќи нејзината брачеда беше на свадбата..бидејќи нејзините останати другарки беа таму..?? (Верувајте дека плачам додека го пишувам сето ова ..навистина се чувствуваммногу тажно..немаше на кого да му го кажам ова..па вие сте ми другарки сакав да го споделам со вас..да го кажам и да ми олесни на душата)
Аман од моите комплекси Абе кога ќе научам да се сакам самата себе? Не пријатно ми е и не можам да ги гледам луѓето во очи затоа што мислам дека сум грда. Кој и да ме убедува во спротивното јас така си мислам Да можам да излезам од мојата кожа па да си удрам еден ќотек. Ми се иде да се претепам самата себе. Или подобро да дојде некој и да ме претепа без причина