Месецов е дефинитивно најлуд месец,шокови јаки со времево мавнаа. Денеска сум подобар али претходниве денови бев хаос,се надевам дека деновиве ке бидам супер.Во 5 дена сум јаден дали 3 пати,едноставно вирусов цеди све.
Тој што изгубил некој, знае колку луѓето ги менува болката. После него, ниту јас не сум иста, ниту мајка ми... ниту брат ми. Секој од нас на различен начин и интензитет го прими и изрази тагувањето. Денеска, после 5 години и некој месец, ја гледам мајка ми, која е иначе шопинг адикт, кој ништо од тоа што ќе го купевме за сево ова време не го носеше.. Денеска... душава ми се исполнуваше кога ја гледав како се пресоблекува, та менува комбинации, та се пробува... Денеска го проба се она што го изнакупи последниве години, но никогаш не си дозволи од некои причини, да го носи на неа, останувајќи во истите парчиња цело време... во кои го поминуваше секојдневието со него. Ја набљудував од страна. Не сакав да и украдам ниту минута од времето во кое ужива како една жена. Па се скрив во бањата за да пуштам некоја солзичка од милина. Не знам колку ќе ја држи ова чувство, ама знам дека мене сонце од сите страни ме огреа.
Вчера повторно ми се потврди дека сто стапа по туѓ грб се ништо а еден на свој грб и те како боли. Како зборовите упатени кон трета личност се можеби сурови, но демек искрени и изговорени од устата без влакна на јазикот. Ама на своја кожа друго било. Лицево наеднаш е фрустрирано и љубоморно и се бараат правдини. Колку многу болеле тие зборови на свој грб. Ни првиов е толку лош ни вториов многу го заболе... ама двојниве стандарди.
Здраво луѓенца Ве читам кога најдам временце и интервјуто на Afroditaaa ме потсети на моето три неделно мачење пред скајп.Пред повеќе од 3години сакав да бидам бебиситерка во Германија.Си направив профил, си бирав семејства, праќав кратка порака и чекав одговор и оп тричлено семејтво ми пиша за на скајп за подобро да се запознаеме.Супер ја среќна нема до кај,и преку 2до3 дена си разговарав со таткото и еднаш со девојчето,а мајката не ја видов како суфлер беше на мажот и..Знаете шо значи сред лето топло јас прозори затворени на моите забрана за у соба нова маичка на мене и од стрес се правев мокра заникаде али ајде тоа и не е толку битно најинтересно беше на последниот разговор кога требаше да одбереме лет ми кажаа дека девојчето (9) не е сигирно дали ќе и се допаднам оти досега небила сама со непознат.ок ај јас непозната ама наредната бебиситерка пак непозната (а кажаа немаат кој да ја чува)и нема логика али ете јас пробав,а можеби и подобро шо неотидов (сама се тешам)Бог знае. Имајте убав викенд и уживајте во првите сончеви зраци,јас имам темни облаци ќе си го поносам зимното ми палто.
Чудни се ова луѓево ниту еден не знае што сака. Или пак едниот знае ама го сака тоа што го има другиот или пак тоа што другиот не го сака. Страшно.
Додека ова го пишувам, надвор владее сонце. Размислувајќи за него, истовремено размислувам за себеси. Се учам да се проширувам со него, да го гледам светот со него и да го поимам онака како што тој го прифаќа. Тогаш меѓу љубовта и судбината, постои знак на еднаквост. Мојата љубов жари посилно од било кога, а мојот трепет станува силна потреба за него. Сега мојот живот има боја, која беше избледена, а мојата судбина- нов облик. Нова смисла. Тоа е за вчера, а од денес, чекам нова манифестација, нова експанзија. Нова смисла. За мене, нека е животот повеќесмислен. Мојот живот е синкретизам Абракадабра.
Повејќе се радувам кога на некого ќе успеам да му го направам денот поубав.СДК колку е убаво чувството да се радувам на туѓа радост.
Овој пост ќе биде мое ,,празнење''... Денес за прв пат станав свесна зошто сите на мои години и они со +/- 5 години бегаат. Да,денес! На дечко ми прва братучедка, со маж и прекрасно дете од три години и они ќе летаат... Искрено после денес и јас би! Уствари ајде не мора, еве останувам и овде ќе работам. НО, КАДЕ? Еве прифаќам не ми е воопшто важна платата, ќе одам, согласна сум уште утре да почнам...НО, КАДЕ? Во меил во испратени пораки преку седумдесет испратени пораки со мојата биографија исто толку и мотивирачки писма...Да да, драги мои точно седумдесет на број, ни едно помалку, а ни повеќе. Интервјуа и тестови не знам точна бројка...па не би сакала да лажам. Потекнувам од скромно и ЧЕСНО семесјтво. Немам врски, немаме пари за мито, немам ниту партиска книшка, имам само знаење во глава кое верувајте ми со нетрпение чекам да го преточам во пракса. Имам волја и елан за работа. А, и да имавме пари за мито ќе си ги вложев во мастер, барем титула ќе имав. Но, не се откажувам драги мои! И со солзи во очите ви пишувам дека продолжувам понатаму, како да праќам прво цв, како да одам на прв тест, како да одам на прво интервју...Тешко е, но не мислам да се откажам. И покрај сонцето, овој ќе биде тежок викенд за мене.
Има едно девојче, и ја има најубавата насмевка. Одамна некој ми се нема насмевнато толку искрено, толку убаво, без ронка несигурност, страв или презир. Таа секогаш се смее кога вели „Здраво”. Секогаш се прашувам како не ѝ здодеа при секоја средба со некого да се насмевнува толку убаво? Не се ни сеќавам кога го стекнавме тоа наше „Здраво”, зашто никогаш немаме вистински разговарано, за било што. Но, зарем е важно? Навистина би сакала да знам како изгледа еден разговор со таква личност. Ако почнам и јас да се смеам толку често, веројатно ќе создадам прилика за да зборувам со неа. Којзнае, можеби по неколку години ќе правиме убави работи заедно ние две. А, можеби и не. Доколку е второто - ќе ја паметам по девојчето со убава насмевка.
Кога немаш храброст да направиш некој чекор во животот, најлесно е вината да ја префрлиш на друг. Она.. "Што се јас сум доживеал/ поминал"... никако не смее да ни биде алиби за... "Што се јас сум во состојба да направам(или не направам)". Одговорен човек си ја презема вината за своите постапки. Мудар човек учи од туѓите грешки, а оној другиот за жал ни од своите.
Вруток. (на пат за Маврово, или на враќање) Ресторан Панорама, каде приквечерината е најубава на свет. Или Бурими, на самите извори.